- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.187
- Поени од реакции
- 10.204
За јазиков апсолутно. Баш поради јазикот ги засакав и јас постарите филмови. За бојата не знам, може подоцна е колориран, пошто и It's a Wonderful Life е црнобел, али некни си го симнав колор.Го гледав и јас пред малку, и не ми се допадна толку многу. Не знам, некако ко експериментален филм кој се изгубил некаде на пола пат ми делуваше. Сигурно уживањето во кино е поголемо, не спорам, плус јас и со малиов дома, не можев баш да се сконцентрирам, едно дваесетина пати го паузирав. И мене ми наликуваше на француските, па и воопшто европските филмови од тоа време, па и подоцна, до осумдесетите. Сакал режисерот да постигне некој сличен ефект. Плус и несекојдневната тема која ја прикажува, модерна тема која отвара многу прашања. Сцената на нивата со компирите беше впечатлива, се согласувам. Плус и има многу симболика во филмов - уште една од работите кои ми се допаднаа. Македонскиот јазик кој го зборуваат актериве не-Македонци - почист од јазикот на било кој од нас на форумов денес. Тоа е една работа заради која ги обожувам старите македонски филмови, особено Мирно лето. Но, некако сѐ ми беше премногу неубедливо во филмов. Премногу се трудеше, а не успеа да го достигне и прикаже тоа кон кое се стремеше. Некако ми делуваше ко евтин обид да стане некаква врвна уметност. Плус, не го спорам фактот дека Тома Прошев значи многу за македонската музика, но музиката во филмов ми беше толку еднолична и дефокусирачка, што баш заради неа сакав неколкупати да го прекинам. Ко да беше рандом избрана од купче исто така случајно одбрани класични дела. И ко да не припаѓаше во универзумот на овој филм, туку ко од некој трилер / хорор да беше позајмена - цело време очекував да се случи нешто страшно. Не знам, мене филмов не ми беше воопшто за WOW. Само просечна драма со некои добри елементи, но во поглед на приказната - здодевна и изгубена некаде.[DOUBLEPOST=1480364110][/DOUBLEPOST]А, да, и заборавив - на сајтот на Кинотека го пишува како црно-бел филм, постерите - и двата кои ги има се црно-бели, а ова што јас го гледав беше во боја. Може некој да ми каже што е работата?
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
П.С. Тој јазик и мелодичен изговор е одамна изгубен, не само на форумов туку и низ цела Македонија за жал.
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)