Уште ли некој што нема ресивер со поција за снимањеБидејќи сеа ке го дадат До Балчак на МТВ, а неможам да го гледам поради х причини... бидејќи излегува на ТВ, после лесно ке може да се најде онлајн или не???
Бидејќи сеа ке го дадат До Балчак на МТВ, а неможам да го гледам поради х причини... бидејќи излегува на ТВ, после лесно ке може да се најде онлајн или не???
Македонски филмови и лесно наоѓање на нет, не одат баш заедно.
Јас веќе го ставив да се снима, ама како после тоа ќе го префрлам од ресивер на компјутер, не знам. Ако не помогнете, нема да го добиете.Уште ли некој што нема ресивер со поција за снимање. Значи дефинитвно некој ќе го сними и ќе се постави можеби на youtube ама за на tracker сигурно
![]()
Во До Балчак Дениз Абдула глуми комита, па? Just saying...Од старт имам аверзија кон Златна петорка во која Перо Арсовски глуми Македонец, а гледам таму нешто Југославија
Не одат некои работи, мислам од друга страна не треба вакви граници/предрасуди ко моиве да се ставаат што се однесува на уметноста, ама едноставно во случајов не можам.
Само шо едниов ќе да е кодош од тоа време за кој постојат и некакви (докази и материјали) дека го кодошел Шишков. Да не навлегуваме подетално во политика оти ќе и ебиме матер на темаваВо До Балчак Дениз Абдула глуми комита, па? Just saying...![]()
Јас. Ако можеш прати ми ги во порака.[DOUBLEPOST=1473539494][/DOUBLEPOST]Не ми текнува кој од тука собираше постери од македонските филмови? Ги сликнав од изложбата во Кинотека - „Време, живот“ , „Светло сиво“ и „Самоуништување“, а за нив или немаше, или беа со слаб квалитет. Ако ги сака некој сликите, нека пише. На LB го сменив постерот за „Ослободување на Скопје“, ќе ги сменам и останатите деновиве.
Јас. Ако можеш прати ми ги во порака.Не ми текнува кој од тука собираше постери од македонските филмови? Ги сликнав од изложбата во Кинотека - „Време, живот“ , „Светло сиво“ и „Самоуништување“, а за нив или немаше, или беа со слаб квалитет. Ако ги сака некој сликите, нека пише. На LB го сменив постерот за „Ослободување на Скопје“, ќе ги сменам и останатите деновиве.
Се забораил нешто аплоудерот ваљда.Го ставија До балчак на trackermk.com ама никако да почне да се симнуваЧекам, чекам, чекам... ништо до сега.
Ова за скопскиот жаргон од 2016 во 1943 мене максимално ми сметаше во Лазар (една од многуте работи кои ми сметаа, до душа): дејството комплетно сместено во Штип, а сите актери цепаат тежок скопски дијалект и акцентот им е ептен скопски. Барем да се потруделе да зборуваат и изговараат што политературно. А не зборувам за главниот актер кај кого апла се гледаше дека му ги крателе репликите за што помалку да говори, оти изговорот му беше со прекини по секој збор. И за него од километри се познаваше дека не е Македонец. Да, и со Трето полувреме го имав истиот проблем.Го гледав синоќа Ослободување на Скопје на Манаки. Искрено, уште не сум сигурен што гледав. Синоќа напишав кратка рецензија на LB дека има некоја празнина во филмот што не знам што недостасува во неа. Ако има нешто што ете би ми сметало во истиот, би рекол дека е тоа што многу се приметува дека е базиран на театарска претстава, мислам дека тоа е најголемиот проблем. Глумата е навистина солидна, Силвија Стојановска изглуми навистина добро, можеби и најдобро од целата екипа. Исто ми се допадна и Луција Шербеџија за која дури откако се појави на сцената приметив дека не била Македонка, и дека всушност е ќерката на Раде, тотално непрепознатлива во филмот. Финскиот глумец, сталожен, без емоции, квалитетна глума. И целава приказна низ очите на Зоран, децата и не ми беа баш најсилна алка во филмот, освен тоа што фаците навистина му беа погодени за тоа време. Скопскиот жаргон, и фрази што се употребуваат во 2016 присутни и во 1943, не знам нека ме поправи некој дали ова навистина било вака или премногу мене ми смета како што ми сметаше и во Трето полувреме.
Би рекол дека е за нијанса послаб од Трето полувреме, и скало погоре од До балчак.
Се гледа дека Раде сакал само да си го исполни сонот, според мене ова и не е најдобра приказна која би била преточена во филм.