Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.169
Поени од реакции
10.136
Дури и твојот коментар е преблаг: која одлична фотографија, имаше на моменти таков блур што се осеќав ко да носам диоптер. И фокусот на камерата беше постојано изместен. Имаше на моменти добри кадри од градот, нешто што ме потсети на Милчо, ама остатокот беше далеку од добра камера.
Хаха што знам, може ради лошото платно во Милениум. Минус и минус се плус, па лошо платно и лоша фотографија да стануваат одлична фотографија. :D
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
423
Поени од реакции
2.234
Ај, да се надоврзам и јас на критиките, го гледав „Кајмак“ на премиерата во Филхармонија.

Прв минус, претерани крупни кадри, ми се чини дека цел филм е снимен така, што дефинитивно влијаеше на неговото визуелно восприемање (доживување).

Втор минус, лоша глума на барем половина од актерската екипа. Сара Климовска дефинитивно блескаше како глумица (игра девојка со попреченост), другите актери не ѝ беа ни до пола во квалитет; посебно ме разочара Камка, ликот што го играше воопшто не ме придоби (не ме натера да помислам дека е реален).

Трет минус, извештачени дијалози, реченици кои никој од нас никогаш не би ги изговорил (и не знам зошто некој би помислил дека би фукционирале во сценарио, а уште помалку на филм).

Четврт минус, дупки и нелогичности во сценариото (во една сцена една од главните актерки има кратка коса, неколку дена подоцна има долга коса, или по истрелот со пиштол типот во станот воопшто не се потрудува да види што се случува надвор, иако тоа се случува буквално под негов прозорец – мислам, дај не заебавај).

Петти минус – лош, евтин хумор и претерана голотија (веројатно се одело на тоа голотијата да ги прикрие другите дупки и пропусти во филмот).

Читав една рецензија за филмов и дефинитивно се согласувам кога авторот на рецензијата го нарече „Кајмак“ – „Самоуништување 2.0“. Оти во трешот се тука некаде.

Толку од мене на оваа тема.
Лека ноќ. :)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас уште не го гледав, не ми се оди во кино за Кајмак, ама баш вчера читав на ФБ негативна критика за филмот во која се велеше дека Милчо презел идеи од странски филмови (го имало пердувот од Форест Гамп, на пример).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.024
Поени од реакции
37.380
посебно ме разочара Камка, ликот што го играше воопшто не ме придоби
Камка ја глумеше Камка. Воопшто не ни очекував нешто повеќе од неа. Мене освен Сара ми се допадна Симона Спировска - пристојно си одглуми девојчето, особено во сцените пред да дојде (ј)Ана во нивните животи. Ама еден филм не го прават само една улога или една глума. Ова беше тотална калакурница, што рече @Anon - колку само да се земе пари и филм да се направи. Милчо ко да сака да каже милион работи истовремено, се расплинува во недоглед и на крај не кажува ништо. Сфатив дека тука е градот, тука е времето во кое живееме, тука беше и пандемијата, и поделеноста во општеството со длабоките јазови меѓу буквално соседи кои живеат во него, тука беше и мајчинството (една од неговите омилени теми), и љубовта, судбината или што и да симболизираше пердувот кој си го подаваа (ама колку само знаев дека ќе се случи таков крај! Тотално предвидлив), тука е и недостигот на емпатија кај народот во дигиталната ера во која живееме во која се чини срцата ни се заробени во екраните (на Камка не и беше добро, тие место да и помогнат, ја снимаат, на крајот убиство се случува, двете девојки што „искачаат“ си прават селфи пред куќата на убиениот)... И уште еден милион работи што Милчо ги начнува, ама не кажува ништо со нив. На крај испаѓа ко оној вицот:

Влегува тип во аптека и ја прашува продавачката:
-Имате ли бурек?
-Не, ама имаме тетратка со коцки.
-Нема врска, со точакот сум.

Е, баш вака ^^, тотално бесмислено. Смешно е од што е бесмислено.

Друго: камерата навистина беше екстремно лоша. Не само гро-плановите, цело време беше вон фокус и со заматени кадри во кои не се распознава ништо, имаше периоди од по десетина и повеќе секунди каде буквално не се гледаше што има на екран. Е, до таа мера! Кастингот стварно многу утнат за некои ликови. Пр. (ј)Ана глумеше жена која била долго време во брак, веројатно патела многу и останала (веројатно) вдовица. Ма немој? Тотално не ме убеди. Ана може да глуми курва, на пример, или травестит, или не знам, нешто урбано, а не некоја ваква напатена душичка каква што требаше да биде нејзиниот лик. Не се вклопи во светот на Микиќ и Симона. Трето: ова не беше комедија. Се насмеав повеќе пати на глупостите на режисерот отколку на што и да се случуваше во филмот. Сосема несмешно. И последно - приказната беше out of this world, тотално! Немам ни нерви да објаснувам колку се беше лошо поставено, колку сценариото немаше стожер кој ќе го држи, колку репликите беа нереални и површни... Милчо, земи брат напрај порнич ако сакаш да им ги видиш гениталиите и цицките на Камка и (Ј)Ана, и не ја тупи веќе со вакви квази-филмови.

И за крај: кој кур беше кајмакот поврзан со цела оваа калакурница па за да го носи тоа име? :toe:

Само 3/10 од мене за оваа глупост. И тоа само дека сум попустлив кон македонските филмови па им давам повисоки оценки од што заслужуваат. Ова е еден од најлошите македонски филмови на сите времиња. На рангот на оној, на Митриќески мислам беше, кај што најдоа гомна од диносаурус во Охридско или Преспанско езеро, не се сеќавам, мислам Деца на сонцето беше. КАТАСТРОФА!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.169
Поени од реакции
10.136
Што кажа? Го пуштив али многу ми е монотон гласот и ме смара да го слушам.

инаку не грешете душа, Самоуништување може е слаб филм, али за Кајмак е Оскаровец со реплики што и денес се користат. Знам на заебанција да речам, ќе ти купам тоа и тоа да се осеќаш ко кинеска краљица, а од Кајмак што ќе употребиш ко реплика?!

Кур да не видиш, сакаш кајмаче, давај Кајмакот…

групно да седневме 15 души од форум да пишуваме по една реченица еден по друг (како она играта со надоврзување кажуваш еден збор, па друг продолжува со твојот и кажува нов) бољи дијалог и сценарио ќе смислевме од кајмаков.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.024
Поени од реакции
37.380
Срце му имаше ставено на Летер. :D

какви филмовите, таква и критиката. Срање.
Не знам, да не грешам душа, некако македонскава критика го испофали, можеби сепак до нас е, може ние сме тотални аматери па не знаеме да ја препознаеме убавината или прекомплексен е за нас... Или не?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.169
Поени од реакции
10.136
Не знам, да не грешам душа, некако македонскава критика го испофали, можеби сепак до нас е, може ние сме тотални аматери па не знаеме да ја препознаеме убавината или прекомплексен е за нас... Или не?
Не мислам дека е до нас туку до тоа што македонскава критика се продава за гратис карта за “холивудска премиера” пошто знаат дека ако напишат лош збор нема да бидат викнати на следната премиера пошто Милчо не сака и не прифаќа лош збор за негов филм.
Плус неукост и барање квалитет и симболизам во нешто што го нема и плус македонскиот синдром на ‘ако двајца претходно го пофалиле, кој сум јас да го кудам’…

Холивуд Рипортер ја има најквалитетната рецензија кај што еден убав збор немаше. “Нема да отиде подалеку од Токио и дека е минорно дело од режисер што некогаш создал маестрален филм”.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.474
Поени од реакции
3.633
Врба беше сосема ОК филм. Не си го гледал ова, затоа така зборуваш.
Врба беше тешко срање со тапа дијалози, полу испечен филм, без поента, направен ради реда. За овој се знаеше дека ќе биде бетер, нема потреба ни да го гледам :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom