Не се тие виновни што секоја гала е полоша и полоша, туку оние од организацијата што насекаде ги влечкараат, за рок од 7 дена ги протегнаа до Берово, Струмица, Тетово, Штип, башка што секој ден ги носат некаде низ Скопје. Наместо да ги затворат да вежбаат - одлучиле пари да прават на нив. Потоа немало и да се разболуваат и да бидат лоши од гала во гала. Доволно е што чув дека во Берово биле , колку е само остар воздухот таму и летно време сече а не пак на пролет. Патот до таму - катастрофа, кривини ... Тоа е премногу и за човек без обврски а не пак за нив. Јас не ги напаѓам нив, туку тие што организираат, којзнае колку пари земале од Штип кај што ги однесоа во кафичот (незнам како се вика).
Игор е најголемиот сељак, значи многу сум го почитувала како човек, како еден од ретките таленти кај нас, ама човекот не само што го допре дното, многу изгуби во очите на публиката, лично и за мене си кажувам, ми остави слика на педофил, манијак, егоцентрик, само јас јас јас и ништо друго. Јас овде сум бил, јас пред толку и толку време ова - она, јас овој од таму го познавам бла бла бла... Ништо конструктивно не кажа, во однос на пеењето, само знае да јаде трици кога приватно ќе се изглупираат. Да беше малку по речовит Виктор, убаво ќе му покажеше каде му е местото, а за теоријата за Колумбо и Америка ич да не зборам, како прво тој нити е Колумбо нити Виктор е домородец. Нити пак Игор, Тони и Калиопи го откриле, зашто не го пријавиле они на Идол, туку сам се пријавил, зашто он пее не пеат они за него, крај краева, они земаат пари за да ги одберат и откријат, така да во тој случај немаат никакво право да јадат гомна и да омаловажуваат некој. Доволно се и самите кандидати под притисок.