Македонски Идол

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Баражот беше на 3тиот мал концерт, кога Виктор, Нико и Билјана влегоа во големите концерти преку вајлд карти од жирито.


Сериозен си? Ти што мислиш бе, дека на пејач од 20 години фанови треба да му бидат мажи и жени од 40 години??? Па нормално дека на почетокоток на кариерата на секој пејач фанови му се најмалите деца, кои најверојатно ќе останат со него до крај на неговата кариера (ако вреди пејачот, секако).
Земи го за пример Тоше Проески. Он кога почна со кариерата (исто ја почна многу млад), што мислиш, кои му беа фанови на почетокот? Потоа, како што растеше - растеа и неговите фанови, па на тие фанови се приклучуваа и нови 12-13 годишни девојчиња, за после 6-7 години Тоше да има прилично добра поддршка од публиката, бидејќи на неговите последни концерти имаше луѓе о 12-13, па до 27-28 години.
Веруј ми, тие дечиња што врискаат по него не се најголемата казна, туку баш спротивното - најголемиот дар што можеш да го добиеш како пејач. Бидејќи ти може да имаш миљон песни и исто толку спотови на телевизија, ама ако немаш фанови што те следат - џабе ти е. Овдека зборувам за многуте квази пејачи и пејачки што ги има кај нас.
Секако, имаше и големи хејтери спрема Тоше. И сега ги има за идоливе. Тоа е, таков ни е менталитетот. Се' мора да хејтаме.
Знам дека на 20 годишен не можат да му бидат фанови некои од 40 години тоа не и нормално ,али и ова не ми е како што треба,премногу млади фанови ,кои единствено го сакаат бидејќи им е најубав, а не поради неговите квалитети (кои ги има),тоа се нестабилна публика која денес ја имаш, а утре веќе ќе вриштат по друг ,а и од нив не можеш да добиеш никаков фидбек бидејќи имаат секташки одлики ,се што направиш ќе го оценат како најдобро, така да пејачот го губи чувството дали во вистински правец се движи во музиката и кариерата .Тоше уште со првите албуми го слушаа и многу повозрасни ,може не му идеа на концерт, но неговите песни ги знаеа луѓе од сите возрасти :toe:
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Иначе, знаете ли вие уствари дека Анита Мицова има направено неколку нејзини песни досега? За едната дури има и спот, и можам да кажам дека и песната и спотот се СТВАРНО добри. Не знам зошто пред идолов ја немам сретнато на телевизија девојкава...


Исто така, еве го интервјуто од средата со Билјана. Јас денес дознав дека уствари девојкава 15 години од својот живот ги поминала во Св. Николе, што технички не ја прави којзнае колку голема Скопјанка, каква што се правеше. На првото видео има интересна дискусија околу ова прашање, во стил као свети николчани се разочарани од нејзиното однесување и воопшто не ја поддржувале бидејќи ниеднаш не спомна дека е од таму.

Macedonian Idol - Билјана Ѓошева интервју 1/2
Macedonian Idol - Билјана Ѓошева интервју 2/2
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Смешки си. Ако не знаеше кој колку гласа добил немораше да го билдаш постот толку, ќе те разберев оти не знаеш затоа што ни Јана не знае.
Не знам дали Дејан има пари, те прашав дали си сретнала некој негов фан. Јас не. Дури и на најголемиот македонски форум за дискусии Дејан скоро и да нема фанови.
Тогаш кој го гласа?
Jас сум фан негов.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Jас сум фан негов.

Не ти кажале изгледа дека не си смешна?
Тебе сите фаворити ти се а спремна си да тераш инает повеќе од магаре на мост. Немам намера вечно да се натегам со тебе. Сите гледаме и ни е јасно кој колку фанови има.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.697
Како прво, многу го развлекоа идолов, мислам дека најдобро ќе беше штом останаа 5мина, со нив да се направи едно огрмоно финале, пр. у Метропилис, Универзална (публика ќе има за таму сигурно), и во таа вечер да останат двајца кои би пееле дополнителна песна.

А и вака, отпаѓаа секоја вечер по еден, и одеднаш отпаднаа двајца, и после пак по еден... и која логика е ова !? Требаше бар да кажеа пред галата дека ќе отпаѓаат двајца.

Не гледав вчера, ги глеав само настапите на Мики и Иван сега на јутјуб и Виктор со Numb. Мики катастрофално ја испеа Smels like teen spirit, и баш тоа чекав, една песна да заебе и да се јават хејтеришта кои ќутеле до сега, збор не рекле за ништо, и сега едвај дочекаа овој да згреши и да исхејтаат... тоа покажува колку сме „мали“... Повеќе се збори како тоа Мики ја утнал smels like teen spirit од тоа што Виктор крекаше на Numb, ја уништи песната. Не велам дека дечкото не се залага, значи го дава максимумот себе, браво за тоа, али неговиот вокален максимум е пола од на Влатко Илиевски.

За Дејан ми кажуваа пред неколку недели дека има јака финансиска подршка, не верував, али по се изгледа е така. Дечкото нема лош глас, само незнам, мене многу ме потсеќа на Ламбе со „стилот.“ :)

Можеше и Јана да се провлече за сметка на Виктор, колку да не бидат само машки, али ај.... Сепак очекувам еден од Мики или Иван да победи, друго се би било незаслужено.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Повеќе се збори како тоа Мики ја утнал smels like teen spirit од тоа што Виктор крекаше на Numb, ја уништи песната. Не велам дека дечкото не се залага, значи го дава максимумот себе, браво за тоа, али неговиот вокален максимум е пола од на Влатко Илиевски
ау ама го претера:tapp:
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Значи Дејан не е од толку многу богата фамилија, ама цел град гласа за него, и моите по дома гласаат. :) Плус работеше како келнер во Ескејп пред да отиде на Македонски Идол, на Понеделник во Ескејп се гледа Македонски Идол и сите се со телефоните во рака, вчера бев таму и таква беше ситуацијата. :)
 
F

FuckYouAll

Гостин
Се разочарав, сакав Јана да победит од женските ама ништо.
Сеа Мили или Иван, само Виктор не.:nesum:
 

Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Смешки си. Ако не знаеше кој колку гласа добил немораше да го билдаш постот толку, ќе те разберев оти не знаеш затоа што ни Јана не знае.
Не знам дали Дејан има пари, те прашав дали си сретнала некој негов фан. Јас не. Дури и на најголемиот македонски форум за дискусии Дејан скоро и да нема фанови.
Тогаш кој го гласа?
Многу луѓе кои го ценат и не се палат како млади мајмуни со тоа дека гласале. Или, уствари, тие што го ценат, (знам многумина) не чуствуваат потреба да искажат колку го лајкуваат Дејан на Форум, портал, блог, фејсбук чат, твитер, митер и сл.

За разлика од “многуте фанови“ на „тие другите“ кои се расфрлани насекаде низ интернетов и кои „попрво би умреле“ него некој сељак од безводието таму да испадне од Идол.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.030
Поени од реакции
2.045
Конечно еден лош настап на Мики, ама кај мене му е оправдано. На сите гали до сега човекот даваше 120% од себе, секоја песна ја испеа феноменално и ова беше цената што мораше да ја плати. Среќа што на време покажа што знае и имаше кредит кај фановите кој вчера си го искористи, се надевам дека веќе нема да има вакви грешки.
Иван според мене е подобар отколку на првите гали, стварно ме изненадува и се надевам и мислам дека тој и Мики ќе се борат до крај.
Дејан ми е онака, нема толку лош глас, нема ни толку добар, мислам дека си го достигна максимумот.
Виктор е едно препотентно копиле кое што не можам да го смислам веќе, се надевам дека веќе во понеделник за последен пат ќе го видам во оваа конкуренција. Не само што Мики и Иван имаат мнооогу подобри гласови од него и поубаво пеат, туку и милион пати се поголеми луѓе од него. Доста му беше. Време е најдобрите двајца да останат во конкуренција, другиве двајца да си одат. Виктор е еден од вториве.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не ти кажале изгледа дека не си смешна?
Тебе сите фаворити ти се а спремна си да тераш инает повеќе од магаре на мост. Немам намера вечно да се натегам со тебе. Сите гледаме и ни е јасно кој колку фанови има.
Значи Дејан не е од толку многу богата фамилија, ама цел град гласа за него, и моите по дома гласаат. :) Плус работеше како келнер во Ескејп пред да отиде на Македонски Идол, на Понеделник во Ескејп се гледа Македонски Идол и сите се со телефоните во рака, вчера бев таму и таква беше ситуацијата. :)
Реков дека веќе нема да се замарам со тебе, ама не можам да издржам.
Али ти ветувам, од сега натаму те игнорирам.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Многу луѓе кои го ценат и не се палат како млади мајмуни со тоа дека гласале. Или, уствари, тие што го ценат, (знам многумина) не чуствуваат потреба да искажат колку го лајкуваат Дејан на Форум, портал, блог, фејсбук чат, твитер, митер и сл.

За разлика од “многуте фанови“ на „тие другите“ кои се расфрлани насекаде низ интернетов и кои „попрво би умреле“ него некој сељак од безводието таму да испадне од Идол.
Ќе се најдеа барем 10 да кажат дека им е фаворит. Ќе се најдеа и негови фанови повеќе од oние 15-20 карти. Но тоа го нема. Не станува збор само за интернетот туку и надвор од него.
 
M

Moon Child

Гостин
Не се тие виновни што секоја гала е полоша и полоша, туку оние од организацијата што насекаде ги влечкараат, за рок од 7 дена ги протегнаа до Берово, Струмица, Тетово, Штип, башка што секој ден ги носат некаде низ Скопје. Наместо да ги затворат да вежбаат - одлучиле пари да прават на нив. Потоа немало и да се разболуваат и да бидат лоши од гала во гала. Доволно е што чув дека во Берово биле , колку е само остар воздухот таму и летно време сече а не пак на пролет. Патот до таму - катастрофа, кривини ... Тоа е премногу и за човек без обврски а не пак за нив. Јас не ги напаѓам нив, туку тие што организираат, којзнае колку пари земале од Штип кај што ги однесоа во кафичот (незнам како се вика).

Игор е најголемиот сељак, значи многу сум го почитувала како човек, како еден од ретките таленти кај нас, ама човекот не само што го допре дното, многу изгуби во очите на публиката, лично и за мене си кажувам, ми остави слика на педофил, манијак, егоцентрик, само јас јас јас и ништо друго. Јас овде сум бил, јас пред толку и толку време ова - она, јас овој од таму го познавам бла бла бла... Ништо конструктивно не кажа, во однос на пеењето, само знае да јаде трици кога приватно ќе се изглупираат. Да беше малку по речовит Виктор, убаво ќе му покажеше каде му е местото, а за теоријата за Колумбо и Америка ич да не зборам, како прво тој нити е Колумбо нити Виктор е домородец. Нити пак Игор, Тони и Калиопи го откриле, зашто не го пријавиле они на Идол, туку сам се пријавил, зашто он пее не пеат они за него, крај краева, они земаат пари за да ги одберат и откријат, така да во тој случај немаат никакво право да јадат гомна и да омаловажуваат некој. Доволно се и самите кандидати под притисок.
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Жити бога а зошто да плачеш? Глупости бреј за оној дигнатион кадабаја? ако Петре Прдличко велел “ Од Прилеп ни ќибрит не купувам“ јас би кажал во Битола ни на чаша вода не би седнал
Дигнатион шо ?? :icon_lol:
И дај бе да му ебам стопанката шо си толку искомплексиран ?? Ете ако дојш Битола јас сокче за растворање ќе ти напрам, не мора вода да пиеш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom