Македонски Железници

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали е подобрен железничкиот сообраќај во Р.М


  • Вкупно гласачи
    181
Член од
8 октомври 2009
Мислења
777
Поени од реакции
383
Откако ќе ги поскапат картите за воз за 50% нема ни да има потреба од нови локомотиви и вагони... Никој нема да се вози со нив...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како не им е срам да дадат ваква изјава неможам да поверувам. Со кои канти они пресметуваат пораст на трошоци :facepalm:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ги споив оваа тема со таа за поскапување. ;)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Според услугата која ја нудат ако може така да се нарече не вреди да се поскапува. Но во овој момент оправдување им се поскапувањето на горивото и поскапувањето на автобуските билети од страна на повеќето превозници.
Не знам дали ќе добијат позадина во таква изјава, освен од поскапувањата на ЈСП.Од приватните превозници чудно, баш е обратна ситуацијата.На пример, Галеб за студентите ги намали цените за повратни Ох- Ск - Ох од 750 на 420 денари од пред нова година http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=36727.Исто и сите локални линии ги намали за 50%.
Истовремено, првите резултати се дека за 40 - 60% се зголемени приходите во првите два месеци на најзагрозените линии(само сега дивине таксисти за Струга се поагресивни).Истото е и кај Транскоп, за студенти на повеќето линии поефтини се цените (и тие и Галеб со последните измени на возен ред од Министерство добија по уште една линија (Ох)-Бт- Ск, во исто време кога железничките патници на тој дел се намалени за ~ 8 %).
А овие идиоти од МЖ изработија обратно, особено проблем категоријата која најмногу се возеше со нив и најмногу поради цената.Како со ќеиф да чекаа да укинат некој воз, добро напиша некој поназад после ова нека ги укинат сите линии, секако ќе останат без (студенти) патници.
Малку чудно ова поскапување, засега само државните фирми за превоз (ЈСП, МЖ).
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Не знам дали ќе добијат позадина во таква изјава, освен од поскапувањата на ЈСП.Од приватните превозници чудно, баш е обратна ситуацијата.На пример, Галеб за студентите ги намали цените за повратни Ох- Ск - Ох од 750 на 420 денари од пред нова година http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=36727.Исто и сите локални линии ги намали за 50%.
Истовремено, првите резултати се дека за 40 - 60% се зголемени приходите во првите два месеци на најзагрозените линии(само сега дивине таксисти за Струга се поагресивни).Истото е и кај Транскоп, за студенти на повеќето линии поефтини се цените (и тие и Галеб со последните измени на возен ред од Министерство добија по уште една линија (Ох)-Бт- Ск, во исто време кога железничките патници на тој дел се намалени за ~ 8 %).
А овие идиоти од МЖ изработија обратно, особено проблем категоријата која најмногу се возеше со нив и најмногу поради цената.Како со ќеиф да чекаа да укинат некој воз, добро напиша некој поназад после ова нека ги укинат сите линии, секако ќе останат без (студенти) патници.
Малку чудно ова поскапување, засега само државните фирми за превоз (ЈСП, МЖ).
Браво за Галеб, за поздрав е. Симекс Кичево- Скопје од 350 на 450 повратна. Ако Галеб ја поефтиниле од Охрид би требало да е намалена и од Кичево, а ако е значи дека ќе земаат еден куп попатни патници.
 

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Абе мамицата у гз на МЖ што е со цениве ? Никаква услуга немаат цени на толкави. Возовите им каснат по 1 саат, кога ќе се качиш не знаеш дали ке издржи возот до станицата до кај што сакаш да одиш ( колку пати се расипувал воз на сред пат) Луѓе карта плаќаат а стојат нема доволно место за сите да седнат, за што плаќаат карта ? За зимно време у возот поладно да е од надвор ? Кога врнеше снег зимово 3cm снег во возот имаше од секој прозорец снег вееше во возот. Нека се поправат па после нека пљукаат цени, а не вака што амортизација имаат бе МЖ ? Гуми да им мењат на возовите кои се од 2 светска војна ? Ма немој да ме јебеш бре...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Декември 2011 МЖ 712-101/102
Уште еден ДМВ серија 712 (Шпанец 712-101/102) репариран во Велес.Моментално на Пелагонија Експрес.
Се е ок, само некако внатре тапацирот на седиштата е ретро, вакви седишта имаа Санос во почеток на 90-тите.Очигледно им останало во МЖ голема залиха :DМожеле и горниот дел да турат некој тапацир, вака ептен некако сиромашно делуват.

Жива вистина.Последно време немам патувано, ама знам дека не е нешто многу изменето.Замисли овие дена ќе ставале бесплатен интернет во Шпанците, а еден ПДФ документ не можат да го средат :pos:

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8C1DD1A26325B24A97101B0358D3FFC5
„МЖ-Транспорт“ планира да пушти бесплатна интернет-врска за патниците кои се возат во шпанските гарнитури на претпријатието.

- Во моментов сме во фаза на местење на дисплеј за информирање на патниците во возовите- шпанци. Ќе добиваат информации каде се движат, на која станица ќе пристигне возот и слично. Планираме околу 10 декември да го пуштиме првиот воз со таа опрема – вели Деркоски.
Април 2012, само 5 месеци каснење.МЖ 712-105/106, сликите се од тестирањето, сликано од вработен во МЖ...на линијата Скопје - Битола, најверојатно само на експресната.Планот им е сообраќајот Скопје - Битола да е само со Шпанци (годишна заштеда од гориво ~ 2.000.000 евра).Во фаза на ремонт е и уште еден Шпанец (МЖ 712-103/104) и заедно уште со постојните 2 гарнитури (712-107/108 и 712-109/110) освен Битола и Кочани најверојатно од Септември ќе возат и локални линии Прилеп - Битола - Прилеп и Велес - Штип - Велес.Планот им беше поради студенти/средношколци/работници и големата дневна фрекфенција да почнат уште од Декември со новиот возен ред (ПП-БТ-ПП веќе е впишана) ама им отиде оваа школска година, а и закаснија со планираните ремонти.
Инаку, овие се едни од последните купени превозни средства во железница (освен товарни вагони и возила за поправка на пругите), испорачани околу 1985 година.Инаку биле 19 гарнитури, специјално нарачани за Македонија (линиите до Кочани и Кичево).Дел ги повлекле во Белград после распадот на Југославија, а дел останати во Скопје исечени или ремонтирани.
ДМВ Серија 712 - Карактеристики:

- Погонски дизел мотори 2 x
Cummins NTA 855 R1 (
348 HP),
- Bкупно 696 HP,
- Cедишта 41 + 58 + 47 = 146,
- Максимална брзина 120 km/h,
- Должина 52.5 m.

Програмирање на станиците :)

Филм :)


Еве во каква состојба е 712-107/108 после кратко време од ремонтот (удари во стада крави и шпорети намерно поставени на пругата) ,а 712-101/102 после првиот ден во сообраќај добил 2 графити и искршени прозорци од каменување :tapp:

Следно за ремонт е еден РВР серија 412 (или Горбачов/електричка :D , поради производството во тогашен СССР, сегашна Латвија) за линиите кон Велес/Гевгелија/Куманово.И некој дел од Коридор Х, Куманово - Табановце и Велес - Неготино.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
НОВ ПАТНИЧКИ ВОЗ ПРИЛЕП-БИТОЛА-ПРИЛЕП !!!

Македонски Железници Транспорт АД - Скопје Ве известува дека од 01.04. 2012 год.
покрај постоечките редовни возни линии
воведува две нови локални линии на релацијата Прилеп - Битола - Прилеп.
Тргнувањето на возот бр.2041 од Прилеп е во 06:40 часот, во Галичани е во 06:47, во Бакарно Гумно е во 06:53 часот, Тројкрсти во 06:58, Новоселани во 07:02, Лознани во 07:06 часот, во Даме Груев е во 07:19 а во Битола пристигнува во 07:28 часот.
Од Битола возот бр.2042 поаѓа во 17:03 часот, во Даме Груев е во 17:18, во Лознани во 17:23 часот, Новоселани 17:26 часот, во Тројкрсти 17:30 часот, Бакарно Гумно во 17:35 часот, во Галичани е во 17:41 а во Прилеп пристигнува во 17:48 часот.
Возниот билет во еден правец чини 98.50 денари, додека цената на повратниот изнесува 158 денари.
Повратниот возен билет за еден месец изнесува 2.049, оо денари, а додека повратниот возен билет за ученици и студенти изнесува 1.734, оо денари.
Македонски железници им излегува во пресрет на своите корисници со воведувањето на дополнителни линии, поврзувајќи ги двата града за непречено функционирање во обврските.
Уживајте во нашите услуги!!!*

*Последнава реченица - само за авантуристи :pos:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Денеска Велешани не по прв пат покажаа колку се задоволни од возниот ред на МЖ.

Незадоволни патници ја блокираа пругата во Велес

Околу 150 незадоволни патници утрово блокираа пет воза на железничката станица во Велес незадоволни, од како што велат, понижувачкиот однос на железници кон нив.Тие се жалат дека во возовите во кои патуваат секојдневно немаат место ниту за стоење, а незадоволството кулминирало вчера кога три воза воопшто не тргнале од Скопје за Велес, поради што многу од нив кои работат во главниот град чекале со часови за да се вратат дома.​


Пет воза истовремено утринава стоеја на железничката станица во Велес. Ги запреа патниците кои секојдневно со нив патуваат на работа во Скопје. Меѓу нив имаше ученици и студенти. На ваков начин одлучија да го искажат револтот кон Македонски железници поради малкуте вагони и немањето место за седење во нив како и постојаното доцнење на возовите.

Протестот утринава на станицата во Велес започна кога дојде раниот утрински воз од Битола за Скопје. Иако во возот „Шпанец“ денеска имаше место, околу сто и педесетте патници, не влегоа во него. Тие застанаа на пругата пред возот и не му дозволија да тргне. Потоа ги запреа и празниот воз од Гевгелија, а по него и деловниот воз од Битола како и возот од Кочани за Скопје.

Патниците со месечните билети во рака рекоа дека повеќе нема да патуваат стоејќи или да се борат за воздух во претоварени вагони. Раскажаа како вчера попладне не можеле да се вратат во Велес бидејќи од станицата во Скопје не тргнал ниту еден од трите попладневни воза за кои тие имале месечни билети.

Наместо во 14.30, 15 и 15 како и 15 и 30 патниците чекале до 17.30 часот и тогаш сите се враќале во Велес. Денеска незадоволните патници побараа средба со министерот за транспорт и врски како и со првите луѓе на Македонски железници.

Убавка Јаневска
05.04.2012, 09:25
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- Возен парк на 6 април 1941 година ( Железници во Македонија - КСХС)
состојба само во Скопје - Ложионица
сосем исправни и во вункција
- 30 брзовозни локомотиви - серија 01(со голем број на вагони)
- 40 локомотиви серија - 26 ( за влечење-превоз на тежок товар)
- 20 брзи локомотиви за полесни возови
- 8 локомотиви маневарки
---------------------------------------------------------------------------------
+ Велес,Штип,Битола и т.н.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Денеска Велешани не по прв пат покажаа колку се задоволни од возниот ред на МЖ
A новинариве жива катастрофа се.150 патници не се качија во Шпанецот иако имаше место.Инаку капацитетот на Шпанецот е 146 седишта, а сигурно од Битола не дошол празен.И брзиот воз Бт-Ск е Пелагонија Експрес, а не Хераклеја :гомце:
Незадоволни патници ја блокираа пругата во Велес
Околу 150 незадоволни патници утрово блокираа пет воза на железничката станица во Велес незадоволни, од како што велат, понижувачкиот однос на железници кон нив.Тие се жалат дека во возовите во кои патуваат секојдневно немаат место ниту за стоење, а незадоволството кулминирало вчера кога три воза воопшто не тргнале од Скопје за Велес, поради што многу од нив кои работат во главниот град чекале со часови за да се вратат дома.




Велешани три часа ја блокираа железницата



Пет воза истовремено утринава стоеја на железничката станица во Велес. Ги запреа патниците кои секојдневно со нив патуваат на работа во Скопје. Меѓу нив имаше ученици и студенти. На ваков начин одлучија да го искажат револтот кон Македонски железници поради малкуте вагони и немањето место за седење во нив како и постојаното доцнење на возовите..Протестот утринава на станицата во Велес започна кога дојде раниот утрински воз од Битола за Скопје. Иако во возот „Шпанец“ денеска имаше место, околу сто и педесетте патници, не влегоа во него. Тие застанаа на пругата пред возот и не му дозволија да тргне. Потоа ги запреа и празниот воз од Гевгелија, а по него и деловниот воз од Битола како и возот од Кочани за Скопје.


Ппатниците со месечните билети во рака рекоа дека повеќе нема да патуваат стоејќи или да се борат за воздух во претоварени вагони. Раскажаа како вчера попладне не можеле да се вратат во Велес бидејќи од станицата во Скопје не тргнал ниту еден од трите попладневни воза за кои тие имале месечни билети.


*Наместо во 14.30, 15 и 15 како и 15 и 30 патниците чекале до 17.30 часот и тогаш сите се враќале во Велес. Денеска незадоволните патници побараа средба со министерот за транспорт и врски како и со првите луѓе на Македонски железници.




Убавка Јаневска




05.04.2012, 09:25

Три и пол часа траеше блокадата на железничкиот патнички сообраќај во земјава , откако на железничката станица во Велес незадоволните патници ги сопреа возовите.Шест воза со повеќе од илјада патници ја чекаа разврската, по барањата на велешките патници упатени до раководството на железницата. Повеќе стотина патници беареволтирани од услугите кои ЈП Македонски Железници – Транспорт им ги нуди и затоа се решиле на ваков чекор, го сопреа сообраќајот од 5,30 до 9 часот.
Од понеделникот наутро од Битола во 5,40 наместо воз со локомотива и повеќе патнички вагони сообраќа т.н. шпанец. Тој доаѓа полн и за нас патниците од Велес нема место.Да не говорам како е потоа и на станиците Зелениково, Јане Сандански, Драчево. Нема услови, место ни да стоиш, ниту да дишеш а железничарите бараат да се собереме истигнеме до Скопје.
Ја покачија железничката карта за 50 отсто, но не понудија подобри услови. Затоа бараме да се врати патничкиот воз а не со моторен да патуваме до Скопје – велатреволтираните патници. Една од патничките ја покажа и нејзината месечна карта, која иако ја употребува три дена, уште не е поништена. Објаснува дека така бидејќиимало толку гужва и патници во возовите, што кондуктерите не можеле да ги поништат билетите. Тие се пожалија и дека во текот на вчерашниот ден, во попладневнитечасови сообраќајот бил во прекин два часа. Толку време доцнеле во тргнување возовите кон Битола и Кочани од железничката станица Скопје. Утрово на железничката станица во Велес беа возовите од Скопје кон Битола и Гевгелија, и од Гевгелија, Битола, Кочани и експресот Хераклеја :facepalm: , немаше простор каде да се постават па мораше наеден колосоек да има и по три композиции. Претставниците на МЖ кои беа на железничката станица во Велес ги советуваа патниците да се качат во возот, бидејќи ти немале обврска да им понудат место за седење, туку доволно е што обезбедувале превоз, па макар и на една нога.
Блокадата беше завршена во девет часот, откако раководството на МЖ им понуди средба со делегација од патниците, која ќе ги пренесе нивните барања а ќе се реализираво текот на утрешниот ден. Ова е трет ден по ред како во утринските часови се случува блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес. (П.П.)

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BB10A9FD09B0FE4CA70510A578DDD47D
 
В

влијателен

Гостин
Слушнав дека и утре ќе протестираат во Велес. Дали знаете нешто повеќе?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom