Македонски Железници

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали е подобрен железничкиот сообраќај во Р.М


  • Вкупно гласачи
    181
L

.Lost Angel.

Гостин
Од следната недела железничкиот патнички превоз поскапува за 50%. Патниците се жалат на поскапувањето, велат не било момент баш сега да ги качат цените, но од друга страна свесни се дека цените не се сменети со години.
Првиот човек на Македонски Железници – Транспорт поскапувањето, прво од 95-та, го оправдува со значително покачените цени на нафтата и струјата изминатите години.
Најавува модернизaцијата на железницата со нови возови за кои тендерот терба да биде објавен до крајот на годината.
Поскапувањето не важи за товарниот превоз за кој големите извозни компании велат дека и сега е прескап и неконкурентен.
Директорот Дерковски тврди дека цените се на ниво со регионалните, но дека ќе паднат кога ќе поевтинат таксите и ќе престанат штрајковите во грчката железница, заради кои МЖ Транспорт губи по 10 милиони евра годишно.
-Во моментот кога се нормализира ситуацијата во железничкиот превоз и ќе добиеме европска цена за пристап на пругата, околу 3 евра во просек по km, па ние ќе имаме можност да ги намалиме тие цени, иако минатата година ги спуштивме цените со цел да го задржиме тој превоз, и да успееме да го зголемиме обемот на превоз, вели Оливер Дерковски – директор на МЖ Транспорт
И покрај скапите енергенси и високите транспортни трошоци, Дерковски уверува дека состојбата во железничкиот сообраќај драстично ќе се подобри во следниот период.
Што мислите според вас дали вреди ова поскапување или пак не?

Извор - http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/zeleznichkiot-patnichki-prevoz-poskap-za-50
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Абе реално гледано возот Велес-Скопје повратна беше 120ден.....а со автобус истата релација 220ден.....значи возот беше стварно џабал'к:)

Ама кај возот е заебано,што не ти гарантира никој за место,пристигнување на време и сл.

А штом го поскапуваат,тогаш новата цена ќе можат да ја оправдаат со нови вагони....поинаку јок!!!
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Што да кажам освен тоа дека се ненормални железничариве.
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Ае, уште за воздухов што го дишеме да почнат да наплаќаат и таман .
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Незнам што да кажам освен дека железница потсетува на филмовите со Џон Вејн, недостигаат уште каубојците кои јаваа побрзо од возовите.
Модернизација каква утопија е тоа кај нас.
 
I

Iblis

Гостин
Незнам што да кажам освен дека железница потсетува на филмовите со Џон Вејн, недостигаат уште каубојците кои јаваа побрзо од возовите.
Модернизација каква утопија е тоа кај нас.
Последна проверна во Југославија на возовите им е правена во славната '86-та, само сметководителот знае кога се набавени и со колкава амортизација, под услов да има ги отворено старите книги(ако не се распаднати истите).
Не знам за остатокот од МК, ама мене ми се изедначија цените за воз и автобус, а реално некоја предност за вожња со воз веќе нема, освен лето кога е 40+ па да седнеш на врата(ако имаш муда).
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.311
Поени од реакции
3.697
Искрено ... не дека сум некој голем железнички патник ама користам онака еднаш во месец или на две месеци... АЛИ еден правец ПП-СК 160 ден. А за тие пари со автобус неможеш ни до Родоман да појдеш не до па СК за која ти требаат 390 денари... значи 2.5 / 1 беше цената. Во никој слушај не оправдувам поскапување на било што ама пак кога некои ставаат лудница цени овие не се е*ани во мозок :)
Пс: пример си студент кој седи во карпош 4 негде ... и така одиш пп-ск за 160 и од железничка до карпош за 150-200 со такси... е па сега ти види :D
 
М

Мартин`

Гостин
Абе реално гледано возот Велес-Скопје повратна беше 120ден.....а со автобус истата релација 220ден.....значи возот беше стварно џабал'к:)
Ама кај возот е заебано,што не ти гарантира никој за место,пристигнување на време и сл.
А штом го поскапуваат,тогаш новата цена ќе можат да ја оправдаат со нови вагони....поинаку јок!!!
100 денари разлика ама бар знаеш стигнуваш за 40-тина минути и имаш место за тебе неможе друг да ти го земе, плус лето/зимо во зависност што е имаш топлење/ладење. А во возот ем одиш саат минимум (во најдобар случај ова) а може да заглавиш и со саати се случува често поради дефект итн. Ем ладење немаш никакво во летните периоди а во зимските греењето е променливо како на берза цените..
 
I

Iblis

Гостин
во зимските греењето е променливо како на берза цените..
Бетер е, или нема цела композиција или нема еден вагон само или има еден вагон само.
Мене предност ми беше дека имаше разлика ~200 денари во цена, сега таа е сведена на ~50
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Која црна модернизација... само бараат причина шо повеќе пари да натрпаат в џеб. Они ако сакаат да купат нови возови доволно е сите стари шо стојат така да ги продадат ко старо железо :D
Прво да видиме нови возови па после ќе платиме ... а не вака..
 
I

Iblis

Гостин
Која црна модернизација... само бараат причина шо повеќе пари да натрпаат в џеб. Они ако сакаат да купат нови возови доволно е сите стари шо стојат така да ги продадат ко старо железо :D
Прво да видиме нови возови па после ќе платиме ... а не вака..
Дел се "полупени", баш начекав од вработените последниот пат кога се враќав од Ск, муабетот им беше ова.
Мене ми стои дека ќе пробат да ја продадат железницата, на Транспорт АД мислам, ова покачените карти е добар почеток за поставување на компанијата на прифатливо* рамниште.
*да се офајди некој погоден
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Колку и да поскапе секогаш ке си остане најефтиниот превоз, но сепак незнам шо друго да кажам за поскапувањето од една страна е добро од друга не.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Таа цена и во споредба со вагоните и навремено стигунување беше топ а сега со поскапувањево не баш логично бидејќи вагоните се стари од баба ми ева локомотивите исто... мора да касниш како и да е 15 мин.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Таа цена и во споредба со вагоните и навремено стигунување беше топ а сега со поскапувањево не баш логично бидејќи вагоните се стари од баба ми ева локомотивите исто... мора да касниш како и да е 15 мин.
Можеби со парите од покачувањето ке се подобри удовноста во вагоните...ама можеби се зависи од државава..
 
G

galaxy

Гостин
Е сега на нас е дали ќе ги прифатиме условите на МЖ, гужви, немање место за седење, доцнење, без греење. Инаку со ова поскапување, на краток рок, МЖ си пукаа во нога, не сакам ни да помислам што ќе трпат кондуктерите заради немањето на резервации и места за некој кој платил многу повеќе од претходно.
Сметам дека ќе се намали бројот на патници, особено од Велес, околината на Скопје и оние со кратки релации, освен ако за овие последните се уште ќе важи неколку банки под рака.

Реално, сите знаат дека парите од билети немале голема улога во економијата на компанијата. Не верувам дека сега ќе се смени нешто и дека парите ќе променат нешто.
МЖ е државна компанија, ако цените на билетите се направат да одговараат на реалните трошоци и да ги покриваат, ќе беа неприфатливи за нашиот стандард, ни новите цени не ги покриваат трошоците, затоа се очекува вакви компании кои се во служба на народот да ги субвенционира државата.
Со ова поскапување можеби сакаат да ублажат нешто, ама знаејќи дека не можат, само е товар на џебот на граѓаните. Кога ќе споредат, условите и цената, побогатите ќе се возат со автобус, значи засегнати се само посиромашните.
Единствено добро е со поскапите билети е што ќе им се даде до знаење на луѓето дека цените не одговараат на трошоците и да се каже колку би била реалната цена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom