Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Според услугата која ја нудат ако може така да се нарече не вреди да се поскапува. Но во овој момент оправдување им се поскапувањето на горивото и поскапувањето на автобуските билети од страна на повеќето превозници.
Не знам дали ќе добијат позадина во таква изјава, освен од поскапувањата на ЈСП.Од приватните превозници чудно, баш е обратна ситуацијата.На пример, Галеб за студентите ги намали цените за повратни Ох- Ск - Ох од 750 на 420 денари од пред нова година http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=36727.Исто и сите локални линии ги намали за 50%.
Истовремено, првите резултати се дека за 40 - 60% се зголемени приходите во првите два месеци на најзагрозените линии(само сега дивине таксисти за Струга се поагресивни).Истото е и кај Транскоп, за студенти на повеќето линии поефтини се цените (и тие и Галеб со последните измени на возен ред од Министерство добија по уште една линија (Ох)-Бт- Ск, во исто време кога железничките патници на тој дел се намалени за ~ 8 %).
А овие идиоти од МЖ изработија обратно, особено проблем категоријата која најмногу се возеше со нив и најмногу поради цената.Како со ќеиф да чекаа да укинат некој воз, добро напиша некој поназад после ова нека ги укинат сите линии, секако ќе останат без (студенти) патници.
Малку чудно ова поскапување, засега само државните фирми за превоз (ЈСП, МЖ).
180.Колку е сега со воз Скопје-Велес повратна?
Уште еден ДМВ серија 712 (Шпанец 712-101/102) репариран во Велес.Моментално на Пелагонија Експрес.
Се е ок, само некако внатре тапацирот на седиштата е ретро, вакви седишта имаа Санос во почеток на 90-тите.Очигледно им останало во МЖ голема залиха![]()
Можеле и горниот дел да турат некој тапацир, вака ептен некако сиромашно делуват.
![]()
![]()
Април 2012, само 5 месеци каснење.МЖ 712-105/106, сликите се од тестирањето, сликано од вработен во МЖ...на линијата Скопје - Битола, најверојатно само на експресната.Планот им е сообраќајот Скопје - Битола да е само со Шпанци (годишна заштеда од гориво ~ 2.000.000 евра).Во фаза на ремонт е и уште еден Шпанец (МЖ 712-103/104) и заедно уште со постојните 2 гарнитури (712-107/108 и 712-109/110) освен Битола и Кочани најверојатно од Септември ќе возат и локални линии Прилеп - Битола - Прилеп и Велес - Штип - Велес.Планот им беше поради студенти/средношколци/работници и големата дневна фрекфенција да почнат уште од Декември со новиот возен ред (ПП-БТ-ПП веќе е впишана) ама им отиде оваа школска година, а и закаснија со планираните ремонти.Жива вистина.Последно време немам патувано, ама знам дека не е нешто многу изменето.Замисли овие дена ќе ставале бесплатен интернет во Шпанците, а еден ПДФ документ не можат да го средат
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=8C1DD1A26325B24A97101B0358D3FFC5
„МЖ-Транспорт“ планира да пушти бесплатна интернет-врска за патниците кои се возат во шпанските гарнитури на претпријатието.
- Во моментов сме во фаза на местење на дисплеј за информирање на патниците во возовите- шпанци. Ќе добиваат информации каде се движат, на која станица ќе пристигне возот и слично. Планираме околу 10 декември да го пуштиме првиот воз со таа опрема – вели Деркоски.
Денеска Велешани не по прв пат покажаа колку се задоволни од возниот ред на МЖA новинариве жива катастрофа се.150 патници не се качија во Шпанецот иако имаше место.Инаку капацитетот на Шпанецот е 146 седишта, а сигурно од Битола не дошол празен.И брзиот воз Бт-Ск е Пелагонија Експрес, а не Хераклеја
Незадоволни патници ја блокираа пругата во ВелесОколу 150 незадоволни патници утрово блокираа пет воза на железничката станица во Велес незадоволни, од како што велат, понижувачкиот однос на железници кон нив.Тие се жалат дека во возовите во кои патуваат секојдневно немаат место ниту за стоење, а незадоволството кулминирало вчера кога три воза воопшто не тргнале од Скопје за Велес, поради што многу од нив кои работат во главниот град чекале со часови за да се вратат дома.
Велешани три часа ја блокираа железницата
Пет воза истовремено утринава стоеја на железничката станица во Велес. Ги запреа патниците кои секојдневно со нив патуваат на работа во Скопје. Меѓу нив имаше ученици и студенти. На ваков начин одлучија да го искажат револтот кон Македонски железници поради малкуте вагони и немањето место за седење во нив како и постојаното доцнење на возовите..Протестот утринава на станицата во Велес започна кога дојде раниот утрински воз од Битола за Скопје. Иако во возот „Шпанец“ денеска имаше место, околу сто и педесетте патници, не влегоа во него. Тие застанаа на пругата пред возот и не му дозволија да тргне. Потоа ги запреа и празниот воз од Гевгелија, а по него и деловниот воз од Битола како и возот од Кочани за Скопје.
Ппатниците со месечните билети во рака рекоа дека повеќе нема да патуваат стоејќи или да се борат за воздух во претоварени вагони. Раскажаа како вчера попладне не можеле да се вратат во Велес бидејќи од станицата во Скопје не тргнал ниту еден од трите попладневни воза за кои тие имале месечни билети.
*Наместо во 14.30, 15 и 15 како и 15 и 30 патниците чекале до 17.30 часот и тогаш сите се враќале во Велес. Денеска незадоволните патници побараа средба со министерот за транспорт и врски како и со првите луѓе на Македонски железници.
Убавка Јаневска
05.04.2012, 09:25
Три и пол часа траеше блокадата на железничкиот патнички сообраќај во земјава , откако на железничката станица во Велес незадоволните патници ги сопреа возовите.Шест воза со повеќе од илјада патници ја чекаа разврската, по барањата на велешките патници упатени до раководството на железницата. Повеќе стотина патници беареволтирани од услугите кои ЈП Македонски Железници – Транспорт им ги нуди и затоа се решиле на ваков чекор, го сопреа сообраќајот од 5,30 до 9 часот.
Од понеделникот наутро од Битола во 5,40 наместо воз со локомотива и повеќе патнички вагони сообраќа т.н. шпанец. Тој доаѓа полн и за нас патниците од Велес нема место.Да не говорам како е потоа и на станиците Зелениково, Јане Сандански, Драчево. Нема услови, место ни да стоиш, ниту да дишеш а железничарите бараат да се собереме истигнеме до Скопје.Ја покачија железничката карта за 50 отсто, но не понудија подобри услови. Затоа бараме да се врати патничкиот воз а не со моторен да патуваме до Скопје – велатреволтираните патници. Една од патничките ја покажа и нејзината месечна карта, која иако ја употребува три дена, уште не е поништена. Објаснува дека така бидејќиимало толку гужва и патници во возовите, што кондуктерите не можеле да ги поништат билетите. Тие се пожалија и дека во текот на вчерашниот ден, во попладневнитечасови сообраќајот бил во прекин два часа. Толку време доцнеле во тргнување возовите кон Битола и Кочани од железничката станица Скопје. Утрово на железничката станица во Велес беа возовите од Скопје кон Битола и Гевгелија, и од Гевгелија, Битола, Кочани и експресот Хераклеја, немаше простор каде да се постават па мораше наеден колосоек да има и по три композиции. Претставниците на МЖ кои беа на железничката станица во Велес ги советуваа патниците да се качат во возот, бидејќи ти немале обврска да им понудат место за седење, туку доволно е што обезбедувале превоз, па макар и на една нога.
Блокадата беше завршена во девет часот, откако раководството на МЖ им понуди средба со делегација од патниците, која ќе ги пренесе нивните барања а ќе се реализираво текот на утрешниот ден. Ова е трет ден по ред како во утринските часови се случува блокада на железничкиот сообраќај на станицата во Велес. (П.П.)
http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BB10A9FD09B0FE4CA70510A578DDD47D