Македонска фудбалска репрезентација

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Потфрлила одбраната па како да не потфрли бе кога сме 120 на ранг листа тој е квалитетот што се замислуваме, Хрватска е 9та во Европа.
Одбраната не потфрли туку тоа што Чедо инсистираше да парираме и целосно изгубивме концентрација после 60 минути игра. Можеби да се повлечевме во второ ќе беше друго. Тоа е реалноста фудбал немало и нема да има во Македонија.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Иначе не знам зашто разочарување после оваа утакмица.Македонија си изигра одлично,со оглед на тао со каков кадар располага играше солидно.Ако се напиздат од овој пораз и не се задоволат со чесен пораз може да го тепаат секого,посебно на домашен терен.Башка и младинците играат добро.....може до 2016 да се брка некој пласман,иако може Македонија уште сега да изненади.
Македонија не играше со кој и да е.....играше со репрезентација 90 места пред нејзе на ФИФА листата.Играше на гости со тим кој само 2 пати има губено таму,од Англија пред 3 години и Србија пред 13. Максимир е реално еден од најтешките домашни терени во Европа,а Македонија одлично се претстави таму.
Ако ја повторат оваа партија може далеку да се стигне.Само прашање е како ќе го насочат овој пораз..... ако има нешто победничко во нив можат да растурат на овие квалификации,нешто како кошаркарите на ЕП.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.918
Поени од реакции
16.188
Дрва уште сме, незнает топка да задржет, ни да се подавет, шо фудбалери ќе беа, многу грд фудбал игравме, ни шанса да се напраело ништо, со онаква игра среќа појќе голој кај шо не примија.
Ej не збори, бар на овој меч на средина имавме точни пасеви и не праевме некои глупи грешки. И толку, само тоа е сменето сеа за сеа, не знам кај го глеате вие напредокот од ова и тој со Тошак.:unsure:
И на Ристиќ треба некој топка да му намести, за да биде тоа што треба, не може од него да се очекува да се враќа назад и да си ја зема сам топката и да прај шанса за гол, висок играч и тромав со топка не го може тоа. И сеа ќе речите па Пандев нека му намести, ама сепак не е баш така, кога сите противници знаат кој ни е најдобар во репрезентација, па строго за него има двајца прилепено, треба некој друг да се истакни ..
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Дрва уште сме, незнает топка да задржет, ни да се подавет, шо фудбалери ќе беа, многу грд фудбал игравме, ни шанса да се напраело ништо, со онаква игра среќа појќе голој кај шо не примија.
А што би ти да се игра друго ? Грција со ваков фудбал освои ЕП.......секој си користи тоа што има најдобро што може.Македонија не може да држи посед и да напаѓа....само против Андора го може тоа бидејќи има прелимитиран среден ред.Арно ама Македонија може да направи многу јака контра,да игра игра во која брзо ќе го прескокнува средниот ред,Македонија може солидно да се забарикадира и ако се увежбаат да биде доста опасна од прекини.Тоа е тоа,тоа се може и тоа треба да се игра.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само за болдираното посебно зашто ја пратев утакмицата на ХРТ оти нашите не знаат 2 сек. delay да направат на аудио сигналот. Хрватот не фалеше до постигнување на голот , откако поведоа ,,Сад можемо сломити Македонце,, нека биде среќен што воопшто дадоа оти немаа никаква игра..
Па добро де, се радуваше искрено за својот тим, од кога го дадоа голот се возбуди, нормално дека така ќе реагира и ние во обратна ситуација да бевме и нашите ќе коментираа така. Не рече башка сад можемо сломити Македонце, туку добро би било кога би дале уште еден гол за да ја потврдиме разликата. На крај краева реален си беше, не фалеше прво полувреме кога игравме како што треба, не гледам шо имаше за фалење во второ за да фали, второ си притиснаа Хрватите и затоа нив ги фалеше. Нормално.


Нашите се супер баравме пред утакмица само да го остават срцето на терен и искрено тука не разочараа. Утре кога ќе поминат импресиите ќе видиме само дека ни недостасуваше мала спортска среќа , ако ја задржат оваа форма имаме шанси во квалификацииве. Срна извади од гол линија , уште не ми е јасен шутот на Пандев треба да го изгледам неколку пати ама Хрвативе секогаш ни се вадат на 1 гол разлика дома да бевме Англичани ќе се вадевме на традиција. Јас би им честитал на нашите за играта посебно за првото полувреме тотално ги надигравме , а да не заборавиме ова е истата Хрватска од ЕП во Полска и Украина
Да, срцето го оставија на терен, затоа папсаа и стоеја како изгубени во свемир второ полувреме. Повеќе би рекла дека се издишаа на терен. Да, за прво полувреме им аплаудирам, ама и да ве соберам јас 11 души од форумов ќе може да изиграте солидно едно полувреме. Затоа се тие професионалци, за да играат 90 минути, а не 44 и пол минути.

Секогаш истата приказна, секогаш. Таман ќе ти ги подгреат надежите во прво полувреме, во второ ќе те треснат од земја и ќе те издепримираат и разочараат. Јас не знам што повеќе трошам нерви иако порано денес реков дека нема да имам очекувања, ама така ми е кога сум будала и се нервирам.

Спортска среќа. Секогаш се вадиме на тоа - секогаш. Да, овој пат недостасуваше среќа, особено во прво полувреме, ама во второ полувреме ништо не фалеше, затоа што нашите не мрднаа од место. Тоа е фудбал, играш, шутираш, топката некогаш влегува во гол, некогаш не влегува. Ама ти треба да си подготвен 90 минути да си концентриран и психички и физички спремен, а не да шутнеш 8 пати и после толку да ти биде снагата. Има бе тимови по 20 пати шутираат па нема да им се случи да погодат. Не може 1 шут, 1 гол. Мора да се трудиш и да бидеш упорен се додека не влезе.

А бе срце ме боли. Јас очекувам нашите да бидат победници, не сакам секогаш да ги гледам како со наведнати глави си одат, наша репрезентација е - каква е, таква е - си ја бодрам секогаш и во добро и во лошо, ама мора да сме реални мајку му, мора да бидеме самокритични и да сфатиме дека не ни е Цацко крив, туку самите сме си виновни што вака завршуваат утакмиците. Мора повеќе професионализам и дисциплина да се има, иначе не ја бива работата. Една Грција успеа да биде шампион на ЕП, а не се баш и они најфудбалска нација, а ние не можеме 90 минути да ги истрчаме.

Тоа е ко сеа нашиве младинци победиле (секоја чест за нив, патем) и сеа да кажеш Северна Ирска немале спортска среќа. Не, туку нашите биле поупорни и си се избориле за победа. Победа не паѓа од небо, туку се заслужува. Нашите не заслужија и тоа е тоа. Заслужија гол во прво полувреме, ама со играта во второ не заслужија да победат. Тоа е тоа. Тоа е реалноста.

Нема да дочекаме да се радуваме и ние некогаш на наша фудбалска репрезентација. Знаеме само на реми со јака репрезентација да се радуваме и толку ни е максимумот. И тоа е тажно. Пошто и јас сакам да се радувам на успеси во фудбалот, сакам Градски да биде полн повеќе заради фудбалот, отколку за концерти, ама факт е дека моментално фудбалот е на ниво на клиничка смрт.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Иначе не знам зашто разочарување после оваа утакмица.Македонија си изигра одлично,со оглед на тао со каков кадар располага играше солидно.Ако се напиздат од овој пораз и не се задоволат со чесен пораз може да го тепаат секого,посебно на домашен терен.Башка и младинците играат добро.....може до 2016 да се брка некој пласман,иако може Македонија уште сега да изненади.
Македонија не играше со кој и да е.....играше со репрезентација 90 места пред нејзе на ФИФА листата.Играше на гости со тим кој само 2 пати има губено таму,од Англија пред 3 години и Србија пред 13. Максимир е реално еден од најтешките домашни терени во Европа,а Македонија одлично се претстави таму.
Ако ја повторат оваа партија може далеку да се стигне.Само прашање е како ќе го насочат овој пораз..... ако има нешто победничко во нив можат да растурат на овие квалификации,нешто како кошаркарите на ЕП.
Се тоа фино, ама ранкиногот на Хрватска у никој случај не коренспондираше со играта која ја прикажаа вечерва. У никој случај не беа толку доминантни колку што беа некогаш. Батали ти тие сите успеси у минатото, вечерва Хрватска беше мизерна и штета што не успеавме да ја искористиме нивната мизерност.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
немој сега и ти погрдни зборови
јас сум задоволен шо конечно видов дека се залагаат за репрезентација
и тоа е добар чекор...само е проблем шо 90 % од народот пак ќе продолжи да плука и да вели дека се дрва
во секој случај добар чекор е што е поставен наш селектор
ништо не е загубено...сите кокнкуренти ќе изгубат со Хрватска на гости


и задоволен сум шо дојде на моето Пандев поназад да игра а не најистурен :D
Не се погрдни зборови, не ги навредувам, само сметам дека може и мора да се игра подобро.
Ги сакам дечките, ама дека се за критика, за критика се.
Порано беа мизерија, денес беа подобри каде - каде, ама ќе се задоволам кога ќе почнат да победуваат. :)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.657
Поени од реакции
11.792
Абе дрва си се дрва. Не можи да биди репрезентација од овие. Секоја му чест на Чедомир ама подобро нека си тера вака дури не дојдат на ред младиве, од нив можи ќе биди нешто
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Се тоа фино, ама ранкиногот на Хрватска у никој случај не коренспондираше со играта која ја прикажаа вечерва. У никој случај не беа толку доминантни колку што беа некогаш. Батали ти тие сите успеси у минатото, вечерва Хрватска беше мизерна и штета што не успеавме да ја искористиме нивната мизерност.
Хрватска игра вака во квалификациите веќе 4 години....од 2008 ова е Хрватската игра,со по 1-2 блесока како против Турција.Во последните 4 години само на ЕП и во баражот се одиграа пристојни утакмици.
Ова што вечерва го играше Хрватска е копи пејст секоја можна утакмица.......а си ја гледал утакмицата против Грузија или Македонија или Белорусија на при. исто ти се фаќа.Единствена разлика е во бојата на дресот на противникот,се друго исто.
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
и задоволен сум шо дојде на моето Пандев поназад да игра а не најистурен :D[/quote]

вака сме покреативни, пандев повлекува напред изнудува фаули и золти картони дава пасови ни фали некој за завршен удар, мора да се напраи вишок и пас у фор да влета некој од крилата или шпицот да се отвори, па може да се иде на варијанта шпицот да се извлече и да созда простор некој да влета у 16 -ник. треба да се проба и со фичо ивановски без разлика што игра во казакстан тој е гол играч кој даваше голови и бил во шанси за гол, се вклопуваше у репрезентацијава
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Хрватска игра вака во квалификациите веќе 4 години....од 2008 ова е Хрватската игра,со по 1-2 блесока како против Турција.Во последните 4 години само на ЕП и во баражот се одиграа пристојни утакмици.
Ова што вечерва го играше Хрватска е копи пејст секоја можна утакмица.......а си ја гледал утакмицата против Грузија или Македонија или Белорусија на при. исто ти се фаќа.Единствена разлика е во бојата на дресот на противникот,се друго исто.
Не знам, можда.
Почесто ја глеам Хрватска ама никоаш не сум ја видел ваква, најискрено. Летаргична, спора, без никаква конкретност.
А и низ порталиве и самите хрвати беа скептични околу победата вечерва, особено поради именувањето на новиот селектор, како тоа он растурил една компактност бла, бла.
Е сето тоа, вечерва се рефлектираше на терен, дали е тоа причинето од стручниот штаб, федерација, тоа не знам. Нека си анализираат они.

П.С. Чорлука, нешо особено се повреди?
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
И да заборавив да пишам,немој некој да ми каже дека Ристиќ е подобар од Филип Ивановски,следна со Шкотска треба да биде повикан на неговото место.Вечерва камен невиден ни на клупа не треба да е а не па прва постава,ајде ваљда е паметен Чеде и ке среди работа.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Бидејќи не го гледав натреваров а гледам дека нема до толку негативни критики сакам да прашам дали за нас можело да се досуди некој пенал нешто Плетикоса го сопнал Пандев така наслушав незнам точно ?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
И иам замерка кон уште една аматерска работа кај нас, дресовите!

Ај шо играат со колекцијата на Пума од 2007ма мање више, ама имиња на дресовите да немаш у официјален квалификациски натпревар !? :facepalm:

Абе ајде бегај...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Не знам, можда.
Почесто ја глеам Хрватска ама никоаш не сум ја видел ваква, најискрено. Летаргична, спора, без никаква конкретност.
А и низ порталиве и самите хрвати беа скептични околу победата вечерва, особено поради именувањето на новиот селектор, како тоа он растурил една компактност бла, бла.
Е сето тоа, вечерва се рефлектираше на терен, дали е тоа причинето од стручниот штаб, федерација, тоа не знам. Нека си анализираат они.

П.С. Чорлука, нешо особено се повреди?
Не бе вака играат цело време низ квалификациите.Дури и тие за ЕП 2008 беа единствените одлично изиграни квалификации до сега.Тоа е таа игра и баш ради вакви партии Билиќ немаше некоја доверба од јавноста и ради вакви бледи партии не отидоа на СП.Додуше реално Украинците само среќа небеска ги спаси од 2 пораза......тие 2 утакмици беа добри,но немаше реализација.Се друго 0 поени,едни Казакстан,Грузија и Андора ги мачеа како никој низ овие квалификациски циклуси.Па дури и Малта стигна гол да им дава и да ги притиска во одредени делови на утакмица.
Ај на домашен терен и ќе им проаѓа оваа игра.....али на гости нема да биде многу добро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom