Само за болдираното посебно зашто ја пратев утакмицата на ХРТ оти нашите не знаат 2 сек. delay да направат на аудио сигналот. Хрватот не фалеше до постигнување на голот , откако поведоа ,,Сад можемо сломити Македонце,, нека биде среќен што воопшто дадоа оти немаа никаква игра..
Па добро де, се радуваше искрено за својот тим, од кога го дадоа голот се возбуди, нормално дека така ќе реагира и ние во обратна ситуација да бевме и нашите ќе коментираа така. Не рече башка сад можемо сломити Македонце, туку добро би било кога би дале уште еден гол за да ја потврдиме разликата. На крај краева реален си беше, не фалеше прво полувреме кога игравме како што треба, не гледам шо имаше за фалење во второ за да фали, второ си притиснаа Хрватите и затоа нив ги фалеше. Нормално.
Нашите се супер баравме пред утакмица само да го остават срцето на терен и искрено тука не разочараа. Утре кога ќе поминат импресиите ќе видиме само дека ни недостасуваше мала спортска среќа , ако ја задржат оваа форма имаме шанси во квалификацииве. Срна извади од гол линија , уште не ми е јасен шутот на Пандев треба да го изгледам неколку пати ама Хрвативе секогаш ни се вадат на 1 гол разлика дома да бевме Англичани ќе се вадевме на традиција. Јас би им честитал на нашите за играта посебно за првото полувреме тотално ги надигравме , а да не заборавиме ова е истата Хрватска од ЕП во Полска и Украина
Да, срцето го оставија на терен, затоа папсаа и стоеја како изгубени во свемир второ полувреме. Повеќе би рекла дека се издишаа на терен. Да, за прво полувреме им аплаудирам, ама и да ве соберам јас 11 души од форумов ќе може да изиграте солидно едно полувреме. Затоа се тие професионалци, за да играат 90 минути, а не 44 и пол минути.
Секогаш истата приказна, секогаш. Таман ќе ти ги подгреат надежите во прво полувреме, во второ ќе те треснат од земја и ќе те издепримираат и разочараат. Јас не знам што повеќе трошам нерви иако порано денес реков дека нема да имам очекувања, ама така ми е кога сум будала и се нервирам.
Спортска среќа. Секогаш се вадиме на тоа - секогаш. Да, овој пат недостасуваше среќа, особено во прво полувреме, ама во второ полувреме ништо не фалеше, затоа што нашите не мрднаа од место. Тоа е фудбал, играш, шутираш, топката некогаш влегува во гол, некогаш не влегува. Ама ти треба да си подготвен 90 минути да си концентриран и психички и физички спремен, а не да шутнеш 8 пати и после толку да ти биде снагата. Има бе тимови по 20 пати шутираат па нема да им се случи да погодат. Не може 1 шут, 1 гол. Мора да се трудиш и да бидеш упорен се додека не влезе.
А бе срце ме боли. Јас очекувам нашите да бидат победници, не сакам секогаш да ги гледам како со наведнати глави си одат, наша репрезентација е - каква е, таква е - си ја бодрам секогаш и во добро и во лошо, ама мора да сме реални мајку му, мора да бидеме самокритични и да сфатиме дека не ни е Цацко крив, туку самите сме си виновни што вака завршуваат утакмиците. Мора повеќе професионализам и дисциплина да се има, иначе не ја бива работата. Една Грција успеа да биде шампион на ЕП, а не се баш и они најфудбалска нација, а ние не можеме 90 минути да ги истрчаме.
Тоа е ко сеа нашиве младинци победиле (секоја чест за нив, патем) и сеа да кажеш Северна Ирска немале спортска среќа. Не, туку нашите биле поупорни и си се избориле за победа. Победа не паѓа од небо, туку се заслужува. Нашите не заслужија и тоа е тоа. Заслужија гол во прво полувреме, ама со играта во второ не заслужија да победат. Тоа е тоа. Тоа е реалноста.
Нема да дочекаме да се радуваме и ние некогаш на наша фудбалска репрезентација. Знаеме само на реми со јака репрезентација да се радуваме и толку ни е максимумот. И тоа е тажно. Пошто и јас сакам да се радувам на успеси во фудбалот, сакам Градски да биде полн повеќе заради фудбалот, отколку за концерти, ама факт е дека моментално фудбалот е на ниво на клиничка смрт.