Македонска фудбалска репрезентација

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.808
Ја сум задоволен, пошто после години стагнирање, се крена еуфорија за селекцијава. Од гомната буквално, извадиме 45 минути во кои ја надигравме Хрватска. После такви скандали и гомнарии во кои западна селекцијата, и општо фудбалот, овие иако 45 минути сепак беа свеж воздух. Сакам оваква репрезентација, сакам борбеност, видов желба за победа, која мене искрено ми е многу важна. Со господ напред, ќе биде поарно. Се надевам овие 45 минути не беа колку да се замачкаат очите, зашто мислам дека последен пат некој ќе вложи напор да ја воскресне селекцијата од резилот.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Livcevo e onaka lupnato, da se razbereme, provereno. :)
Gledam nekoi pak me svatija pogresno, ne deka treba ova da se objasnuva, po samata uplata se gleda toa.
си играл некој на „претходно искуство“ бе, нормална работа. Ко Базел станавме, јебига. :D
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.918
Поени од реакции
16.187
Жалам што ваква игра на хрватите не ја искористивме, и не извлековме барем бод од овој натпревар, штета и што пречката на Пандев не беше гол.
Хрватска немале победна игра никогаш како што имаа вечерва, значи дно, ништо не одиграа, рака на срце одбраната наша пред и после голот беше на ниво, одлична, Пандев добар, но сепак ни фалат некои нијанси..
Знаев дека една грешка од било која страна ќе го реши мечот.
Хрватска со оваа игра ако пристигне и во Скопје за месец дена, не се сомневам дека ќе ја совладаме, со поддршка од трибини прашање ќе е со колку гола разлика ќе ни е победата.

И не знам зошто овој Мирко Ивановски е повикан во репрезентацијата, и грешка му беше измената со него, на негово место Хасани можеше да влезе, видовме на мечот против Литванија каква игра имаше од негова страна, сигурно ќе беше по продуктивен него ли Ивановски.


Сеа да бериме гајлето за со Шкотска во вторник.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.631
Ај да речеме не потцениле за овој натпревар, заслужено. А другите примери кои ги наведов? Секогаш нивните новинари не потценувале. Си мислат дека се некоја велесила во сите спортови. Ретардиран народ (новинари)
НИКОГАШ не не потцениле, конкретно НЕ новинарите. Можда да имало потценување, потсмев од лица од нивни стручен штаб како на пример Тудор вечерва.
Секогаш кога наша репрезентација, клуб игра против Хрватска репрезентација или некој клуб јас следам на ХРТ и со особен респект зборуваат за нас. Нормално е да има одредена доза пристрасност, но во никој случај таа не е претерана.
Oтвори ја темата од ЕП у Литванија, ќе видиш таму има линкови од Хрватски сајтови како пишуваат за успесите на нашата репрезентација.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
Ама нема врска, да беше негова кривица голот ќе го разберев ова, ама не беше негова кривица според мене. Тука одбраната максимално потфрли, стоеја и се надеваа дека или овој ќе утне или дека Богатинов ќе одбрани. Пак ќе кажам за дечкото секоја чест, не може да му се стави дамка, си изигра најпрофесионално, проценуваше ситуации кога да излезе, кај да затвори. Одличен си беше.

И немојте кривци да барате во судијата, ни во Хрватите. Си беа најкоректни на свет, од секогаш ни покажувале почит, никогаш не не омаловажувале и победата им е чиста како солза. Биле агресивни? А шо треба, да не галат и држат за рачиња? Тоа што нашиве се волови и не знаат да искористат шанса, а воедно и да запаметат дека натпревар се игра 90 минути плус уште некоја минута надополнување е причината за нашите порази и за тоа што ние тука си ја маваме главата од компјутер.
Само за болдираното посебно зашто ја пратев утакмицата на ХРТ оти нашите не знаат 2 сек. delay да направат на аудио сигналот. Хрватот не фалеше до постигнување на голот , откако поведоа ,,Сад можемо сломити Македонце,, нека биде среќен што воопшто дадоа оти немаа никаква игра.
Нашите се супер баравме пред утакмица само да го остават срцето на терен и искрено тука не разочараа. Утре кога ќе поминат импресиите ќе видиме само дека ни недостасуваше мала спортска среќа , ако ја задржат оваа форма имаме шанси во квалификацииве. Срна извади од гол линија , уште не ми е јасен шутот на Пандев треба да го изгледам неколку пати ама Хрвативе секогаш ни се вадат на 1 гол разлика дома да бевме Англичани ќе се вадевме на традиција. Јас би им честитал на нашите за играта посебно за првото полувреме тотално ги надигравме , а да не заборавиме ова е истата Хрватска од ЕП во Полска и Украина.
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
НИКОГАШ не не потцениле, конкретно НЕ новинарите. Можда да имало потценување, потсмев од лица од нивни стручен штаб како на пример Тудор вечерва.
Секогаш кога наша репрезентација, клуб игра против Хрватска репрезентација или некој клуб јас следам на ХРТ и со особен респект зборуваат за нас. Нормално е да има одредена доза пристрасност, но во никој случај таа не е претерана.
Oтвори ја темата од ЕП у Литванија, ќе видиш таму има линкови од Хрватски сајтови како пишуваат за успесите на нашата репрезентација.

Од кога тепавме се живо и диво да, али побарај во тематата со Хрватска пред и после натпреварот ќе ги видиш текстовите. Ќе видиш за што зборам
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
Според мене хрватите изиграа многу слабо иако имаа посет на топка кај нив, ние напраивме 2 грешки у одбрана 1 они искористија. Попов и Тричко не се во форма зашо немаат подготвителни натпревари у нозете. За голот и првата шанса на едуардо попов е крив нема што али не е у форма. Во глобала игравме добро борбено сконцентрирано. Ристиќ е многу квалитетен играч ама беше отсечен, многу ме изненади пандев го даде максимумот. За со шкотиве иста игра со лазевски и хасани по лева страна и да се иде на победа. Како што најави цедо не ветува места само подобрување на играта и вадење максимум, не се менува ништо преку ноќ да се надеваме дека ке тргне на подобро, промените почнаа. а и младиве даваат надеж :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.631
Од кога тепавме се живо и диво да, али побарај во тематата со Хрватска пред и после натпреварот ќе ги видиш текстовите. Ќе видиш за што зборам
Колку си напорен човече, или имаш некој комплекс од нив или си србин. Трето не ми текнува.
Што да гледам, кога ја гледав директно утакмицата.

И доста е со оф, Ацид пак ќе ме размава :icon_mrgr:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.639
Поени од реакции
4.243
ОДиме директно, ако тепаме, под услов Данска да не победи на гости кај Северна Ирска. Данска досега нема победа на гостувањата.
Ама победа за нас кај Србија, засега ми личи на научна фантастика :)
Нека им ги дадат Хасани или Георгиев на младинцине.
Нема директно пласирана репрезентација кај младинците. И прво и второпласираната екипа играат бараж, бидејќи на младинско ЕП играат 8 репрезентации, а не 16 како кај сениорите. Првиот ќе игра бараж со второпласирана репрезентација од друга група и обратно, што значи дека на нас апсолутно ништо не ни значи утакмицата на Данска, со победа над Србија сме во бараж. А и стварно не знам која му е логиката на Четка да ги повика Хасани и Трајковски во прв тим и да не ги пушти ни минута да изиграат, а овие се борат за бараж за европско. Се надевам ќе ја исправи таа грешка и ќе ги остави да си играат во Белград и да си бркаат дечките пласман понатаму.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонија немала и нема да има фудбалска репрезентација тоа е сигурно.

Е сега за минимален успех понатаму совет федерацијава повеќе нека гледа и нека улага во младата репрезентација постојано фокусот е во сениорите како да паѓаат од небо играчи. Еве младите победија вечерва на гости нигде не пишува за тоа. Ако сакаме фудбал (кој патем никогаш не сме го имале) време е да се променат некои работи и да е работи со младинсите школи и репрезентации.
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Вака и со Словачка лани почна со пораз од 1-0.После се лошто тргна... можевме да ги добиеме Хрвативе вечерва као ништо,али тоа е тоа секогаш ке се вадиме со тоа добро битно играта е подобра овој пат јбг.:D

Браво за младите,нека продолжат така се гледа дека имаат желба за игра за во иднина да ни донесат радосни фудбалски денови.Значи мора да само победа со Србија друго не преостанува :)
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.748
Поени од реакции
1.003
И пак се повтори истата приказна на гости кај Хрватите ... игравме релативно добро , имавме и по некоја шанса , истото беше и кај Хрватите , и пак како и многу пати досега примивме глуп и наивен гол ... очекував многу повеќе од Попов вечерва , а пријатно ме изненадија Георгиевски ( десниот бек ) и Богатинов ( не беше негова вина голот ) . Ме бендиса тоа што конечно играме друга формација и треба да продолжима со оваа формација ( со двајца DMC и тројца полушпицеви т.е. крила плус еден напаѓач ) , но ми се чини дека место Ристиќ требаше во напад да игра Илчо ( а тој воопшто не беше ни земен и покрај тоа што нон стоп дава голови во Матерсбург ) . Добро е што конечно почнавме да трчаме повеќе за разлика од предходно , и мислам дека вака треба и да се продолжи .
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Ај да речеме не потцениле за овој натпревар, заслужено. А другите примери кои ги наведов? Секогаш нивните новинари не потценувале. Си мислат дека се некоја велесила во сите спортови. Ретардиран народ (новинари)
Дека се малце арогантни кога станува збор за спортот,се.Додуше имаат и поткритие некое за тоа......види во сите спортови големите натпреварувња,на клубско ниво успесите,на олимпијадите итн. имаат повеќе работи во овие 20 години освоено него што има остатокот од бивша Југославија.Па дури и во светски и европски рамки со оглед на бројот на жители се една од најуспешните спортски нации.И тоа не освојуваат работи само во 2-3 спорта,имаат и одлична разновидност.
Сепак колку и да се малце кренати никогаш нешто посебно не ја потцениле Македонија.Има ко тој од т-портал трупот некој новинар што сака да потпали атмосфера и да собере повеќе кликови,но секогаш кога играат со Македонија повикуваат на претпазливост ради искуствата од порано.

Во ЕП во кошарка играа со Македонија која ја изгуби првата утакмица и беше благо кажано лоша во припремните утакмици.Хрватка одигра одлично во периодот пред ЕП и никој не очекуваше таков дебакал....
Натписите не беа потценувачки,никој играчите не ги потцени,туку рекоа само да ја дотепаат ранетата Македонија.Е сега тука се заебаа,али после тоа попристрасни медиуми од хрватските кон Македонија немаше да најдеш.:D Никогаш не кривеа некој друг за проазот,ја испофалија Македонија и покасно и навиваа за нејзе кога испаднаа.

Иначе најпотценувачки настроени се кон словенците и босанците.Им имаат некој мерак удрено да ги реметат и да се прават големи пред нив.Кон Македонија немаат таков однос.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.127
Поени од реакции
8.073
Ама нема врска, да беше негова кривица голот ќе го разберев ова, ама не беше негова кривица според мене. Тука одбраната максимално потфрли, стоеја и се надеваа дека или овој ќе утне или дека Богатинов ќе одбрани. Пак ќе кажам за дечкото секоја чест, не може да му се стави дамка, си изигра најпрофесионално, проценуваше ситуации кога да излезе, кај да затвори. Одличен си беше.

И немојте кривци да барате во судијата, ни во Хрватите. Си беа најкоректни на свет, од секогаш ни покажувале почит, никогаш не не омаловажувале и победата им е чиста како солза. Биле агресивни? А шо треба, да не галат и држат за рачиња? Тоа што нашиве се волови и не знаат да искористат шанса, а воедно и да запаметат дека натпревар се игра 90 минути плус уште некоја минута надополнување е причината за нашите порази и за тоа што ние тука си ја маваме главата од компјутер.
немој сега и ти погрдни зборови
јас сум задоволен шо конечно видов дека се залагаат за репрезентација
и тоа е добар чекор...само е проблем шо 90 % од народот пак ќе продолжи да плука и да вели дека се дрва
во секој случај добар чекор е што е поставен наш селектор
ништо не е загубено...сите кокнкуренти ќе изгубат со Хрватска на гости


и задоволен сум шо дојде на моето Пандев поназад да игра а не најистурен :D
 
F

FuckYouAll

Гостин
Дрва уште сме, незнает топка да задржет, ни да се подавет, шо фудбалери ќе беа, многу грд фудбал игравме, ни шанса да се напраело ништо, со онаква игра среќа појќе голој кај шо не примија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom