Според мене идеалната група би била:
Италија
Грција
Австрија
Лихтенштајн
Сан Марино
Италија - Најмногу ни одговара од првиот шешир. Имаат многу млитава репрезентација (барем оваа генерација), сигурен сум дека би можеле без проблеми да ја победиме на домашен терен. Не е онаа Италија која порано газеше се пред себе, а според мене е најслабата рперезентација од првиот шешир. Дури и да го освојат следното СП, не би го променил мислењето за силата/јачината на Италијанците.
Грција - Преполн стадион, пеколна атмосфера, просечна репрезентација, која сигурно ќе изгуби во Скопје.
Австрија - Се двоумев помеѓу Австрија и Норвешка во третиот шешир. Која било од овие две репрезентации да ни падне, мислам дека имаме реални шанси да освоиме барем 4 бода во меѓусебните дуели. Ја одбрав Австрија бидејќи реално е за нијанса послаба од Норвешка, не играат којзнае каков фудбал (многу трчање), а нас тоа најмногу ни одговара.
Лихтенштајн - Од сите селекции во петтиот шешир, само Лихтенштајн ни одговара... Доколку ни падне некоја од другите репрезентации, едноставно ќе биде многу тешко. Црна Гора е квалитетна репрезентација, а играњето на гости во Албанија, Ерменија, Молдавија или Казакстан ќе биде пеколно.
Сан Марино - Тотални аутсајдери
* Моиве коментари не важат во случај повторно да се местат натпревари со аутсајдериве 