Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.468
- Поени од реакции
- 8.609
Видете го селекторот наш што сакал Геранија оти нај платена репрезентација е во европа нај многу пари носи а после неа се англија шпанија италија и др
Јонуз ја посакува Германија Петар Једиковски
Македонската јавност со нетрпение ги очекува имињата на репрезентациите со кои селекцијата на Македонија ќе игра во квалификациите за ЕП 2012 година. Ждрепката ќе се одржи на семи февруари во Варшава, а сите потајно посакуваат полесни противници. Сепак, селекторот Мирсад Јонуз посакува за ривал да ја добие Германија. - Од барабанот на фаворитите, каде што ќе бидат сместени најсилните репрезентации во Европа, посакувам да ја добиеме Германија за противник. Од другите барабани нека ги извлечат земјите од поранешна Југославија. Тоа се моите желби пред оваа ждрепка, Германија ќе го наполни стадионот, исто како и земјите од поранешна Југославија - вели Мирсад Јонуз, селектор на македонската фудбалска репрезентација. Квалификациите почнуваат во септември. Има доволно време националниот тим да се воигра и да стане селекција која ќе игра значајна улога во групата. Јонуз засега не размислува за тоа. - До 30 јануари трае преодниот рок. Очекувам да видам каде нашите фудбалери ќе заминат и како ќе играат. Потоа ќе размислуваме за натпреварот со Црна Гора, која е наш прв противник во оваа година. Радува што сите репрезентативци што го сочинуваат костурот на националниот тим играат добро и стандардно. Пандев во Интер, Игор Митрески во ЦСКА Софија, Лазаревски потпиша за Риека, Новески е стандарден во Мајнц, единствено Шумуликоски има проблеми во Престон. Речиси сите го имаат решено својот статус, така што ќе можат да мислат само на фудбалот - додаде Јонуз. По секоја ждрепка, откако ќе се дознаат противниците, ќе почнат и калкулациите. - Ќе присуствувам на извлекувањето. Заминувам на шести февруари во Варшава, а потоа ќе ги договараме и термините. Ќе се обидеме да го избегнеме тоа клише и на секој натпревар да му пристапуваме поединечно. Нема претходно да впишуваме бодови - заврши Јонуз. По неуспехот во квалификациите за СП, кое годинава ќе се одржи во Јужна Африка, македонската репрезентација и стручниот штаб се пред ново искушение, квалификации за ЕП 2012 година во Полска и во Украина. Неколку натпревари од мундијалските квалификации покажаа дека Македонија има капацитет за поголем успех, можеби и за пласман, но, сепак, многу работи ќе зависат од ждрепката
Ќе се наполнел стадионот а со која нема да се наполни од првата група барабан и се разбира ако има резултати на сите утакмици ќе биди полн стадионот
Од поранешна југославија за да нема многу трошоци федерацијата е мирсад бе мирсад колку добро мислиш ти за ФФм за тоа си селектор
Важно ќе оди во варшава ќе прошета а за резултати ни збор дека ако не бидиеме 3 или 2 да даде оставка нема нижто важно да се наполни ффм со пари :kesa: