Па и не е баш дека нема разлика во однос на претходните години, 11 разлика се многу да али крајниот резултат е и најголемото водство кое го имаа Романките. Претходните години противничките одеа на двоцифрена предност уште на почеток на натпревар и после само ја одржуваа разликата до крај со втора постава на терен. Останува фактот дека Симовски ја кочи целата работа, истите проблеми што ги имаа од турнирот во Скопје минатиот месец се пресликаа и денес. Бачко одново ужасна со 0/5 шут, го јаде Талески по неупотребливост моментално, ама затоа за селекторот е незаменлива, ај Кипријановска корона фатила и нема да игра на баражов ама најлошо е што и да беше тука немаше да помириса паркет и на ваква ужасна партија на Георгиевска. Со нормален десен бек, што ќе изиграше она што го изиграа Јанеска и Стојковска на среден и лев, разликата ќе беше многу помала. На ниту една од помладите не им даде шанса денес, со Гакидова (која не треба да е ни во ростер) повеќе од пола натпревар на пикер и тромавата Ливриниќ на сметка на 4 млади девојки. Катастрофална беше и поставеноста во одбрана што е нешто на што највеќе може да влијае селекторот. Може многу повеќе да се извади од тимов само изгледа нема да има храброст Мукаетов да го менува Симовски пред тоа ЕП и да повлече потег како во машката селекција, искрено не знам ни дали имаме некоја опција за во женски ракомет.