Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Разликата е во тоа што поголемиот дел од Црногорките кога имаа 17-18 години добиваа шанса во Лига на шампионите и на европски и светски првенства, нашиве ракометарки играат Челинџ купови со косовски екипи. На реваншот сега во недела ќе играат Радичевиќ и Мехмедовиќ, па разликата во квалитет ќе биде поголема за Црна Гора.
Јасно ми е.. затоа и реков едноставно нивото е различно и уште пред да почне утакмицата се гледа. Додека нешто суштински не се смени, џабе е.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Браво за девојките. Одлично парираа денес против уште посилна Црна Гора (им играа Радичевиќ и онаа гадната Мехмедовиќ). Можеа веројатно и до реми, ама тоа е. Како за почеток сосема солидно, а денес не играа ниту Ристовска, ниту Ѓорѓиевска (а и Саздовска ја немаше на двете утакмици). Ме радува што се бореа и што имаа некои стварно добро одработени акции.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
417
Поени од реакции
342

Оваа репрезентација на ЦГ поради отсуството на 6-7 ракометарки е најслабата во нивната историја, очекуван беше резултатот. Секоја пофалба за Сара Миновска ( ракометарка на ЖРК Вардар и Моника Јанеска, за останатите треба многу труд)...
 
Фалеа ракометарки на првиот меч, а денес беа далеку покомплетни. Играа Радичевиќ, Мехмедовиќ, Кнежевиќ. Им фалеше можеби Деспотовиќ. Батиновиќ ако не се лажам не е ни Црногорка по потекло, па мислам дека се откажа од играње за репрезентацијата.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Точно, сите се вратија за втората утакмица - Радичевиќ, Раичевиќ и Мехмедовиќ, и сите баш играа, Радичевиќ даде 9 гола мислам. Ги немаше само Јауковиќ која е повредена и нема да игра ни на светското во декември, и уште една што е исто така повредена ја заборавив како се викаше, мислам во Ѓер игра. Ме радува играта, за три дена колку работи се сменија во играта, браво за Савовски. Без Георгиевска имаме многу помалку изгубени топки. Ристовска да играше мислам дека секако ќе победевме. Загрижува тоа што очигледно немаме леваци.. на местото на Ристовска играше крило што шутира со десна. Исто и на бек. Ако до толку нема играчи за на тие позиции, тоа е веќе голем проблем.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726

Имаме и на десно крило, а на десен бек не само што имаме туку и најголемите надежи ни се таму, Кипријановска која има 20 години и Младеновска која има 14. Али за разлика од Црногорките за кои овие беа навистина тест натпревари во кои си испробуваа најразлични варијанти (денес на пример беше преочигледно дека играа без да шутираат од бек, чисто акции за крила и пикери освен ако не им се отвори ептен можност за шут и дадоа ваљда 25 од 30 гола од линиските позиции), за Савевски ова беше можност со што помал пораз да тврди дека донел некакво подобрување во играта од времето на Симевски, што апсолутно не е точно, најголем виц е да се помисли дека во сериозна утакмица ние би им извадиле гол разлика пораз на Црногорките, да беше сериозна утакмица 15 ќе не тепаа како ништо исто како што губиме стандардно во баражи во последните години. Тотален идиот е типот. Со 4 бека од кои сите се леви и средни да играш утакмица, како можеш да тврдиш дека си играл тест натпревар? Што си тестирал? Плус и со лево крило на деснокрилна позиција цела утакмица. Прав претседател на федерација после ова би го викнал на рендање да објасни што мислел со ваква глупост ама кај нас за жал ќе се претставува ова како реален резултат и уште и фалење ќе добие до пролет и утакмиците со Словенија кои не се толку голема репрезентација како Црна Гора и нема да не сфатат само како спаринг партнер за вежбање тактики и веројатно ќе изиграат исто како ние во овие две утакмици - ко да се бараж и ќе не тепаат дома-гости по 10 разлика. Си играа во прва брзина Црногорките на двете утакмици, таман за овие резултати, да играла Сара денес ќе сме ги победеле е муабет ист ко да играа Радичевиќ и Мехмедовиќ во Скопје они ќе победеа 20 разлика. :)
Викнал млади да му се у ростер, а класично македонски ги казнува за секоја грешка на терен. Кипријановска ја пушти 5 минути дома, направи една грешка и до крај не ја врати, ја остави да гледа како ракометарки од други позиции пред неа ќе играат на нејзина позиција ама она нема да влезе, а Бачко која го има заебано и Талески за неупотребливост во ракометот, кариера направи зошто е градена како маж, без никаква интелигенција во играта 0/5 имаше шут и уште 2-3 неизнудени грешки за дваесетина минути дур не се повреди во Борис комотна си ја остава на терен, 120 минути ќе му играше да не се повредеше во овие два натпревара само ако може да изгуби со помала разлика и да створи лажна слика дека и во сериозен меч вака би се одвивале работите со Црна Гора. Ама кај нас ќе му пројде ова стварно.
Многу веројатно ќе добиеме вајлд карта за СП за два месеци, ќе не торпедираат сите да не се залажуваме.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
417
Поени од реакции
342
Фалеа ракометарки на првиот меч, а денес беа далеку покомплетни. Играа Радичевиќ, Мехмедовиќ, Кнежевиќ. Им фалеше можеби Деспотовиќ. Батиновиќ ако не се лажам не е ни Црногорка по потекло, па мислам дека се откажа од играње за репрезентацијата.
Јауковиќ која му е лидер на тимот е повредена, исто така и Деспотовиќ од Ѓер, тие две ракометарки го сочинуваат главното трио на бекови со Итана Грбиќ. Повредена е и Катарина Џаферовиќ, а Батиновиќ играше за репрезентација на ЦГ на ОИ во Јапонија, но се откажа за натпреварите против Македонија, исто така и Ѓурѓина Маловиќ поради повреда. Голема грешка на Савески е изоставувањето на неколку интернационалки, тоа скапо ќе се одрази на ЕП следната година.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Видете, никој не кажа дека ние преку ноќ станавме светска веле сила. Факт е дека тие не се спремаа за нас, ако беше битна утакмица ќе беше друго. Но сепак мислам дека ги изненадивме баш затоа што ја земаа лабаво утакмицата. Секој од нашиот тим покажа дупло повеќе споредено со првата утакмица. Освен можеби Мицевска, но млад голман е, некогаш и на поискусните не им е денот.
А инаку 100% беа со целиот достапен состав - Батиновиќ не играше во Токио. На поширокиот список беше, а после ја оставија дома, отидоа со Рајчич и голманката на Будучност Ненезиќ. Сега беше повикана, но не се јавила. Другите им беа повредени. Сега не може така да рачунаме, ако не се вратат до светското, ќе мора и таму без нив да играат, тоа е.
Како и да е, јас мислам дека евидентно е за колку брзо време ние веќе почнуваме да градиме наш стил на игра. Нешто што со Симевски не можеше да се замисли. Нон стоп бевме во успорена снимка. Колку побрзо и потечно играме во напад. Со Симевски немавме акција одиграно. Сега се гледаше дека градат акции, иако голем дел и неуспешни, поради неискуството и квалитетот колкав што е (им паѓаа топки пд раце итт). Никој не вика дека ако по некоја случаност ни дадат вајлд карта дека готово, ќе распалиме. Се знае кој ќе биде исходот. Но до пред 5 месеци акција не можевме да изиграме. Се гледа овој дека наметнува брз, модерен стил, со многу трчање. Ќе требаат неколку години, да пораснат овие 18-19 годишни ракометарки, и ако е правилен системот, тек после некоја година може првите посериозни промени да се осетат. Како што кажав и пред некој ден погоре, битно е како ќе се развиваат и дали ќе се направи нешто слично на РК Алкалоид за мажите. Ние имаме само една ракометарка што игра ЛШ, и оттука се знае кој ќе биде исходот ако отидеме на светско. Јасно е дека не се ни физички подготвени за тоа. Со играње во македонско првенство не можеш да си. Но, мислам дека сега се има план и се работи на систем. Така ми се чини. Па ќе видиме. Иако и јас не разбирам зошто деснораки играа на тие позиции.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Срцев удар, така пишаа на фокус сега.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Стално ми била пример како натурализиран играч кој давал 100% на терен за Македонија. Беше и клучен играч во онаа последна голема победа, против Франција во 2012 на Кале.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255

Kajgana Shop

На врв Bottom