Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
30 мај 2019
Мислења
825
Поени од реакции
1.375
Ај Романија е една од подобрите опции. Без Неагу се доста слаби. Мене ми е повеќе како ние ќе изиграме, ама Романките се мачеа со Фарски Острови и едвај ја добија Украина дома во квалификациите. Не дека очекувам нешто, ама мислам дека во реваншот можат барем со еден-два да победат.. ако играат.

Ти се спремаш да гледаш УФЦ или бараж у ракомет
Таман сега превртување на Неагу.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.507
Поени од реакции
15.198
Ај Романија е една од подобрите опции. Без Неагу се доста слаби. Мене ми е повеќе како ние ќе изиграме, ама Романките се мачеа со Фарски Острови и едвај ја добија Украина дома во квалификациите. Не дека очекувам нешто, ама мислам дека во реваншот можат барем со еден-два да победат.. ако играат.


Таман сега превртување на Неагу.
Романија играше викендот турнир за пласман на олимписки игри, егал меч против Норвешка и ја доби Црна Гора, за жал со недоволна разлика за да се пласира на игрите.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
9.748
Поени од реакции
12.215
Романија играше викендот турнир за пласман на олимписки игри, егал меч против Норвешка и ја доби Црна Гора, за жал со недоволна разлика за да се пласира на игрите.
Дан ти е криво шо не се пласирале романките на ОИ?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
825
Поени од реакции
1.375
Романија играше викендот турнир за пласман на олимписки игри, егал меч против Норвешка и ја доби Црна Гора, за жал со недоволна разлика за да се пласира на игрите.
Знам, ама формата нивна во последните 3 години е бајаги падната. После ЕП 2018, не се на некое јако ниво и имаа доста двоцифрени порази (Од Јапонија изгубија катастрофално на последното СП, баш ја гледав репризата на таа утакмица). Овие квалификации за ОИ мислам беа последна шанса за Неагу да направи нешто повеќе на ОИ со Романија.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.819
Поени од реакции
83.078
Ќе можеме барем еден меч асален да им одиграме?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.819
Поени од реакции
83.078
Полувреме доста е? :P
Па ваљда не :/
Не беше ова реторичко моево прашање, стварно ме интересираше пошто не пратам ептен, ама знам Романкиве треба да се солидни со Букурешт во ЛШ на пример, а и чинам топ 4 беа пред пар првенства негде

Дали една добра утакмица е доволно да кажеме дека имаме напредок и дека можеме да извадиме нешто интересно на домашен терен?

Не знам каде се романкиве во европскиов/светскиот ракомет и дали ни се сериозен тест за нас или разликата е во класи и лагано ќе не решат со 7 разлика уште у прва текма? :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
4.362
Поени од реакции
5.745
По таа логика и Македонија треба да се солидни со ЖРК Вардар што беше 4 години на фајнал фор, така? :D
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.018
Поени од реакции
3.052
Па ваљда не :/
Не беше ова реторичко моево прашање, стварно ме интересираше пошто не пратам ептен, ама знам Романкиве треба да се солидни со Букурешт во ЛШ на пример, а и чинам топ 4 беа пред пар првенства негде

Дали една добра утакмица е доволно да кажеме дека имаме напредок и дека можеме да извадиме нешто интересно на домашен терен?

Не знам каде се романкиве во европскиов/светскиот ракомет и дали ни се сериозен тест за нас или разликата е во класи и лагано ќе не решат со 7 разлика уште у прва текма? :D
Се зезав, знам дека ти беше реторичко прашањето :D

Не знам до каде се ама против Црна Гора изгледаа озбилно, имаа негатива од 2 гола на некои 3-4 мин пред крај мислам и им ја свртеа за да ги добијат 2 мислам. Неагу им е Кире што е за нас, е сеа без неа не знам како функционираат ама пак мислам како колектив дека се поквалитетни
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.819
Поени од реакции
83.078
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.018
Поени од реакции
3.052
Еврокуп освоен од Шпанија?! Кога било ова и како сум го испуштил
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
825
Поени од реакции
1.375
Еврокуп освоен од Шпанија?! Кога било ова и како сум го испуштил
Играа Шпанија и домаќините на ЕП 2020, Шведска, Норвешка и Австрија, како квалификациска група секој со секого во термини кога се играа квалификациите. Тоа беше еврокупот.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
5.018
Поени од реакции
3.052
Играа Шпанија и домаќините на ЕП 2020, Шведска, Норвешка и Австрија, како квалификациска група секој со секого во термини кога се играа квалификациите. Тоа беше еврокупот.
Не знаев за ова, а рака на срце па не ни беше нешто маркетирано за да добие на популарност
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
825
Поени од реакции
1.375
Сара Ристовска со ЦСКА се пласираше на Финал 4 во женската Лига на шампиони,инаку Сара постигна 7 гола и беше прв стрелец во нејзиниот тим.:oeoeoe:
Се навежба против Букурешт за утакмиците со Романија. :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom