Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Посебен ќеф ми направи победата над Полска во полуфиналето. На женскиве традиционално не им лежела Полска во било која конкуренција (мислам пред 2 или 4 години играше една младинска екипа против Полска дом и доживеа потоп). Исланд знаев дека ќе падне (Исланд за разлика од Полска им лежел на женскиве ко по обичај). Браво за девојките и браво и за Савевски. Со него и другата репрезентација не се изрезили во Скопје и беа баш конкурентни.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Можеби и постои каква-таква надеж за македонскиот женски ракомет. :)

Не гледам мечеви на младински категории кога се во прашање жени, но можеби треба да почнам. Браво!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И тоа интересно е дека сме пред Исланд на второ и Шпанија на трето место. Земји против кои традиционално си имаме проблем во ракомет.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
417
Поени од реакции
342
Ми се допаѓа проектов на Ѓорче Петров со тренеров Оливер Димитриоски. Во екипата има и три сениорски репрезентативки на Македонија - Симона Стојановска, Анастасија Николовска ( моментално е повредена) и Наташа Антиќ која има големо искуство од големи натпревари.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
И тоа интересно е дека сме пред Исланд на второ и Шпанија на трето место. Земји против кои традиционално си имаме проблем во ракомет.
Жените имаат позитивен исход и со Исланд и Шпанија. Шпанија во било кој спорт била mission impossible да се победи, ама во женски ракомет имаме позитивен исход за чудо. :D
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Новиот селектор го објави поширокиот список за подготвителните пријателски утакмици со Црна Гора во октомври. Интересно е што и во вака широкиот список нема место за некои што беа недопирливи со Симе. Баш ме интересира на скратениот кои ќе се најдат, а и како ќе се претставиме на овие две утакмици. Иако тоа ќе биде прв собир на ракометарките под Савевски и практично пред првиот меч ќе имаат само неколку тренинзи заедно.
https://24rakomet.mk/савевски-објави-поширок-список-35-рако/
 
Не знам од која причина се земени некои ракометарки, ама пола од нив не заслужуваат да бидат на список, немаат голема минутажа во Супер лига.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Денес почнуваат квалификациите за ЕП што ќе се игра во Македонија, Црна Гора и Словенија. Групите горе долу се очигледни, освен можеби групата 4 каде се Франција, Хрватска, Чешка и Украина, а тука мислам секој на домашен терен може да победи, па и Франција да киксне на гости. Интересна е групата 1 каде за второ место ќе се борат Полска и Швајцарија. Полјакињите назадуваат, а мислам дека и Кудлач им откажа. Во втората група може да биде интересно меѓу Австрија и Романија, па и Фарските Острови да земат некој бод.
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Утре играме со Црна Гора во Борис Трајковски со почеток во 20:15 часот.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Првово полувреме така-така, ама генерално слабо со оглед на тоа колку репрезентативки им фалат на Црна Гора. Кај нив се се одвива преку Итана Грбиќ. А баш би сакал да ги рокнеме, поготово колку ми се одвратни двете плачки на клупа на Црна Гора. :sick:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Јас одамна имам изгубено надеж кога е во прашање женскиот ракомет кај нас, но вака индивидуално ме радува напредокот во играта на Мицевска и на Гичевска.
 
Член од
11 август 2017
Мислења
417
Поени од реакции
342
Црна Гора во Скопје дојде без 10 стандардни ракометарки, од првата постава играа само Грбиќ, Вујкчевиќ и Мугоша. Буквално Грбиќ само ја победи Македонија............
 
Член од
24 август 2021
Мислења
93
Поени од реакции
255
Добро, не дојдоа баш без 10, но неколку од најјаките не играа. Тоа е, физичката подготвеност уште непочната утакмицата ја прави разликата. Додека не се реши тоа, дали ќе се прави женски тим на РК Алкалоид кој ќе го води овој тренер од следна сезона кога Лазаров ќе се преземе машкиот, дали ќе им се дава насоки на домашни тимови и со нив да се работи на тоа, не знам, но доколку сакаме да мрднеме од точката, тоа е прво. И овие сите што играа денес од Црна Гора или се во океј екипи во странство или во Будучност, каде од младинските категории ги учат на тој нивен систем. Кај нас според она што го видов само Ристовска и Мицевска, и Гичевска донекад е во добра физичка форма, се гледа дека тренираат на повисоко ниво. И тоа Гичевска игра во втора француска лига... па сега видете на кое ниво е нашето првенство. Најкриво ми е што идиотката Грбиќ ја направивме да изгледа како Лекиќ во најдобри денови.
 
Разликата е во тоа што поголемиот дел од Црногорките кога имаа 17-18 години добиваа шанса во Лига на шампионите и на европски и светски првенства, нашиве ракометарки играат Челинџ купови со косовски екипи. На реваншот сега во недела ќе играат Радичевиќ и Мехмедовиќ, па разликата во квалитет ќе биде поголема за Црна Гора.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom