Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Состав на машката репрезентација:
Зоран Петковски (Вардар Про), Петар Ангелов (Пелистер Кометал), Петар Мисовски (Силкеборг, Данска), Борко Ристовски (Металург) - голмани, Александар Јовиќ, Стевче Алушевски, Ванчо Димовски, Александар Зарков, Бранислав Ангеловски, Игор Николовски, Наумче Мојсовски (сите од Пелистер К.), Владимир Темелков (Фулинген, Германија), Иван Марковски, Владо Недановски, Аце Јоноски, Марјан Колев (сите од Вардар П.), Златко Димитровски (В.В. Тиквеш), Иван Телепњев (Младост), Кире Атанасовски (Вилефранш, Франција), Филип Лазаров (Металург), Кирил Лазаров (Фотекс, Унгарија), Лазе Мајнов (Загреб, Хрватска) и Сергеј Турченко (Младост).
при што до заминувањето на турнирот во Португалија треба да отпаднат неколку имиња од списокот
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Состав на унгарската репрезентација Нандор Фазекаш (Нетелштет, Германија), Габор Сенте (ПИК) - голмани, Петер Татаи (Ѓер), Даниел Будаи, Ѓула Гал, Герго Иванчик, Карлос Перез (Фотекс), Ференц Илеш, Балаж Лалушка, Атила Вадкерти (ПИК), Ласло Наѓ (Барселона, Шпанија), Гергели Харшањи, Мате Јожа, Тамаш Фреј, Петер Лендваи (ПЛЕР), Гергели Тарнавелѓи, Чаба Томбор (Њиреѓихаза), Габор Херберт (Ѓер) и Тамаш Иванчик (Татабања).
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Македонија го освои првото место на турнирот во Португалија по победите над домаќинот Португалија, ремито со Египет и победата над Холандија. Сето ова е добра увертира пред бараж натпреварите со Унгарија.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Пффт. Убаво не спуштија унгарците на земја. Незнам каде, ама прочитав дека идевме на "сигурна" предност за во реваншот од 15 разлика! Смешки еј! :roll:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
катастрофа

Унгарија-Македонија 36-25
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Reprezentacii

РФМ ОДБРА НОВ СТРУЧЕН ТИМ ЗА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Стрезовски нов селектор
Гино Стрезовски е новиот селектор на македонската сениорска репрезентација. РФМ вчера ја објави оваа вест дополнета со Илија Темелковски, кој ќе биде тренер на репрезентацијата и со списокот од 19 ракометари кои во понеделник ги почнуваат подготовките за квалификациите за пласман во баражот.

Гино Стрезовски бил селектор на јуниорската репрезентација на Македонија и на женската сениорска репрезентација на Македонија. Патем со женската сениорска репрезентација нема одиграно ниту еден натпревар. По тоа работеше во најдобрите македонски клубови, со Вардар има двојна круна, а со Металург две финалиња.

Илија Темелковски во моментов работи како тренер на Пролет, откако се врати од Бугарија. Темелковски е најуспешниот македонски селектор. Со јуниорската репрезентација на Македонија освои 4. место на Европското првенство кое се одржа во Полска. Стрезовски и Темелковски доаѓаат на местото на Зоран ЖивковиЌ и Стојан Петрушевски кои не успеаја во квалификациите да ја минат репрезентацијата на Унгарија. Не би требало да има никакви проблеми околу соработката меѓу Стрезовски и Темелковски.

Првичниот избор на споменато дуо носи некои промени, во играчкиот кадар. Најголема промена се чини дека е неповикувањето на поранешниот капитен Иван Марковски во тимот. Не е повикан и голманот на Трембле, екс-Пелистер, Петар Ангелов, но по неговото недоаѓање на мечевите со Унгарија тоа и беше за очекување. Раде Стојановиќ е повратник во репрезентацијата. Владимир Митков, кој според извештаите е еден од носителите на второлигашот Вилштат-Шутервалд од Германија, и овој пат остана во втор план, зад Лазаров и Мајнов на десната бековска позиција. Во екипата го нема ниту Ацо Јоноски. Тој сега игра во Швајцарија, но имаше проблем со повреда и можно е да е тоа првата причина што сега го нема меѓу 19 ракометари. Иван Телепњев од Младост, кој беше натурализиран пред баражот со Унгарија, обезбеди место во поширокиот состав. Од генерацијата која Темелковски ја воедеше во Полска во игра се само Борко Ристовски, Филип Миркуловски и Филип Лазаров. Горан Кузманоски, Владимир Тасевски и Митко Стоилов, кои во тоа време беа важни играчи во тимот не се во комбинација за овој репрезентативен состав.

Македонија во квалификациите ќе се сретне со тоталниот аутсајдер Кипар, нешто подобрата селекција на Естонија и топ-фаворитот за првото место во групата, репрезентацијата на Чешка.

"Се договоривме за двегодишна соработка со директорот на репрезентацијата Михајловски. Сето ова нормално мора прво да мине на УО. Имам размислувано за стратегија со која македонската репрезентација би можела да излезе од кризата, ќе бидат вклучени повеќе играчи, некои од нив во моментов не се на списокот, но би можеле наскоро да бидат репрезентативци. Има пред нас, многу работа, наскоро ќе можам да зборувам и за повеќе детали", изјави селекторт Гино Стрезовски.


МАКЕДОНИЈА

Петар Мисовски Голман Нит-Хак (Норвешка)

Борко Ристовски Голман Теукро (Шпанија)

Зоран Петковски Голман Вардар Про

Стевче Алушевски Л.Крило Вардар Про

Владо Недановски Л.Крило Вардар Про

Александар Јовиќ Д. Крило Ф.Бриксен (Италија)

Владимир Темелков Д.Крило Вилштат (Германија)

Наум Мојсоски Центар Вардар Про

Марјан Колев Центар Замет Риека (Хрватска)

Филип Миркуловски Центар Металург

Бранко Ангеловски Л.Бек/Центар Металург

Кире Лазаров Д.Бек Веспрем (Унгарија)

Лазо Мајнов Д.Бек Трембле (Франција)

Кире Атанасовски Л.Бек Вилфранш (Франција)

Раде Стојановиќ Л.Бек Голд Клуб (Словенија)

Иван Телепњев Л.Бек Младост

Лазаров Филип Л.Бек Металург

Ванчо Димовски Пикер Металург

Александар Зарков Пикер Пелистер
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Reprezentacija

Vo ovaa tema slobodno kje mozhe da pishuvame za mashkata selekcija vo rakomet na Makedonija na site nivoa. Povelete so vashite komentari i zabeleshki, mislenja za sostavot taktikite i sluchuvanjata pred i po sekoj mech na nashata selekcija.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Гино дебитира со Грција

Македонија ќе одигра две контролни меча, со Грција и со Египет. Јуниорската репрезентација ќе игра четири натпревари со грчки екипи.

Новиот македонски селектор Гино Стрезовски ќе дебитира на кормилото на македонската сениорска репрезентација на 27 декември против селекцијата на Грција. Ден подоцна репрезентацијата ќе ги одмери силите и со избраниот тим на Египет. Тоа ќе бидат двата подготвителни меча со кои македонскиот тим ќе треба да да ја достигне потребената форма за настапот во претквалификаициите за пласман во баражот пред СП Германија 2007 година.

"Деновиве интензивно работиме на кратка стратегија за претстојните квалификации. Внимаваме нашата сегашна работа во целост да се поклопува и со плановите, нашата стратегија кон која ќе треба да се приджуваме и во следните две години", изјави Гино Стрезовски.

Дали изоставувањето на неколку досега стандардни играчи е дел од таа стратегија?

"Да, неколку играчи кои досега постојано без во потесен избор сега веќе не се во комбинација. Јас не се откажувам од никого, но ќе ги одбирам само тие за кои мислам дека во моментот можат да пружат најмногу. Без сентименталности", изјави Стрезовски.

Дали ова е идеалниот список?

"Јас сметам и на Горан Ѓоргоноски, но тој е повреден, рековалесцент и мислам дека во овој момент не може да пружи тоа што од него го очекувам. Данило Брестовац и Петар Ангелов според статистиките не се во ланската форма и затоа решив шанса да добијат Мисовски, Ристовски за кои стигнуваат многу позитивни критики и Петковски, за кого имам комплетен увид во формата. За Кузманоски немам комплетни информации во каква форма игра и сл. Митков е еден од играчите од кого исто така не се откажувам, а ќе има и други, но да не претерувам сега со набројување имиња"", вели Стрезовски.

Откази од објективни причини?

Освен Ѓоргоноски, и Ацо Јоноски е повреден и ќе мора на операција и тоа е единствената причина поради која не е во репрезентацијата. Горјан Анастасивски исто така е повреден и мислам дека и тоа ќе треба да се оперира и затоа решив шанса да му пружам на Недановски за кого имам многу позитивно мислење".

На каква стратегија конкретно се работи?

С$ уште многу работи не се искристализирани и затоа во овој момент не би сакал да зборувам премногу на таа тема. Во секој случај реперзентацијата ја очекуваат многу промени во следниов период. Сега мораме да смислиме како најефикасно тоа да го изведеме", изјави Стрезовски.

Сенирите се собираат на 19 декември, по завршувањето на мини-турнирот во Грција се враќаат во Македонија каде ќе одработат неколку тренинзи до 30 декември, а по тоа ќе бидат слободни до 2 јануари. Подготовките ќе се одвиваат во Кавадарци.

Р. Ѓамовски



ПОДГОТОВКИ ЗА СП 2007

Контроли и за јуниорите

Заедно со сениорската репрезентација на Македонија во Грција ќе патуваат и јуниорите. Со тоа почнуваат подготовките на македонскиот тим за СП 2007 чиј домаќин е Македонија. Јуниорската репрезентација во Грција ќе одигра четири натпревари со грчки екипи чии имиња дополнително ќе бидат објавени.



ПЕХ СО ПОВРЕДА НА МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ

Јоноски на операција

Ацо Јоноски не е на списокот на репрезентацијата затоа што најверојатно повредата заработена во дресот на швајцарскиот Ст. Гален ќе мора да биде санирана со операција. Јоноски бил предвиден за настап во плановите на Стрезовски-Темелковски, но ќе мора да почека подобри времиња за повторно да се види во репрезентативниот дрес.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Александар Јовиќ од семејни причини го откажа настапот за сениорската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во 2007 во Германија.

Во разговорот со генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Марјан Начевски, и со селекторот Гино Стрезовски, Јовиќ, кој настапува во италијанскиот тим Бриксен, ги известил дека нема да може да учествува во подготовките и во настапот на репрезентацијата на претстојните квалификации, но доколку има потреба подготвен е да дојде и да и помогне на репрезентацијата на последниот квалификациски дуел против Чешка.

По откажувањето на Јовиќ, од првично повиканите ракометари на позицијата десно крило останува само Владимир Темелков.

Како дополнителна алтернатива за оваа позиција се поранешниот капитен на репрезентацијата Иван Марковски од Пелистер и Александар Петровски од Вардар Про.

- Други откажувања нема, но сепак прво да видиме кој се ќе дојде и како ќе поминат првите тренинзи, па потоа ако има потреба, дополнително ќе повикаме некои играчи - вели селекторот Стрезовски.

Репрезентацијата синоќа (19 ч.) во СРЦ Кале го имаше првиот собир во скратен состав со десетте ракометари што настапуваат во македонските клубови и од интернационалците само со Лазе Мајнов, кој игра во Трембле (Франција).

Денеска и утре од репрезентативците-интернационалци треба да пристигнат Кире Лазаров (Унгарија), Петар Мисовски (Норвешка), Владимир Темелков (Германија) и Кире Атанасовски (Франција).

Борко Ристовски, кој настапува во Шпанија, најавил дека ќе пристигне в четврток.

Поради клупските обврски, на репрезентацијата последни ќе и се приклучат Марјан Колев (Хрватска) и Раде Стојановиќ (Словенија).

Тие ќе ги пропуштат и двата контролни натпревари со селекциите на Грција и на Египет, закажани за 27 и 28 декември во Катерини, Грција.

Другиот дел од подготовките до почетокот на квалификациските натпревари ќе се одвива во Скопје.

Првиот натпревар Македонија го игра против репрезентацијата на Кипар, на 3 јануари во Гевгелија, каде што еден ден потоа ќе се одигра и реваншот.

Следуваат двата меча со Естонија, на 11 јануари (Кехра) и на 15 јануари (Охрид). На крајот двомечот со Чешка е на 18 (Скопје) и на 21 јануари (Плзен).

Првопласираната репрезентација во групата ќе игра во баражот за пласман на СП 2007.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Висок пораз од Грција[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Гино Стрезовски имаше неславно враќање на кормилото на нашата машка ракометна репрезентација. Во првиот контролен меч од подготовките за квалификациите за СП 2007, што почнуваат за нешто помалку од една недела, нашите најдобри ракометари доживеаја висок пораз од домаќинот Грција со 35:29 (17:15). Штурите информации од Катерини кажуваат дека избраниците на Стрезовски одиграле недоволно колективно, што е забележливо и од листата на стрелците, на која што водат Лазаров и Мојсоски со по девет гола.
Нашата репрезентација вчера попладне имаше можност за поправање на впечатокот во дуелот со Египет.
[/FONT]
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кипраните, сепак, се аматери[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Кипар беше идеална можност за добар старт на квалификациите за СП 2007 во Германија. Кипраните, сепак, се аматери за нас и впишувањето на првите два бода на нашето конто во ниту еден момент не беше доведено во пра[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МАКЕДОНИЈА - КИПАР 32:23 (16:9)
КАВАДАРЦИ. - Сала "Јасмин". Гледачи: 2.000. Судии: Алиев и Агакишиев (Азербејџан).
МАКЕДОНИЈА: Мисовски (8+2), Ристовски (12), Мајнов 4, Петровски 3, Алушовски 2, К. Лазаров, Ангеловски 4, Телепњев 1, Јовиќ 1, Мојсоски 2, Димовски 5, Ф. Лазаров 7, Стојановиќ 3.
Седмерци: 4-2. Исклучувања: 8 мин.
КИПАР: Економу (10+1), Кулишер, Михаелидис 2, Софоклес, Цивикос 1, Пелагијас 2, Константину 5, Јеридес 2, Георгиу, Аргиру 3, Мавроматис 2, Маркидес 2, Папаисијас 1, Папакипријану 2.
Седмерци: 4-2. Исклучувања: 4 мин.

Кипар беше идеална можност за добар старт на квалификациите за СП 2007 во Германија. Кипраните, сепак, се аматери за нас и впишувањето на првите два бода на нашето конто во ниту еден момент не беше доведено во прашање. Разликата во квалитетот беше очигледна, и покрај тоа што селекторот Стрезовски постојано правеше комбинации со својот состав.
Единствениот кој не доби шанса беше капитенот Кире Лазаров. Бидејќи немаше потреба да се ризикува со неговото повредено колено, Стрезовски го одмораше на клупата. Пред почетокот на мечот, РФМ му врачи плакета на Лазаров за признанието најдобар десен бек во светот, што му го додели францускиот спортски дневник "Л'Екип". И без Кире на паркетот, повторно еден Лазаров беше најефикасниот поединец во нашиот тим, ама неговиот помлад брат Филип.
Сите што излегоа на паркетот постигнаа барем по еден гол, додека голманите придонесоа за победата на свој начин, при што Борко Ристовски остави најдобар впечаток во нашата репрезентација.
Бидејќи Кипраните решија двата меча да ги играат во Македонија, реваншот беше закажан за синоќа, исто во Кавадарци.
[/FONT]
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Во вториот натпревар нашата селекција ја победи репрезентацијата на Кипар со резултат 33-20,
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Anonymus1 напиша:
Во вториот натпревар нашата селекција ја победи репрезентацијата на Кипар со резултат 33-20,
Најинтересен момент од натпреварот беше „тепачката“ со Телептњев. За малку и можеше да стане многу посериозно. Добро што ги смирија нашиве... :wink:

Најинтересен момент само затоа што беше еден од најдосадните натпревари што сум ги гледал. Ептен рутински ги победивме. Симултанка. :wink:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
добра работа што има нови млади играчи што ке собираат искуство за наредните години
 

Kajgana Shop

На врв Bottom