Мислам дека настапот на момците беше и повеќе од успешен и тие ја остварија својата цел. Не менува толку дали ќе отпадневме сега или наредниот дуел, никој немаше никакви очекувања ниту амбиции, дојдовме како тотален аутсајдер, се што направивме беше еден огромен плус и одржана лекција како се остава секој атом сила во салата. Е сега, главната цел на овој настап е јавноста да обрне повеќе внимание на одбојката како спорт, а тоа да повлече интерес на нови млади деца да се занимаваат со овој спорт, а тоа би повлекло отварање нови школи за одбојка и поголеми инвестиции во овој спорт (да размислуваме како да сме нормална држава). Па кој знае може токму следната генерација ќе биде многу поуспешна и ќе бидеме освен ракометна, и одбојкарска нација. Пред да играат одбојкарите европсково, процентот на населението кое ги знае барем правилата одбојка и гледало некоја утакмица беше помал од 1%, одбојка претставуваше само спорт кој девојчињата го играа во средно и основно, дур не ги рогне некој од машките со топка по глава дека не им дале надвор да играат фудбал па во сала си подаваат (реално). Евентуално термин на плажа да закаже некој еднаш во животот и тоа едвај, бидејќи на бројчето оставено на таблата град Скопје се јавувал или недостапен бил, па барал преку 10 луѓе кој е бројот да закаже бесплатниот термин. Тоа е реалноста, верувам дека имаме потенцијал да ја промениме. Допрва ќе се зборува за одбојката во Македонија, горди сме на вас момци !