Македонска берза

Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
И покрај сите обвинителни акти, и покрај тоа што веќе има и пресуди за прислушувањето и покрај јавното сведочење на Ѓорѓи Лазаревски дека тој ги зел од МВР прислушуваните разговори и ги дал на Верушевски и покрај сите други купишта докази во кои се дават судовите, буквално од кутии со докази канцелариите на судиите се пренатрупани, итн., итн., - пак некој требало да докажува кој прислушкувал.

Искрено мислев дека инвеститорите се рационални луѓе. Но груевизмот оставил тешки последици во земјава...
Кај е таа пресуда бе рационален? Де стави линк да прочитаме[DOUBLEPOST=1539202653][/DOUBLEPOST]На тој Груевски треба до земја да му се поклони секој што купил една акција у државичено. Ги напуни фирмине со кеш. Кој ги купи тие ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЕВРА акции што странскиве фирми и лица ги испродадоа во последниве 15 месеци. 15 месеци немало ЕДЕН месец странците да не излегуваат од МСЕ. Кај ќе беше индексот да не го спасеа домашни фирми? Знаеш колку ќе ти беа битни твоите кеш флоу чартови?

У корумпирана земја камен нема да остане, а не такво богатство да се створи. Ама на кого да објаснуваш за стварање на вредност, у држава 90% задоена со најтежок комунизам
 
Последно уредено:
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373

Груевски ја изрекетира цела земја и физички и правни лица за на крај да ги наполни на него блиските компании со кеш и со измислени проекти. До прва ќе излегуваат сите глупости на пастирот, а како што ми изгледа ќе стигне до збирна 1001 година затвор.

Ми зборуваш за комунизам, а во претходната реченица кажуваш дека позитивно било Груевски што како државник ги полнел компаниите со пари, од странски долгови. Алооооо тоа е комунизам, кога државата се меша на пазарот и определува кој ќе биде успешен, а кој не. Во нормална пазарно ориентирана економија државата треба само да создаде услови за фер игра, а не да ги полни блиските компании.

Пресудите до сега кои прозилегоа од прилушкуваните разговори:
upload_2018-10-10_22-37-32.png [DOUBLEPOST=1539204134][/DOUBLEPOST]И овој Ѓоко Поповски токмакот, ги наполни авто дистрибутерите, со купување на стотици полициски коли со лудо повисоки цени. Еве сите ќар имаме од тоа. Или од денеска што е новото, дека ги наполниле кинезите за лудо високите цени за двокатните автобуси.

Ама тоа е, кој каснал од трошките на Грујо, ќе го брани до крај.

И да од што беше Грујо позитивен за берзата, Индексот нагло почна да расте од како тој замина во историјата.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Груевски ја изрекетира цела земја и физички и правни лица за на крај да ги наполни на него блиските компании со кеш и со измислени проекти. До прва ќе излегуваат сите глупости на пастирот, а како што ми изгледа ќе стигне до збирна 1001 година затвор.

Ми зборуваш за комунизам, а во претходната реченица кажуваш дека позитивно било Груевски што како државник ги полнел компаниите со пари, од странски долгови. Алооооо тоа е комунизам, кога државата се меша на пазарот и определува кој ќе биде успешен, а кој не. Во нормална пазарно ориентирана економија државата треба само да создаде услови за фер игра, а не да ги полни блиските компании.

Пресудите до сега кои прозилегоа од прилушкуваните разговори:
Прегледај го приврзокот 197929
Тие пресуди се за прислушкуваните. Камо пресуди за прислушкувачите?

Да може да го осудат и на 1002 години, пошто МК е резил држава со тоталитарни манири во кое судот и власта се едно те исто.

Инаку во Груево време МК беше топ десет во Дуинг бизнис листата, Топ квартал на Херитиџ листата, и топ третина на Фрејзер институт листата. Овие три се водечки мерила за СЛОБОДНА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА. А во 2006та кога превзема власт се рвавме меѓу Уганда и Сомалија.

Само едно ќе кажам: тешко и’ се пишува на Македонија со ваква заваденост во општеството. Завади па владај, стара финта ама ете, уште пали
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Добро, доста беше. Намерно ве оставив полабаво да се излуфтирате, вие почнавте со навреди еден спрема друг, уште малку ножеви ќе извадите.
Имате тема за дневна политика, таму терајте вакви муабети. Берзата опстојува и ќе опстои без оглед кој криминалец политичар е на власт.
Малку пауза па се враќаме по рекламите.
 
Ако си видел кои се критериумите за Дуинг Бизнис Листата ќе знаеш дека тоа е само на хартија, а ние за тоа сме навистина шампиони. Регистрирање на фирма за 1 ден, и слични такви глупости... Нити достапност на капитал, нити ништо.

Кој живеел тука во овој период знае како беше, и колку државата беше заробена. Нешто незамисливо за европска држава во 21 век.
Засега овие новиве ништо не се подобри. Една работа е што не фукаат пари во глупи проекти колку да има нешто да се работи и да фингираат зголемување на раст на БДП, со позајмени пари кои ги земаа со многу високи камати.

Никогаш не сум бил член на партија, но сум бил симпатизер на десно ориентираната демо-христијанска партија која би требало да се залага за слободна пазарна економија. Конрад Аденауер пробаа политички и економски да ги образуваат, но членовите го сакаат камшикот од водачот.

Не гледам потреба од ова. Јас не навредувам никого како личност, туку нечие нерационално расудување на одредена тема. Има разлика.
Ниту пак јас се најдов увреџен од некој од претходните коментари. Нека си има дебата, здрава е за општеството.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.020
Поени од реакции
12.522
Груевски ја изрекетира цела земја и физички и правни лица за на крај да ги наполни на него блиските компании со кеш и со измислени проекти. До прва ќе излегуваат сите глупости на пастирот, а како што ми изгледа ќе стигне до збирна 1001 година затвор.

Ми зборуваш за комунизам, а во претходната реченица кажуваш дека позитивно било Груевски што како државник ги полнел компаниите со пари, од странски долгови. Алооооо тоа е комунизам, кога државата се меша на пазарот и определува кој ќе биде успешен, а кој не. Во нормална пазарно ориентирана економија државата треба само да создаде услови за фер игра, а не да ги полни блиските компании.

Пресудите до сега кои прозилегоа од прилушкуваните разговори:
Прегледај го приврзокот 197929

И овој Ѓоко Поповски токмакот, ги наполни авто дистрибутерите, со купување на стотици полициски коли со лудо повисоки цени. Еве сите ќар имаме од тоа. Или од денеска што е новото, дека ги наполниле кинезите за лудо високите цени за двокатните автобуси.

Ама тоа е, кој каснал од трошките на Грујо, ќе го брани до крај.

И да од што беше Грујо позитивен за берзата, Индексот нагло почна да расте од како тој замина во историјата.
Се` што спомна е жалосно и вистинито, но уште пожалосно е тоа што пвеводбеничкиот пастир и неговите најблиски соработници нема да поминат ниту 1 (ЕДЕН) ден на одмор позади затворски решетки од таа 1001 година.

За пример го имаш Владо Бучковски - осуден за корупција од сите судови, за на крај да биде ослободен од страна на Врховниот Суд.

Историски, од 8 септември 1991 па наваму, ниту еден македонски премиер не заминал на одмор позади затворски решетки, не само бидејќи и власта и опозицијата ги водат криминалци, туку исто така и бидејќи секогаш тие кои се на власт се` свесни дека некогаш во иднина ќе заминат во опозиција, а овие кои сега се опозиција некогаш во иднина ќе дојдат на власт, па ако овие од сегашнава власт испратат некоја голема риба од сегашната опозиција, односно идната власт, на одмор позади затворски решетки, истата судбина ја чека и некоја од големите риби од сегашната власт, односно идната опозиција.

Ене ти ја Хрватска како пример - полноправна држава членка на НАТО и на ЕУ, кривично гонеше свој поранешен премиер - Иво Санадер - кој со своето двојно хрватско и австриско државјанство фати џаде за Австрија за да се спаси од кривично гонење во Хрватска, но сепак Австрија го екстрадираше назад во Хрватска, каде што беше осуден и затворен.

Вака навидум делува како да функционира правниот систем во Хрватска, но за жал тоа е само првото полувреме, бидејќи во второто полувреме, Санадер заврши ослободен - за волја на вистината, сеуште се влечка по судови, но сепак е слободен - после 5 години поминати делумно во притвор и делумно на одмор позади затворски решетки, а неговата политичка партија ХДЗ после 4 години поминати во опозиција се врати на власт, а сегашниот премиер на Хрватска - Андреј Пленковиќ - е еден од најголемите пулени на Санадер.

Ете ти пример за тоа колку кривичното гонење навистина доведува до спроведување на правдата во држава како Хрватска, па можеш само да замислиш колку навистина СЈО ќе истера правда тука во Македонија.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Бетон не направил ништо противправно. Си дал понуда според негова проценка. Овој Лукавиот знаел дека има поевтина а ја прифатил поскапата. Бетон што правел после со парите тоа е друг муабет.
Наивно е да се верува дека Бетон е чист, овде станува збор за однапред договорна зделка која што го оштетува Телеком.

"Нагласуваме дека ДГ Бетон како правно лице претходно никогаш нема давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното работно искуство."

Инаку оваа "чесна" компанија се појавува и во случајот Талир за нелегално финансирање на ВМРО

"„Првоосомничениот овозможил за ВМРО-ДПМНЕ да бидат обезбедени услуги од ГП Бетон Скопје преку јавна набавка. Има основано сомневање дека второосомничениот склучил договор за коинвеститорство од 79 милиони денари, а вкупните вложувања на Бетон биле 556 милиони, од кои 442 милиони била вредноста на објектот, а 131 милион денари биле уплатени на сметка на партијата на име регулирање на меѓусебните права и договори за коинвеститорство. Ова всушност било донација на Бетон за ВМРО-ДПМНЕ. Според законските одредби, преку договор за јавни услуги, оваа компанија не можела да биде и донатор."
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Луѓе дај баталете гола политика . . .
Денес берзата силно зелено, а Вие за политика сте се грабнале . . .
Никој не ја искоментира причината за овој силен денешен раст . . .
Тоа се очекувањата за голем раст на економијата во третото полугодие е причината..
https://republika.mk/968585

п.с.
Додека дојде тоа трето полугодие јас сум во зимски сон . . .
Кешот е закон сега . . . Мислам дека ова може да паѓа уште малку . . .
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.947
Поени од реакции
15.097
Инаку не се спомна денес дека месната индустрија има 30% раст на производствито и 60% раст на извозот, како резултат на временото укинување на царините за замрзнато свинско месо.
Веста беше поврзана со мик и бим ама претпоставувам и пкб има удел во овој раст.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Ако си видел кои се критериумите за Дуинг Бизнис Листата ќе знаеш дека тоа е само на хартија, а ние за тоа сме навистина шампиони. Регистрирање на фирма за 1 ден, и слични такви глупости... Нити достапност на капитал, нити ништо.

Кој живеел тука во овој период знае како беше, и колку државата беше заробена. Нешто незамисливо за европска држава во 21 век.
Засега овие новиве ништо не се подобри. Една работа е што не фукаат пари во глупи проекти колку да има нешто да се работи и да фингираат зголемување на раст на БДП, со позајмени пари кои ги земаа со многу високи камати.

Никогаш не сум бил член на партија, но сум бил симпатизер на десно ориентираната демо-христијанска партија која би требало да се залага за слободна пазарна економија. Конрад Аденауер пробаа политички и економски да ги образуваат, но членовите го сакаат камшикот од водачот.

Не гледам потреба од ова. Јас не навредувам никого како личност, туку нечие нерационално расудување на одредена тема. Има разлика.
Ниту пак јас се најдов увреџен од некој од претходните коментари. Нека си има дебата, здрава е за општеството.
Така е Тендо. Сите тие Херитиџ, Фрејзер, Светска банка, се дел од таа мрежа со која раководат Грујо и братучед му Мијалков. Еве ги и ММФ сега. Им поделиле од трошките, што викаш, изеле по еден гратис сендвич, па им тераат по ќејф.

И после ја сум бил НЕРАЦИОНАЛЕН?

Бранчез, а што сме ние криви што политиката се вмешува во бизнисот? Што заробеното судство по нарачка на власта гони и рекетира крупни фирми од кои некои го сочинуваат МБИ10?

За што да збориме, за економски параметри? Во држава во која премиерот дипл економист НЕ РАЗЛИКУВА КВАРТАЛ ОД ПОЛУГОДИЕ? Бруки невидени ееееј
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.283
Поени од реакции
16.437
има нови работи, можеби повеќе се за форумот Право но и за тука.....
На овој начин, ДГ Бетон се стекнал со имотната корист од над 3,5 милиони евра, додека акционерите ( на Т-Хоме), меѓу кои и државата претрпеле штета во приходи од неостварена дивиденда.....
Добро, а кој ќе ги заштити малцинските акционери кога не остваруваат дивиденда , АКО ДРЖАВАТА НЕ Е АКЦИОНЕР, а фирмата на разни начини пере пари ??
Па го тужеа малцинските акционери газдата на МПТ, СУДОТ го ослободи !! ( демек Вуиќ бил способен)
Плус едно 15 години од повеќе фирми се испумпуваат пари, со шемата Фирмата продава и купува сопствени акции, ама со БЛОК:mad:

Да не кажувам за фирми што се на слободен пазар, има такви кај што 10 години се менува сопственоста на берза, се преку блокови, а обични акционери се со прстот во уста, ни може да продадат, ниту денда има...
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Генерацијо, излезе од ТЕЛ?
Напротив, неодамна си го појачав уделот.

Малку фалеше да се прешалтам од ГРНТ комплетно, ама реков ај че им дадам шанса уште некое време. Може ќе се оправат во ТРЕТОТО ПОЛУГОДИЕ :P
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.020
Поени од реакции
12.522
Напротив, неодамна си го појачав уделот.

Малку фалеше да се прешалтам од ГРНТ комплетно, ама реков ај че им дадам шанса уште некое време. Може ќе се оправат во ТРЕТОТО ПОЛУГОДИЕ :P
Македонски Телеком е` првата телекомуникациска компанија во Македонија која успешно тестираше 5G мобилен телекомуникациски сигнал, па од тука следува заклучокот дека повеќе од сигурно е` дека Македонски Телеком ќе биде првата телекомуникациска компанија која ќе воведе 5G мобилен телекомуникациски сигнал во Македонија.

А во меѓувреме, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком и понатаму се проширува низ населбите и градовите во кои сеуште не е достапна, што секако само дополнително придонесува за зголемување на заработувачката, а со тоа и на дивидендата.

Единствен сериозен конкурент на полето на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е` Неотел, кој и онака зависи од бакарната и/или оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во местата во кои не е достапна бакарната и/или оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел. Но додека Неотел го покрие цело Скопје, а подоцна и цела Македонија со својата бакарна телекомуникациска мрежа и со својата оптичка телекомуникациска мрежа, ќе поминат сигурно добри 5 (ПЕТ) години.

Телекабел на крајот од втората деценија од 21-от век и понатаму си играат импровизации со пуштање на оптички телекомуникациски кабли по бандери, иако од АЕК воведоа обврска за сите телекомуникациски оператори да ги пуштаат своите телекомуникациски кабли под земја, и тоа уште од 2013 година, ама ете, законите важеа само на хартија додека пвеводбениците и нивниот пастир беа на власт, а очигледно и денес законите важат само на хартија кога зајко кукурајко и плавите жолтици се на власт.

Вип дури во 2017 година ја откри оптичката телекомуникациска технологија, иако ги наследија/наследуваат оптичките телекомуникациски мрежи од кабелските телевизии кои ги купија/купуваат.

По логика на нештата, би требало да биде исплатлива инвестицијата во Македонски Телеком, и онака во Вип и во Телекабел не може да се инвестира на берза, а за Неотел не сум сигурен, бидејќи нели Неоком е` сопственик на Неотел, па ако може да се инвестира на берза во Неоком, тогаш по автоматизам се инвестира и во Неотел.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom