Македонска берза

Дискусија во форумот 'Економија, бизнис, вработување' започната од Macedonian, 3 јули 2006.

?

Дали тргувате со акции?

  1. Да, тргувам

    192 гласови
    24,3%
  2. Не

    93 гласови
    11,8%
  3. Не тргувам, ама би сакал.

    420 гласови
    53,2%
  4. Не се замарам со ова

    84 гласови
    10,6%
  1. Toma

    Toma од Бардовци + тврд со кора + ОоОоОоО

    Член од:
    22 април 2014
    Мислења:
    2.263
    Допаѓања:
    688
    Еве од неревидираниот на ТНБ
    како што гледате има скоро 3 милијадри акумулирана добивка и плус од ланските 2 милијарди добивка (550 милиони за дивиденда, 1,6 за акумулирана) ќе има над 4,5 милијарди денари кој може да ги исплати кога сака
    крај на 2018 над 4,500 милијарди (5000+ бруто по акција)
    крај на 2017 2,991милијарди
    крај на 2016 2,204 милијарди
    крај на 2015 1,207 милијарди

    [​IMG]

    Сериозен инвеститор не би ги продавал ни по цена од 13к, ако има по 10к вреди да земеш и милион евра кредит, оти кога тогаш мора да ги дадат тие пари, не верувам дека ќе ги чуваат 100 години како МТУР.
     
    Bafra, bingo, lycku и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bosko007

    bosko007

    Член од:
    16 август 2017
    Мислења:
    118
    Допаѓања:
    230
    Како нов акционер во ТНБ не очекувам чуда :) .
    Доволни ми се 10% годишен раст на акцијата и дивиденден принос од 5% .
    Влегов зошто ми беше ефтина цената мада има и поефтини ама јас таму сум премногу изложен. Паниката престана и ете ја пак на 13200 за една недела .
    Диверзификација на ризик е главната моја причина.
    Очекувам ОХБ да стигне 3* 4800 = 14400 денари за 4-5 години.
    Очекувам КМБ да стигне 7200 денари за 2-3 години.
    Очекувам ТНБ да стигне 20.000 за 2-3 години.
    Очекувам доста повеќе да заработам на ОХБ и КМБ отколку на ТНБ, но цена од 12610 за ТНБ мислам дека не се пропушта :) .
    Сите овие очекувања се ако нема 3 светски рат и нова глобална економска криза :) .

    p.s.
    Гриме редно е да го откриеш портфолиото. Па да бидеме јасни за што зборуваме.
    Вака не сме еднакви . . .
    Макар што јас никогаш не следам трендови и секогаш тврдоглаво си шибам со мојата стратегија . . . . ама добро е да ти ги видам разислувањата на дело . . .
     
    Bafra, bingo, Lucart и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Бубастис

    Бубастис

    Член од:
    17 октомври 2017
    Мислења:
    86
    Допаѓања:
    120
    Го читам објаснувањето на ТНБ и вика НБРМ ја зголемила адекватноста на капиталот за 3% во нивниот случај. Во случајот на КМБ било побарано зголемување од 4%. Плус дополнителни барања кај системски значајни банки, што сума сумарум испаѓа 14.25% кај ТНБ и 16.5% кај КМБ. ТНБ исполнува 14.3%, КМБ 15.9%, ама ете регулаторот жмури па си исплатија што исплатија. Само таа дупка ќе мора да ја затворат во 2018.

    Ете видиш не сум знаел дека сите банки се еднакви, ама некој се поеднакви од другите. Искача најубаво да си системски небитна банка, и фурај.

    Нејсе после овој тотален шок, барем за мене, ред е да видиме што понатаму. За очекување е дека двете банки ќе имаат феноменален Кв1, посебно ТНБ. Со малку математика искача дека капиталната добивка од продажбата на пензискиот фонд им е најмалку 350 М ден, додади уште толку од редовни активности, ќе дојдеме до некои 700 М за Кв 1. За крај година е реално да се додаде уште барем 1 М, значи 1,7М тотал конзервативна процена.

    Да се делат дивиденди ќе зависи најмногу од регулаторните барања, мислам да не беа овие екстра обврски ладно ќе исплатеа барем половина од добивката.

    Искрено ми е многу криво што не искочив на 14500, ама тоа е, идемо даље. За продавање е касно за купување рано, значи пак сме на ХОЛД
     
    Последно уредено: 12 април 2018
    На Bafra, bingo, Branchez и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. Zedd

    Zedd

    Член од:
    5 април 2012
    Мислења:
    6.394
    Допаѓања:
    6.852
    На Lucart му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lucart

    Lucart

    Член од:
    5 јуни 2017
    Мислења:
    22
    Допаѓања:
    10
    А се мислев да влезам кога падна до 750. Ме интересира дали падот ќе продолжи и после собрание или ќе се стабилизира. Како и да е, читајќи го написот во Фактор се прашувам дали воопшто е паметна инвестиција Гранит.Транспарентност на акционерското друштво една голема 0(НУЛА):cenzura:
     
  6. StefusRefus

    StefusRefus

    Член од:
    20 јули 2016
    Мислења:
    1.480
    Допаѓања:
    507
    TTK -10% мислам дека е пресек да акционерска книга за дивидедна. По оваа логика сите акции ќе клапнуваат за дивиденда во следниве окулу месец дена.
     
  7. bingo

    bingo

    Член од:
    28 март 2007
    Мислења:
    185
    Допаѓања:
    75
    Покрај банкиве, најверојатно наскоро индиректно нови газди ќе имаат RZLV и RZLE.
    http://www.lessentiel.lu/fr/economi...-pourrait-ceder-le-site-de-Dudelange-22487352

    ArcelorMittal ќе продаваат дел од погоните во европа, за да добијат дозвола за купување на ILVA во Италија. До продажба мора да ги држат во добра работна кондиција..
    Купувачи? Се шушка дека само Кинези се заинтересирани..
    Лично мое мислење е дека ќе нема ама баш никакво влијание врз цена на акциите на овие две компании, нити очекувам некој бенефит за акционерите.. и понатака цената ќе си варира периодично шпекулативно..

    И понатака имам недоумица кој купува сеуште RZLE.. не работат од 2008година, мислам дека цела линија е исечени како старо железо и погонот служи како магацин само.. имаат само долгови..
     
  8. therealgrim

    therealgrim

    Член од:
    30 март 2018
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    14
    Прочитав дека си напишал точно што купуваш и што поседуваш, со износи, со проценти, со све. Јас нема да објавувам такви работи пошо сепак со досегашен поврат од скоро 500%, структурата на портфолиото и трансакциите можам да си ги сметам за интелектуална сопственост :cool: Исклучок може да направам само за старите воени другари од посните берзански години уз кафански ручек ;)
     
  9. bingo

    bingo

    Член од:
    28 март 2007
    Мислења:
    185
    Допаѓања:
    75
  10. Prof. Josef

    Prof. Josef

    Член од:
    9 мај 2017
    Мислења:
    119
    Допаѓања:
    97
  11. Zedd

    Zedd

    Член од:
    5 април 2012
    Мислења:
    6.394
    Допаѓања:
    6.852
    Има доста најави за СДИ, само да не биде како статистиката за изминатите 10-11 години

    [​IMG]
     
  12. lycku

    lycku

    Член од:
    10 април 2013
    Мислења:
    360
    Допаѓања:
    124
    STB. uste ja nema da ne iznenadi so visina na dividenda ,a i OHB. mi se nesto molcalivi ,sto li ni spremaat koj ke go znae??
     
    На idadija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. idadija

    idadija

    Член од:
    16 мај 2014
    Мислења:
    245
    Допаѓања:
    139
    I Dekis go nema :(
     
  14. bosko007

    bosko007

    Член од:
    16 август 2017
    Мислења:
    118
    Допаѓања:
    230
    https://a1on.mk/archives/881254

    МКД во ЕУ :D
    Види каков инфо, а никој не коментира :) . . .
    Ајде експерти . . . До каде ќе оди МБИ10 . . . Полетуваме ли утре ???
    Ќе стигне ли сега до 4000 поени ???
    Извадивте ли пари . . . Фативте позиции ???
    Да не избега возот ???

    п.с.
    Мојот став е јасен . . . .
    На волкот му е дебел вратот зошто сам си дави овци :). . .
    Преговори, датум, нато, мато не влијае на мкд економијата многу, скоро ич . . .
    Можеби само оптимизмот и очекувањата малку ќе се подигнат . . .
    За проекциите на МБИ10 во друга прилика . . .
     
    На Oskar$ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mandrac

    Mandrac

    Член од:
    11 јули 2017
    Мислења:
    74
    Допаѓања:
    36
    http://www.macrotrends.net/1319/dow-jones-100-year-historical-chart

    Po grafikonot ne sme veke 100 godini nazad samo 50tina :)
    Pa od ekonomskata kriza izlegle so dupliran index !!! Matematika strasna rabota pritisokot na mala kamata na bankite kaj nas ne pridonese berzata da bide top tema i konecno da zavladee nekoj red i disciplina vo akcionesrkite drustva ???
     
    На MSE му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: