Откако сум присутен на форумов ( август 2017) ме сметаат за „адвокат на Охридска“ . . .
Уште на првиот мој пост ми се нафрлија дека сум загрижен за ОХБ и затоа сум се појавил на кајгана форумот. . . . И баш ме брига кој како етикетира, битно ми е портфолиото да ми расте!!!
Немам проблем со овие квалификации, ако повеќе звучат како дисквалификации . . .
Бев адвокат и на Комерцијална, а во тоа време единствен кој продаваше СТБ и гласно зборуваше дека има поубави и поефтини шанси од ТНБ и СТБ . . . . Гледам сега не се плука толку по КМБ, ама плукањето по ОХБ продолжува.
И покрај се ОХБ по сите параметри е најефтина банка на мсе.
http://www.mse.mk/mk/stats/current-ratios/163
( книговодствената на ОХБ е околу 7450 денари заклучно со Q1/2018)
Во овие 7-8 месеци се што купив јавно пишував исто е се што продадов (СТБ 930-970 и БЕСК 13000) јавно обзнанив.
Прво купував КМБ на 2700, 2800, 2939, 3700 ( денес е 3900 )
ОХБ купував на 4600, 4750, 4800, 4850, 5020 . (денес е 5700)
изгледа купив и ЗПКО на 2600 ???
Некни купив ТНБ на 12610 . . . . ( денес е 12900)
Не само што никој не сум заебал, туку и бројките кажуваат дека сум тргувал солидно . . .
За разлика од некои кои плукаат по Охридска и товараа СТБ и ТНБ (овие две имаат пад откако јас ги коментирам).
Успешноста на Охридска не е во профитот. Падот на профитот од некои 24% е одличен во година кога имаш 2 клиенти кои пропаднале и поебале 15 милиони евра кредити. Еден ден ако тие пари се наплатат само 50% ете вондреден профит. Па тоа е Фени и Брилијант оваа година за КМБ.
Околу терминот „лихварски камати“ . . . тоа е мој термин кажан на акционерско собрание пред неколку години (Фактор го искористи „записникот“ и ги рекетираше ОХБ, затоа ОХБ се спонзор на порталот).
Каматите на субординираниот долг тогаш беа 13,45%. Денес менаџментот ги има реструктуирано на 6-7%, а последните 15 милиони евра се зајмени со 4,22% . . . што е доста коректно.
Значи нема повеќе лихварски камати. Докапитализацијата беше коректна на 5560 денари, додека на берза се тргуваше по 4800 денари.
Се на се, менаџментот на ОХБ е супер коректен спрема малцинските акционери за разлика од повеќето фирми на берза. Ако се обратите ја добивате секоја информација. А во последните години делат и симболична дивиденда, ги услушаа барањата на малцинските акционери.
Охридска расте секоја година над банкарскиот просек, а тоа е успех.
Почекајте го Q1/2018 , а посебно Q2/2018 па ќе коментираме околу профитот на банката.
Добра дивиденда од Охридска може да се очекува во 2021 не порано. Додека растат нема простор за дивиденда.
p.s.
Охридска Ви е добра шанса . . . незнам дали би можеле да ја купите поефтино, но вреди да се има во портфолио. Моја проекција е 12000 денари за 3-4 години, конзервативна проекција.
Акција се купува кога е на ниски гранки и никој не ја сака, а фирмата добро работи... Проблемот е дали имате 2-3 години да чекате.
Секој нека мисли со своја глава. Моето искуство вика ОХБ е топ акција.
И верувајте штом Максимус ја плука . . . . добивката е загарантирана
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
Тоа што Максимус ќе препорача Топлификација, Стопанска . . . . бегај од нив
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
.
На крај видете што пишував за КМБ, истото ќе се случи и со ОХБ!!! Само тогаш касно ќе ви биде за влез . . . Ако можете ОХБ да ја купите на 5200 тоа ќе ви биде супер влез . . . ако настане паника искористете ја, јас тоа го направив со ТНБ . . .