Македонска берза

Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Ve molam da mi odgovori nekoj od iskusnite berzanski igraci koi akcii bi bile najpovolni za kupuvanje vo april posle isplata na dividendata ?:unsure:
Pocekaj malce da se vidi vo so pravec ke ni odi drzavickata :) sega e vreme na finansiski izvestaji na firmite, dividenti, vreme na izbori.... cekaj neka se stabilizira seto ova i posle razmisluvaj na kupuvanje ;)
--- надополнето: 12 март 2013 во 01:47 ---
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=31201 Branchez
За финансискиот извештај на КМБ во глобала е релативно лош не е катастрофален ама не е добар. Баш и таков се очекуваше...
БУ имаат намалена добивка за пола поради оштетувања од кредити која мислам дека се случија во 3ти квартал ама наводно оствариле профит од трговија со недвижнивни (најверојатно од продажбата на дирекцијата) во 4 квартал најверојатно тоа е тоа.
БС има пораст на капитал што е очекувано само доста малку инаку нешто што ми е чудно незнам дали го имаше во другите извештаи имаат доста вонбалансна актива/пасива што колку што сум учел не е баш најубава работа имаат 36 милијади денари кој несакаат или неможат да кажат што им се ако се пресмета односот пасива капитал може да се каже дека имаат окулу Х9 левериџ што е така и така но ако се зема во предвид и вонбилансна пасива се доаѓа до бројка од Х14-15 што не е малку.

ПТ. Имам сериозно намалување на ПТ оперативни активности поради намалување ПТ од останати депозити (најверојатно се мисли на физички лица тука ???) Додека во финансиски ПТ имаат поголем ПТ движење од кредити давање и отплаќање. Малку не ми е јасно како функционира ПТ кај банки затоа нема премногу да коментирам ама во секоја случај намалување на ПТ од оперативни активности не е добра работа.

Инаку во капитална состојба ставиле иста ставка за дивиденда како лани (дали стварно мислат иста да исплатат незнам или може само така се пишува мислам дека после се одлучува за тоа сега е само така) А разликата треба да се финансира од акумлирана добивка која е релативно мала имаат за само уште една година да исплатат дивиденда колку што е од лани под услов да остане иста добивката...ама со што би намалиле сметководствена вредност на фирмата. Како и да е ланската дивиденда не е реална за оваа година најверојатно треба пола од лани или уште помалку значи 3-4% или помалку. Тесно е малку....
Се на се не ми се допаѓа премногу КМБ :rolleyes: но треба да се спореди со други банки ова вака е малку нереално...ама следната година може подобро да биде.
Ni slednata nema da bide nisto poarno :D vo analizata za 2013 ocekuvaat uste pogolem pad na profitot od 2012... pomal profit, pomala dividenta... ko ke zemis vo globala ne bi trebalo da se ocekuva ova akcija da ima nekakov rast... ali sigurno ke bidi edna od najstrguvanite ;)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Повеќе од 100 компании од мај на Берза

„Телеком“, Стопанска банка - Скопје, НЛБ Тутунска банка, „Усје“, „Агроплод“, „Окта“, Прилепска пиварница, а и Градски трговски центар задолжително ќе котираат на Македонска берза

Повеќе од 100 компании ќе влезат во системот на задолжителна котација со новите правила за кои вчера даде виза Комисијата за хартии од вредност, а ги скрои Македонската берза во согласност со измените на Законот на хартии од вредност. Според познавачите на пазарот на капитал, од поатрактивните компании кои задолжително ќе котираат на берзата се споменуваат „Телеком“, Стопанска банка - Скопје, НЛБ Тутунска банка, Уни банка, Централна кооперативна банка, односно речиси сите банки, а од големите компании и „Усје“, „Агроплод“, „Окта“, „Прилепска пиварница“, „Пелистерка“, „Сковин“, па и Градски трговски центар.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
4
Повеќе од 100 компании од мај на Берза

„Телеком“, Стопанска банка - Скопје, НЛБ Тутунска банка, „Усје“, „Агроплод“, „Окта“, Прилепска пиварница, а и Градски трговски центар задолжително ќе котираат на Македонска берза

Повеќе од 100 компании ќе влезат во системот на задолжителна котација со новите правила за кои вчера даде виза Комисијата за хартии од вредност, а ги скрои Македонската берза во согласност со измените на Законот на хартии од вредност. Според познавачите на пазарот на капитал, од поатрактивните компании кои задолжително ќе котираат на берзата се споменуваат „Телеком“, Стопанска банка - Скопје, НЛБ Тутунска банка, Уни банка, Централна кооперативна банка, односно речиси сите банки, а од големите компании и „Усје“, „Агроплод“, „Окта“, „Прилепска пиварница“, „Пелистерка“, „Сковин“, па и Градски трговски центар.
Sto bi se slucilo dokolku kotiraat poveke kompanii na berata?
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Dali mozi nekoj da mi daj objasnuvanje i logika vo akciite na Stopanska Banka Bitola? Bankata nema izlezeno od od DLABOK MINUS nekolku godini, a akcijata vo posledno vrtoglavo raste:confused:
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
4
НЛБ „Тутунска банка" од камати заработи 2 милијарди денари!
Акцијата на оваа банка носи добивка од 585 денари, најдобар принос во споредба со акциите на ривалите „Стопанска банка Скопје" и „Комерцијална банка".

НЛБ Тутунска банка остварила добивка од 500 милиони денари за работењето во 2012 година, покажува билансот што го објави банката. Оваа банка, трета по големина од сите банки на македонскиот финансиски пазар, лани остварила нето приходи од дивиденда од 2 милијарди денари односно 10 отсто повеќе од нето приходите од камата во 2011 година. Раст на нето приходите банката има и кај приходите од надоместоци од кои инкасирала 850,6 милиони денари, односно 4 отсто повеќе од лани.
Со оптимизација и реорганизација на кредитното портфолио менаџментот на оваа банка успеал да ја намали сумата за резервации за оштетувања на побарувања (популарно наречените резервации за лоши кредити). Таа сума за 2012 година изнесува 587,4 милиони денари и е за речиси 69 милиони денари односно 9 отсто пониска од сумата за резервации во 2011 година. Најголем раст на трошоците банката има кај ставките „останати оперативни расходи“ за 321 милиони денари и кај ставката „останати расходи“ каде расходите пораснале за 395,8 милиони денари. Пред се заради растот на овие ставки добивката на оваа банка лани изнесува 500,2 милиони денари и е за 159,8 милиони денари ( 2,6 милиони евра) пониска од 2011 година.
Од трите најголеми банки во земјава: „Стопанска банка Скопје“, „Комерцијална банка“ и „НЛБ Тутунска банка“ најпрофитабилна е „Стопанска банка Скопје“, која е во доминантна сопственост на најголемата грчка банкарска групација НБГ. „Стопанска банка Скопје“ лани оствари 12,9 милиони евра добивка, покажуваат официјалните неревидентирани извештаи на една од двете најголеми банки во земјава. Со овој резултат „Стопанска банка“ убедливо е подобра од најголемиот ривал „Комерцијална банка“ која лани имаше добивка од 9,12 милиони евра и „НЛБ Тутунска банка“ со добивка од 8,12 милиони евра.
Повеќе за трите најголеми македонски банки можете да прочитате на
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Акцијата на оваа банка носи добивка од 585 денари
Убаво што носи добра добивка, ама што фајде кога акционерите добиваат по 0 денари дивиденда.
 
Член од
13 јануари 2013
Мислења
18
Поени од реакции
4
Акционерите на „Комерцијална“ изгубија 14 милиони евра поради лоши кредити
Комерцијална банка во 2011 година ја намалила добивката за 14,25 милиони евра поради тоа што тие пари морала да ги резервира за кредити што тешко ќе се наплатат, извести раководството на банката.

Во споредба со 2010 година, износот наменет за резервација на лоши кредити – тешки за наплата, се зголеми за три пати. Лани тој изнесувал 876,7 милиони денари, односно 14,25 милиони евра. Поради резервацијата на тие пари добивката на банката за 2011 година изнесува бруто 476 денари за секоја акција, односно вкупно изнесува 1,085 милијарди денари (17,64 милиони евра).
Менаџментот на банката огромното зголемување на лоши кредитни пласмани го правда со „влошената состојба на стопанските субјекти и влошеното кредитно портфолио на банката“.
Генерално, повеќето економски и финансиски аналитичари даваат процени дека фирмите се задушуваат во неликвидност и дека не можат да ги плаќаат своите обврски и дека тоа е одраз на губење на пазарите и на намалена куповна моќ во земјава, но и во земјите каде што наши компании извезуваат стоки и услуги. Иако засега, од достапните податоци, не може да се утврдат причините зашто не се знае структурата на лошите кредитни пласмани, сепак е извесно дека банката со најголем удел на домашен капитал има негативна тенденција во своето работење и 2011 била лоша година за нив.
Во прилог на тоа е и фактот дека споредбата со другите две најголеми банки во Македонија: НЛБ Тутунска банка и Стопанска банка Скопје покажува дека во првите 9 месеци лани Комерцијална банка имала најмногу резервации, односно најмногу лоши и ризични кредитни пласмани во споредба со другите две банки. Така, до крајот на септември лани Комерцијална банка имала над 690 милиони денари резервации, а Стопанска банка Скопје имала 659 милиони денари (иако има повеќе кредитни пласмани), а НЛБ Тутунска имала 506 милиони денари за резервации за лоши кредити.
Освен ова, дилема создава и соодносот на резервации со новоиздадени кредити на банката во 2011 година. Според официјалното соопштение на раководството, Комерцијална банка лани издала 42,97 милијарди денари нето-кредити на своите коминтенти, а го остварила годишниот план со 96 отсто, што значи дека и 14 милиони евра резервирани за лоши кредити не се проблем за поставените кредитни активности на таа банка.
Според акционерската структура, „Комерцијална“ е банка со најголемо учество на македонски капитал. И тоа преку 343 домашни фирми што поседуваат 25,8 отсто од акциите и над 4.400 физички лица што поседуваат 25,3 отсто од акциите.
--- надополнето: 16 март 2013 во 13:53 ---
Марш на берза! Стотина фирми ќе платат до 3.000 евра за котација
Иако не сакаат, стотина фирми ќе плаќаат за ревизија, покровителство и за котација на берзата.

Стотина домашни компании кои државата ги обврза да котираат на Македонската берза ќе треба до крајот на април да платат од 2.160 до 3.160 евра трошоци за да извршат задолжителна котација на македонскиот пазар на капитал. Ова се најминимални трошоци што компаниите ќе мора да ги платат за да ја извршат наредбата на Министерството за финансии која пратениците ја усвоија како законска измена и ги присилија овие стотина фирми да котираат на берзата. За котацијата на овие стотина фирми домашните ревизорски куќи, брокерските куќи и берзата меѓусебно ќе поделат повеќе од 300.000 евра кои фирмите ќе мораат да ги платат. Берзанските аналитичари се скептични и велат дека со принуда не се постигнуваат резултати и дека со новата понуда на акции на берзата нема да се тргува или ќе се тргува многу незначително и тоа нема да влијае врз токовите и ликвидноста на пазарот на капитал.
2.000 евра за ревизија, 1.000 евра за брокерите и 162 евра за берзата
За да котираат на берзата малите компании (со номинален капитал од барем 250.000 евра) ќе треба да платат 1.000 евра за ревизија на финансиските извештаи на друштво овластено за таа дејност. Освен ова за покровител на котација – брокерско друштво што ќе ја спроведе постапката се потребни уште 1.000 евра. На крај на Македонската берза компанијата што котира ќе треба да плати 10.000 денари за првата година од котацијата. За идната година тарифата на берзата е 75.000 денари што претставува годишна членарина. Тоа ќе го компензира трошокот за брокерската куќа што е еднократна давачка и се плаќа само првата година.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Dali znae nekoj koja e provizijata koja ja zemaat brokerskite kukji ili bankite pri kupuvanje na akcii od Makedonska berza?
 
Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130
Обично бркерот зима 1% провизија при купување и при продавање,имаш берзанска такса и е мала мислам на 500е плаќаш околу 70 ден исто така имаш и депозитна такса на секој налог плаќаш по 100 ден.
 
Член од
6 март 2013
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ve molam nekoj da mi odgovori koi se sega TOP 5 na MSE, mislam posle finansiski izvestai i dividendi sigurno e malku pojasna situacijata.Dali TEL, ALK, I KMB se seuste vodecki akcii na berzata,ili nekoj od tie veke ne e tolku primamliv?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom