Македонија домаќин на СП/ЕП ?

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.496
Tesko, nemame kapacitet, pari tesko deka ke se dadat, organizacijata ni e 0, eden koncert edvaj organiziraat nasive a kamoli ova. Za mladinski kategorii, mozebi :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
а не се слагам дека е со идеален капацитет,многу пати на кошарка/ракомет многумина неможат карта да најдат за да гледаат...
Тоа се 2-3 евента годишно.И тие што остануваат без карти ради капацитетот се максимум 1000 души.
Сала,стадион и сл. не се градат по тоа колку можат да соберат 2-3 пати годишно,него колку реално ќе биде доволен капацитетот за 90% од настаните.Концерти дефинитивно немаме каде што може преку 10 000 публика да се собере.А и да има таков,јужна на градски е доволна.Не ни доаѓаат многу големи имиња кај нас,а спортските натпревари се ретки таму.Репрезентацијата п 7-8 пати во годината,Металург во ЛШ и то је то.Можеби уште МЗТ во Јадранска лига.Реално нема повеќе од 30тина озбилни настани во таа сала годишно.
А сала од 15 000 тешко дека може да ги враќа трошоците за изградба и одржување.Во Загреб арената годишно по 20 и кусур пати е полна,па пак ни близу не е до враќање на парите.Таа дури не успева да ги покрие трошоците за чистење и обезбедување на салата.Ај да немавме сала,Кале само да ни беше,но веќе го имаме БТ.Јеби га......грешка е голема што се направила толку мала сала,али тука е сега таа и тешко дека ќе се најдат пари да се изгради некоја друга.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.299
Поени од реакции
15.535
Салата Билјанини Извори во Охрид е во супер состојба, штета што е премала. Не може да собере повеќе од 4000 до 4500 гледачи што мислам дека е премалку за европски стандарди, но се одржуваше Европско Првенство 2008 за жени, секако не играше тука Македонија и немаше ни по 200 гледачи по меч, така да, доволно голема е хахаха :D Но кога играше Македонија за јуниори... ако се сеќавате Македонија играше во Охрид и јуниори и јуниорки... е тогаш салата беше премала, за многу кратко време се полнеше и дури имаше премногу луѓе кои остануваа надвор без можност да влезат. Исто така преголема гужва имаше на пријателскиот меч Србија - Македонија пред 6-7 години, не знам точно кога беше... 32-32 памтам дека заврши на крај (не уништи судијата, како да немал крадено 50 меча, криза тогаш го фати :D).
Тој период бев на одмор во Охрид, и бев на 2-3 утакмици на Македонија. Ова да се пофалам :D
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.725
Поени од реакции
969
Кое бе реновирање пред 3-4 години во сала македонија ? :D тоа што полепиле најлони на искршените странични стакла го броиш како реновирање :pos: последнава година не сум многу често ама пред тоа ми се чини последниве 10 години секогаш е исто (може 1-2 пати била прелакирана само) ништо друго...
И да заборавив, салата изгоре што изгоре, тоа што некој лапна од осигурање милиони лапна, тоа што реизградбата траеше 10-12 години траеше, тоа што ја направија иста како и пред 35 кога ја направиле оргинално ја направија , тоа што за реизградбата потрошија пари како за 2-3 борис трајковски потрошија ама и што никој жив таму не се грижи а ништо и е оставена на профитери кои продаваат термин од саат и пол за 800 денари можеби е евтино ама тоа се пари за во џеб , ништо не с евраќа во салата , колку пати сме играле денски бидеќи навечер им е скината струјата тоа е премногу...
`
Не ми беше муабетот за плегсигласот ( не се најлони ) кој е поставен на местата на скршените стакла , туку дека пред 4 или 5 години официјално се пушти реновираната сала и тоа ми се чини беше со ревијален натпревар помеѓу Тут-Ком и Пелистер ( токму истите екипи играа и во финалето на Куп на Македонија кога се запали салата во 92 или 93 година ) ... колку што видов на ревијалниот натпревар салата беше од корен реновирана ( сега во каква состоба е внатре незнам ) , и не верувам во овие неколку години толку да е испустена внатре . А тоа дека реновирањето на салата се одвиваше повеќе од 10 години си во право , а веројатно е и дека голем дел од предвидените парите не се вложиле во реновирањето туку завршиле кај некого во џеб .
П.С. Многу добро го паметам денот кога салата изгоре ... не бев во тој момент во салата , туку дома го следев финалето од купот на директен пренос , и видов дека од циглите од зад едниот од головите почна да излегува чад ... коментираше Златко Калински , и при првиот чад кој влезе во салата за игра Калински рече нешто во смисол ‘‘ Веројатно има некој мал пожар во малата сала но не е ништо страшно ’’ ... по само 3-4 минути почна да се гледа и оган , и веднаш го прекинаа преносот , така што јас веднаш тргнав од дома кон салата да видам што се случува ( живеам на само 6-7 минути одење од неа ) ... кога стигнав до салата видов дека веќе скоро половина е изгорена и беше страшна глетка ... 4 пожарникарни коли го гасеа оганот но џабе ... најчудно ми беше како пред мои очи за само неколку минути се стопи челичната конструкција од покривот ... како и да е беше голема штета што Прилеп потоа остана повеќе од 10 години без асолна спортска сала ( мислам дека тогашната салата збираше повеќе од 3500 гледачи )
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.265
Поени од реакции
3.619
брат да, има големи правоаголни коцки пластика над трибината горе , а што има/ше над семафорот (?) ок, нема врска , муабетото ми е едека Стив и компанија што демек се грижат за неа само ресторанот ги интересира иако сега мислам дека и тоа пропаѓа...
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
354
Поени од реакции
626
Покрај БТ, во Скопје да изградат уште една 15-20.000 седишта (Аеродром би била најдобра локација) или на Филип II како шо спомна Dr.Chase (БТ - 1 група; другата арена финална група од 6 репрезентации + едно полуфинале+ финале) и зголемување на Билјанини Извори во Охрид (2група).
Во Битола е потребно уривање на Младост и градење целосно нова сала со капацитет ~10.000 (финална група од 6 репрезентации + едно полуфинале ) и Куманово (3 група + борба за 5 место).
Следно, зголемување на капацитетот на Јасмин во Кавадарци на 6-7.000 или Велес/Струмица (4 група).
vo pravo si Mladost vo Bitola ne se renovira ,katastrofa e ,samo nova od koren na istoto mesto!!
 
L

Löwe

Гостин
За Скопје и Охрид нема проблем..има хотели колку сакаш.Проблем се другите градови,Битола колку -толку има некое хотелче,Куманово нема ниеден! бруки..исто и Кавадарци,Прилеп..
Прилеп има 3-4 Хотели и тоа со добар капацитет. Кристал Палас е голем хотел со капацитет од над 50 соби, Хотел Салида е најнов хотел и има исто така над 50 соби, Хотел Сонце има околу 30-40 соби, Хотел Липа има над 60тина соби.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Вака сега искрено голема ми е желбата да бидеме домаќини на ЕП или СП во ракомет..послем успехов мислам дека е и реално да посакуваме.Во една друга тема имаше дискусии за оваа варијанта..и се би било идеално доколку имавме добри сали..ама..
Кога видов дека нашиве навивачи ги собраа симпатиите од сите известувачи,играчи па и од челниците на EHF си помислив дека тоа би можело да биде искористено да се создаде една фина лоби група за да лапнеме организација на едно ЕП или СП во ракомет.
Е сега добро би било некој поупатен да каже кои се условите за салите,мислам дека не мора да имаме сали со капацитет од над 10 000.
БТ е добра,салите во Велес и Кавадарци со мали вложувања може да се прилагодат а сигурно ќе се најде уште една која што може со малку пари да се прилагоди.
Сместувачки капацитети мислам дека има доволно во речиси секој поголем град во МК,па не е тоа олимпијада,за ЕП или СП во ракомет имаме доволно.
 
П

Паспарту

Гостин
Требаат сали, пари и екстра организација, ние во овој момент мислам дека немаме ништо... Дури и во случај на коорганизација ќе биде тешко, бидејќи имаме една сала која ги задоволува критериумите и уште една која што делумно ги задоволува. ЕХФ тешко дека ќе ја повтори истата грешка од ЕП за жени. За организација на едно ЕП потребни ни се барем уште 3-4 сали како Борис Трајковски.

Цитро, салата во Куманово ни од далеку не е со капацитет од 5-6 000 гледачи...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Не бидете песимисти, едно време и пласман на ЕП ни беше најголем успех ;)
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.028
Поени од реакции
6.051
Ме мрзи да барам по страниве дали некој пишал, ама Македонија беше домаќин на ЕП за Жени 2008 година, каде завршивме 7-ми, додека 1-ви беа Норвешка.

Линк од Wiki.

Македонија ако можела да биде на ЕП домаќин, зошто да не би била и на уште едно ЕП или пак СП.
Со мал напор и средување на салите, може да се конкурира сериозно за ваква работа.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
За инает на сите во Тетово ќе се гради арената со 20,000 капацитет :P

Има и кај нас сала само што ја од кога паметам за себе, никогаш не сум чул дека се одржувало нешто во неа. Пред 10-12 години е дадена под закуп и внатре има неколку текстилни конфекции. Инаку се наоѓа до автобуската и би требало да има до 4,000 капацитет.

На балканов ќе се врати европско после 10 години најмалку;) најверојатно во Словенија.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ем што немаме сали ама не можеме да се справиме со утакмици од висок ризик.Кај нас се забранија гостувања каде идат по 200-300 навивачи а овде би доаѓале по 2000.Што тогаш,сигурно нема да им забранат гостување.
Ние би можеле да организираме вакво првенство само со друга држава.Сами многу потешко.
 
P

PewDiePie

Гостин
мислам дека не мора да имаме сали со капацитет од над 10 000.
БТ е добра,салите во Велес и Кавадарци со мали вложувања може да се прилагодат а сигурно ќе се најде уште една која што може со малку пари да се прилагоди.
Сместувачки капацитети мислам дека има доволно во речиси секој поголем град во МК,па не е тоа олимпијада,за ЕП или СП во ракомет имаме доволно.
Бриши постов.


Како бе не мора ??? Знаеш зошто не ни го дадоа квал. турнир за кошарка ? Зошто Б.Т. е многу голема и едвај собира 7-8.000 o_O
Какви се тие мали вложувања бе ? До кога ќе се крпиме ?? Не фала ново треба ! Б.Т. сала во Битола,Б.Т. сала во Охрид,Б.Т. сала во Тетово,Б.Т. сала во Струмица,Б.Т. сала во Прилеп.
А една сала како што личи на еден современ град(како што сакаат да го направат Скопје)од 20.000 .

Од ова нема да имаме само ќар на спортски план,туку и на културен и секаков друг. Пример,50 сент го тутнаа во б.т. па она срамота беше бе,таква ѕвезда што цел живот пее пред 20.000 и повеќе а кај нас :facepalm: И не само за странски ѕвезди,кога играат МЗТ-Работнички нема да се наполни салата ? Кога играат Металург и Вардар во Л.Ш. или меѓу себе нема да се наполни ? Кога ни игра репрезентацијата нема да се наполни ???

Не сте свесни колку очајно ни фали ваква голема и модерна сала.

Тоа што го направија со Б.Т. беше грабеж бе. Потрошија пари за 3 изградија една. А просторот колку е лошо искористен не сакам ни да коментирам,исто како Вероно од надвор изгледа кој знае колкаво мислиш,а внатре постор да трчаш шпринтови и неколку продавничиња настрана,и ЦЕЛ СПРАТ НЕ ИСКОРИСТЕН помеѓу првиот и вториот,за што за да стават ескалатори. :facepalm:



Мора веќе да се научиме да не се задоволуваме со малку и просечно,мора зошто пак е тоа за нас,за никој друг.

Дајте некоја петиција да почнеме за градење на саливе во ск и низ Македонија,да ја напнеме владата,доста беа споменици може на друг начин да се искористат парите.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Салата што изгоре во Прилеп беше во целост идентична на салата Младост во Битола, што значи и со еднаков капацитет.
Новата сала е комплетно изградена одново но ги задржа истите димензии со старата сала. Значи капацитетот е истиот со старата сала, околу 3500. Салата поради некој проблем сеуште е без технички прием и поради тоа во неа не се одржуваат официјални натпревари.

Некој спомна дека голема сала над 10 000 капацитет нема да се исплати затоа што речиси никогаш нема да биде исполнета. Таков репрезентативен објект кој би ни овозможил организација на светски или европски првенства и нема потреба често да се полни. Па доволно е Шемса и Шабан :D да дојдат 2 пати годишно да одржат концерт и трошоците за одржување на салата да се покријат.

Па зарем градски стадион во Скопје ќе се исполни повеќе од 2 пати годишно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom