Без голема АРЕНА која ќе собира преку 15 000 гледачи, нема шанси да ни дадат организација на машко првенство дечки. Не се залажувајте со женското кое беше истуркано на слава на Кометал...
Борис Трајковси е супер сала, најмодерни услови, помошни простории се што е потребно, но има мал капацитет. 7.000 е максимумот кој ќе го дозволи ЕХФ при запазени безбедносни мерки.
Викав дека покрај сите овие сали кои ги прават (значи супер е тоа, ништо немам против а и никој не треба да има) мора да направат и уште 2-3 поголеми сали во другите градови низ Македонија, особено онаму каде што има клубови со високи амбиции.
Нормално има повеќе сали низ Македонијава кои имаат солиден капацитет, од 4-5000 но ним со реновирање сигурно ќе им се намали капацитетот. Иако, за првенство во ракомет и не е потребно повеќе од 4000 места за гостински репрезентации.
Ако се решаваме на ваков чекор, мора голема инвестиција, првично изградба на Арена од 15000 места, уште барем една поголема сала надвор од Скопје, и реновирање на другите веќе постоечки поголеми сали.
Друго, не е само до салите. Вакви првенства бараат и добра инфраструктура, патишта, хотели... Се тоа мора да биде на високо ниво.
Реков, потребна е голема инвестиција за вакво нешто, до душа и мал ризик е, оти незнаеш дали ќе ги повратиш средствата. Но во повеќе случаи тоа се покажало како добар ризик, па вреди да пробаме и ние... за некои десет години.
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)