Одлична тема Цитро !!!
И јас така дома се запрашав баш, зошто да не можи да се одржи барем едно Европско кај нас !?!?
Како прво дека треба пари да се фрлат - треба !!! Ама ако си решил веќе па ќе дајш
Салата во Скопје Борис Трајковси е во одлична состојба, плус нова, така да уште утре можи таму да се игра
![Зелен :icon_mrgr: :icon_mrgr:](/styles/default/xenforo/emot/icon_mrgr.gif)
Единствен проблем во ова сала е капацитетот, мислам дека требаше да биди уште поголем капацитетот. Ако решиле да прат, барем еднаш да се напрај и да се знај дека е напраено !!!
Спортската сала Младост во Битола е во КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА !!!
Кровот од сегде капи вода, сега дека и снегот се топи, значи на зима е УЖАС !!! Таваните паднати, WC да ти е гнас да влезиш, како прво немаме вециња, немаме ни соблекувални !!! АЛООО ВО САЛАТА НЕМА СОБЛЕКУВАЛНИ
Ете на битолските телевизии слушав дека немале ни мазут, значи и парното ќе секни, уште за 3-4 дена имале мазут и толку а за друг да стигни немало најави...
За салата во Битола треба да викнат еден БУЛДУЖЕР !!! И цела од темел да ја турни !!!!
Навистина е срамота за еден таков ХРАМ низ кој поминале сегашните врвни ракометари како: Лазаров, Мојсовски, Темелков, Диви, Алушовски... да биди во ваква состојба...
КАКО ПРВО ДРЖАВАТА НЕ СМЕЈ ДА СИ ДОЗВОЛИ !!!
И заборајв да кажам на другата трибина нема столчиња, седат на бетон !!! Столчињата од Градски беа наменети за нас, ама наместо кај нас завршија на стадионот во Штип...
Иначе капацитетот е добар 5000, ако чинеа другите услови можеше комотно во Битола да се игра една група...
Во Охрид - Билјанини Извори, салата е добра ама мал му е капацитетот 3500-4000 седишта, мислам дека не ги задоволува условите од ЕХФ ( треба да е најмалку 5000 )
Куманово исто така има голема сала, ама не знам во каква состојба е...
Кавадарци исто како и Куманово голема сала, ама мислам дека сега реновираја нешто во Јасмин, па би требало да е во добра состојба...
Прилеп/Велес добри сали ама со мал капацитет...
4 градови се доволни за да се одржи едно Европско: Скопје, Битола, Охрид и сега тука незнам уште еден град (Прилеп, Велес, Кавадарци и Куманово)
Ако се има пари се се можи...