Гласано за Чешка
Инаку многу ми е дебилно кога 90% од форумџиите ја прават онаа народната: Еј ако не ја згазиме Чешка со минимум 5-6 голови разлика нека се утепаат, па од Австрија изгубија 10 разлика, а ние со Данска игравме добро и држевме на 5 голови негатива цело време!!! Глупости за мали деца се тоа. Секоја утакмица е приказна за себе и не треба да споредуваме никакви претходни резултати. Чешка е опасна репрезентација која во својот состав го има можеби најдобриот ракометар на денешницата, или ајде да не претерам еден од најдобрите. Сметам дека сме за нијанса поквалитетни од нив и дека можеме да ги добиеме, али во ниту еден момент не смееме да се опуштиме, едноставно не сме репрезентација од калибарот на Данска, Франција и Германија па да можеме да си дозволиме таков луксуз.
Борко ако биде на нивото од вчера скоро 100% сум сигурен дека ќе го добиеме натпреварот. Али што и да се случи сакам момците да изиграат максимално, да го остават срцето на теренот и да бидам горд на нив по завршувањето на мечот.
Иако гласав за Чешка, сепак, Вамос Македонија
