Вечерва Шундо ме изненади, ем го слушнав како зборува, ем како се лути и покажува емоции - ѕвер

, а пред некој ден го искритикував дека слободно може да му дадат џогер и да почне да брише паркет.
Како и да е, сеуште мислам дека ни треба нов поасолен тренер, едноставно човечето не го бива и толку.
Секоја чест за момците, гладен е овој народ за победи, секоја победа е подеднакво драга, можеби ни е малку повеќе криво затоа што оставивме среќата да ни зависи од една Данска, ама победата ја имавме во рака, едноставно среќата не не послужи,
НО можеме да бидеме горди што оставивме ракометни нации позади нас, една Франција, Германија, Шведска,
Веќе го напуштивме синдромот ‘‘важно е да се учествува‘‘, па сега апетитите ни пораснаа и секое првенство репрезентациите ќе не гледаат со респект