Нема психички што да паѓаат, не играат од вчера ракомет. Кога ние успеавме да се кренеме од вчера, можат и тие. Ако ништо друго во случај да се појави некој нов Хансен нека му ја скршат раката. Или ако се нервозни нека го избоксираат Шундо и ќе им помине
Јас верувам дека се лути, многу се лути и тоа ќе ни донесе победа.
Пољаците имаат подобри шутери од Данците на бековските позиции.Башка несмееме да заборавиме дека Полска ја победи Данска,а можам да кажам дека и се подобри од нив на ова првенство.
Незнам ама ми изгледа како да ги потценувате Пољацитеа кои имаат играчи како Лијевски,Бјелитски,Јурецки.Имаат играчи што играат во ХСВ,Рај Некар... Чиста среќа за нас е што им го нема голманот Шмал,кои се смета за еден од најдобрите голмани во светот.
Ќе биде многу тешко,проклето тешко ќе биде со Пољаците кои секогаш имаат висок пласман на првенствата,го имаат истиот тим од 2009 кога беа исфрлени во полуфиналето,го имаат истиот тренер Вента,ова првенство доаѓаат далеку поспремни,имаат искусни играчи,СТРАШНИ ШУТЕРИ кои верувам ќе ги искористат максимално со оглед на тоа како бранат нашите голмани!
Психички се паднати нашиве,како и сите навивачи наши,ќе биде тешко со Пољаците!