Мака ми е...И физички и секако.
Мака ми е што сум осудена да бидам во групата на оние кои не знаат како е да бидат сакани.
Мака ми е што ми е дадено да не осетам што значи нежност, партнерство, чувство на припадност...што значи љубов.
Би се откажала од се, ама од се, за да имам барем мрвица љубов од него, но залудно...Нема ништо што може да ми даде. Не сака ништо да ми даде, поточно.
А, таман бев спремна, после толку време, да се изгубам себе си во него. Да заборавам на сите и само тој да ми е во мислите. Ал', јебеш му матер, нисам те срече. То ти је.
Веројатно сум од типот на жени кои имаат успех на сите полиња, освен во личниот живот. Од оние кои силом прилике се претвораат во кариеристки, само за да го издржат фактот дека се приморани навечер да заспиваат сами, со дупка во срцето и лед во вените. Ми се повраќа од тој факт. Но, морам да се помирам изглеа.
За крај, се извинувам за нападов на патетичност што го иам денес. Ќе ми помине, и нема да се повтори. Уствари, нема да дозволам да се повтори. Пошо има прсти да си исечам ако уше еднаш да прокукам за љубов на темава. Па-па