Макарска

Член од
4 декември 2014
Мислења
323
Поени од реакции
279
Пази коа ќе бараш смештај, обавезно да си во понискиот дел покрај морето, да не се заебеш да идеш горе пошто има да акаш 20 минути ко на водно да се качуваш секој ден нагоре надоле по 5-6 пати. Тоа е најбитен совет шо вака би го дал.

Иначе местото е топ, најбоље дефинитивно за одмор у Хрватска. Леп провод, кажи ако те занима уште нешто :)
Дали може да ми кажеш какви се цените во ресторан маркет баровите, мњ интересира пошто сакам да одам летово..
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Дали може да ми кажеш какви се цените во ресторан маркет баровите, мњ интересира пошто сакам да одам летово..
Имаш Лидл што ти е поевтин од некои маркети у Скопје, таму ќе ги купуваш сите продукти.

У ресторани храната е по дефолт малку поскапа од нашата. Пицата тука ако е 350, таму ќе е 450 да речеме. Нормално, зависи што нарачуваш, овошја на пример се изгор скапи. Пијачките у обичен кафич се некои 20-30 денари повисоки. Во ноќни барови се скапи, мада се наоѓа нешто по нормален стандард.

Цело место генерално е направено за да може да си го дозволат луѓе со наш стандард мање-више. Ако бараш место у Хрватска кај што ќе потрошиш помалку пари а ќе поминеш убаво, ова е местото. Сплит, Задар, Дубровник (пу-пу, бегај од таму не се појавувај) се многу поскапи.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Имаш Лидл што ти е поевтин од некои маркети у Скопје, таму ќе ги купуваш сите продукти.

У ресторани храната е по дефолт малку поскапа од нашата. Пицата тука ако е 350, таму ќе е 450 да речеме. Нормално, зависи што нарачуваш, овошја на пример се изгор скапи. Пијачките у обичен кафич се некои 20-30 денари повисоки. Во ноќни барови се скапи, мада се наоѓа нешто по нормален стандард.

Цело место генерално е направено за да може да си го дозволат луѓе со наш стандард мање-више. Ако бараш место у Хрватска кај што ќе потрошиш помалку пари а ќе поминеш убаво, ова е местото. Сплит, Задар, Дубровник (пу-пу, бегај од таму не се појавувај) се многу поскапи.
Гледам на нет 250 куни е таа турата што ја имаш спомнато Јелса, Хвар + Бол, Брач, се наоѓа ли поефтино од таа цена или фиксна е кај сите што ја нудат? Дека на интернет неколку пребарав кај сите беше истата.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Гледам на нет 250 куни е таа турата што ја имаш спомнато Јелса, Хвар + Бол, Брач, се наоѓа ли поефтино од таа цена или фиксна е кај сите што ја нудат? Дека на интернет неколку пребарав кај сите беше истата.
Мислам дека можеш на лице место еден ден пред одење да се испазариш и за поефтино... Јас бев со Макарски Јадран и баш си поминав преубаво...За 25 евра тогаш земав карта
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Меѓу 200 и 250 куни се повеќето тури. Тоа е цената.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Се вратив од Макарска. Во продолжение збор - два за местата кои ги посетив, плус некои совети што може да ви се најдат.

Градската плажа

Уствари во градот Макарска, имате 14 плажи, но генерално се поделени на два дела, значи делот од хотел Далмација накај пристаниште, и делот од хотел Далмација накај Крвавица значи на другата страна, вториов е подобар. Некои денови најпрво одев на најблиската плажа, односно таа одма под хотел Далмација (ако сте со агенција и на вас ќе ви е таа најблиску), и кога ќе видев водата каква е, одев уште 1км подесно по шеталиштето односно до место што се вика Буба и подоле уште малку плажа што се вика Цвитачка. Ако веќе одите на градската плажа, значи стрикно десно поодете по сенка по шеталиштето и уживајте во чиста вода, убава сенка, растеретена плажа од луѓе. Можете дури и да си имате и плажа само за вас делче, а да не е од нудистичките, огромна е разликата од таа плажата накај пристаништето т.е. накај центарот, затоа ви кажувам.

Нугал

Оваа плажа е кристал вода, никакво ѓубренце тука нема, све е проѕирно, но има неколку проблеми. Прво е тоа што е поладна од градската плажа, ама многу поладна, втор проблем (за мене и не беше ама за многу други е) е тоа што треба да се оди по ридче по планински патчиња накај Тучепи едно добри 45 минути, саат и кусур искача од смештајот, значи обавезно вода многу со вас, сенка има што е олеснителна околност. Е сега плажата е 1/3 само за нормални бањачи :icon_mrgr:, односно 2/3 е нудистичка. Ако сакате да одите по обали ќе сфатите дека најубавите плажи во Макарска се нудистички. Сите што се убави, природни, со сенка, приватни да не те гледа никој, како заливи само за тебе, сите се нудистички, секако има убави и ненудистички, само луѓе гужва очекувајте.

Тучепи

После Нугал продолжувам да ја бараме Тучепи по брдо со патчиња како на Водно, ова е више проблем, пошто излегуваш на дел каде што нема више дрва и сенки. А и малце кружиш дур не најдеш патот, па од предвидените 5км на релација Макарска - Тучепи, излегоа 10км+. Стигнавме до Тучепи, успат има едни плажички многу изолирани, ептен убави кристал вода ама и тие биле нудистички. Тучепи не е ништо посебно, слично како Макарска чистиот дел, значи генерално и Макарска и Тучепи до 3 саат е мирна и чиста водата, а од 3 натака е со бранови и почнуваат ѓубренца полека од брановите да носат, Брела и Башка Вода не е така, таму само бранови имаше, без многу ѓубрена, особено Брела немаше. За враќање одевме по магистралата пешки, со едно дете од Имотски мислам беше, дека една баба не излажа дека во недела нема автобуси. Побрзо стигнавме отколку за одење 5 пати, успат во Лидл, тогаш првпат го најдовме.

Башка Вода

Тука веќе мораш да одиш со автобусче, колку и да си курназ хајкер и љубител на природи, има со точаци што одат, ама и за тоа одете по обалата, никако не по магистралата, многу е тесно и е ултра небезбедно. Плажата е супер, кристал вода, топла вода, убаво е, блиску е Брела можете пешки, сенки исто има да е најде како Макарска, полево - подесно се наоѓа и во најгужвата. Проблем е што треба до магистралата да одите за назад по тешки угорници, ама Макарска е смешки за овие угорници, 15 куни е во правец, значи две евра.

Брела

Оваа е најубавата плажа во Макарска убедливо. Најпрво имаш тоа каменот што е симбол на местото, и на фотки водата под него изгледа многу јако, а и интересно е да си пливаш кругови околу дрвата кои пораснале на карпа. Водата е топла, чиста кристал, место имаш какво сакаш, да си бираш, веќе тотално е растеретено со гужва, Пунта Рата плажата е доволно широка за сите, сенка има за сите, подесно значи накај Пунта Рата има една мала плажичка топ е таму, ептен фино место. 15-18 куни е превоз за натаму, исто толку за назад ама мора да качувате до магистралата пеколен пат со угорница што мислиш нема крај, пола саат се качува, бетер од Башка Вода.

Крвавица + бомбандирана болница за детски болести

Да одите до местово треба да платите превоз 15 куни, бар комбињата толку наплаќаа, а ако си доволно авантурист можеш да стигнеш пешки за бесплатно, само ако имаш и најмал проблем со сонце НЕ ОДИ. Се искача на предел кај што се само карпи и нема жива сенка, јас тука трчав со апостолки за побрзо да го поминам, дека почна да ми чури црпката, не знам како прежешко стана наеднаш таму. 5 км е до Макарска, одиш накај Башка Вода патот ама по плажа по шеталиштето, стигаш до делот кај што завршува вовчето и уште цепаш по ридче, до тука е добро, искачаш на една кул плажа каде што е чисто морето и доста убаво и во 6 саат, и имаш 800 метра отворено на сонце печење по пат, тука е проблем малку. Одат и со точаци, значи може и со точак тука. Јас не отидов на Крвавица да се бањам, водата и не беше нешто посебно ко што видов, значи нешто ко Макарска и Тучепи, ама има бомбардирана болница за детски болести во Крвавица, на самата плажа, а јас мината година посетив цел комплекс во Купари бомбандиран од 91 војната, така да ептен ми се кул вакви места, Чернобил за сиромашни само без радиоактивност. Да бев пред 3 години ќе го посетев и хотел Јадран во Тучепи, ама го обновиле сега. Да не забегуваме, ако ви се оди по напуштени објекти одете, ако ви е за плажа прескокнете, ова е авто камп и со коли одат, ако не сте со кола, нема поента тука да дремете, има подобри места.

Сплит + Бачвице

Ја мислев дека за шармот со стариот град нема подобро место од Дубровник, ама Сплит бил тука да ме увери дека грешам. Феноменален град, за саат ипол се стига , 108 куни е повратна. Најпрво се бањав во Бачвице, тоа е песочна плажа одма на 5 минути до автобуската, и не знам како ама водата беше чиста, топла, и бистра, иако е на двеста метра воздушно од пристаниште, само карпа ги дели. За шетање имате на претек, паркот Марјан и скалите од каде што се гледа цел град, стариот град, пристаништето, од 2 саат до 10 ативно одвме шетавме и нови и нови места искачаа по некој улици, така да феноменален град, ако сте во Макарска и не го посетите многу губите, 15 евра вредат за местово, најголем бисер на Далмација. Во паркот Марјан имавме план да посетиме други плажи, ама нозете веќе попуштаа, а немавме време да се информираме за автобуси и да се координираме, па и вака добро излезе.

Бол, Брач и Јелса, Хвар турата

И ова мора да се види, како што пишал Рики. На турата бевме со Макарски Јадран, ама одат уште 3-4 други, 250 куни е, тоа е 33 евра нешто поише можеби, бродот крца секој ден, така да инсистирајте да сте на сенка, дека знае да пукне јако сонце особено од Бол назад до Макарска. Ве носи Јелса, Хвар и Бол, Брач. Јелса се можеш да прошеташ за 1 саат, ние се качивме горе на тоа црквата, прошетавме стариот град и плус се бањавме, патем топла беше водата. Значи ако одам во Хвар, подобро место за смештај е Хвар или Стари град, не во Јелса дека е мала. Бол на Брач, обратно се, времето од 3 саати е малку, водата е препрепрпреладна, значи се наежив пливајќи, 5 пати е поладна од сите места нагоре набројани, ама плажата е топ, ветар дува константно така да пазете да не настинете. Едниот дел е мирна водата, другиот со бранови, ама и во двата е грч ладна, бар јас кога бев таква беше. И еден совет, немојте да одите со тие таксињата за 20 куни, не дека 40 куни можете да заштедите, туку многу убав поглед и убави фотки пропуштате ако не одите пешки над плажата, нешто преубаво е, да поуживате, да одморите во погледат, нема никаде такво нешто.

Совети:

- купување во Лидл вода, во Лидл цената за вода е 2,8 куни што е дваесет денари и е најефтина вода во Макарска, покрај плажа и до 20 куни е водата, значи носете си на плажа од дома, зошто да ги давате тие пари. И да имате за расфрлање, јадете риба навечер, не давајте на вода. Просечна цена за вода е 6 куни во Конзум, Томи и останати продавници. Значи Лидл најефтино за вода и за се.
- купувајте лиснати за на плажа од Лидл, во Лидл тие со ванила и вишна ви се преубави и се 2.8, покрај плажа ви се 9 куни и се многу суви и понеубави. Овошје исто, праски круши за 7 куни се начекуваат, на останатите места е 20 куни и повеќе за кило.
- не одете со агенција ако сте постари и не сакате качувања, сите сместувања им се околу магистралата, не е битно дали е смештајот полево или подесно, има шеталиште брзо поминува времето раздвижено е има за шетање, битно е да не е горе, дека нозе ќе оставите.
- не купувајте покрај плажа , однапред мислете си на се, пиење и јадење, така многу пари ќе заштедите. Јас потрошив 100 евра за 10 дена, и тоа најголем дел за шетање туриве од погоре, друго за храна, вода и сувенири. 10 куни е магнет, во Сплит е 15 куни, Брач и Хвар 20-25-30 куни.

Слики наскоро, пишете прашања ако имате.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Одличен пост, ептен детално објаснето.

Не сум знаел дека Јадран е направен, и јас бев пред четири години, ептен имаше шмек местото, напуштен хотел и чиста плажа одоколу, сега сигурно е искомерцијализирано целото.
И тогаш ми беше чудно како таков огромен комплекс како Купари така е оставен да пропаѓа, ме потсеќаше на оние стари социјалистички летувалишта во Охрид и Преспа каде што сум летувал како дете.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Дополнување на претходниот пост со слики од мобилен телефон.

Макарска последната плажа пред да тргнеш по ридчето накај Тучепи
20190630_103050.jpg

Макарска делот меѓу плажа Цвитачка и Буба, значи делот што ви реков накај Крвавица десно, не лево накај пристаништето. Тука ви е растеретено со народ и водата е далеку подобра

IMG_20190703_173414.jpg

Брела, каменот во Брела

20190705_121644.jpg 20190705_163621.jpg

Сплит стариот град, сликано од страна на шеталиштето (рива на нивно)

20190702_203224.jpg 20190702_205928.jpg 20190702_211552.jpg

Бол, Брач

20190706_154628.jpg 20190706_150709.jpg 20190706_150924.jpg 20190706_150619.jpg

Плажички по патот за накај Крвавица, првата е нудистичка, втората не е. Често се празни така да не мора да си нудист, ама не се поврзани со пат и затоа се попразни.

IMG_20190704_171243_1.jpg IMG_20190704_170123_BURST004.jpg

Крвавица напуштената болница

IMG_20190704_173612.jpg IMG_20190704_172734.jpg
 

Attachments

Член од
1 декември 2014
Мислења
2.322
Поени од реакции
4.603
A ja si vikav deka vodata na Bol e ladna deka sum nastinal i imav temperatura :D A ladna bila, ne bilo do mene

Drugive sliki od Bol se pregolemi

IMG_20190706_143815.jpg
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2009
Мислења
605
Поени од реакции
400
Dali imate patuvano preku agencija i preku koja i kako ste zadovolni od smestajot?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Dali imate patuvano preku agencija i preku koja i kako ste zadovolni od smestajot?
Преку Савана, смештајот беше океј, можеш да бираш од сите смештаи, ние во Јовиќ бевме. Имаш едно добри 5-6 минути само угорница бетер од Водно што мора да ја качиш, а центарот е подалеку ама само по шеталиште шеташ така да не е проблем. Кујна има, рерна нема ако мислиш да печеш нешто, друго пристојно е се, газдите на вилата беа океј луѓе. Мислам дека и другите вили им се тука во близина, ако имаш проблем со угорници подобро најди нешто на приватно што е одма доле покрај шеталиште не е битно дали е во центарот или во населбите, битно што подоле да ти е, посекако се е покриено со продавници и кафичи.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
1.997
Јас кога бев преку Савана само превозот си го платив, кога стигнавме во Макарска не оставија пред една нивна туристичка агенција, прашав таму за смештај ми најдоа одма и ми испадна многу поефтино од другите што имаа платено и смештај од Македонија ...
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Како е ноќниот живот таму ?
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Како е ноќниот живот таму ?
Две дискотеки имаш. Петар Пан кај што идат фолкери од естрадата, и Deep Club шо е дискотека у пештера уствари, и пуштаат по така club музика.

Покрај тоа имаш многу кафичи кај што се пушта музика и се пие, супер е за ноќни журки.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.138
Поени од реакции
13.262
Две дискотеки имаш. Петар Пан кај што идат фолкери од естрадата, и Deep Club шо е дискотека у пештера уствари, и пуштаат по така club музика.

Покрај тоа имаш многу кафичи кај што се пушта музика и се пие, супер е за ноќни журки.
Има и уште еден Ванила се вика, од пристаниште чекаат коли да те носат до таму за бесплатно, обележани се цели во Ванила и типка некоја има на рекламите за клубот. Повнатре се наоѓа накај буската, не по пристаништето. Само не сум клабер и не посетив ништо од ова, па не би знаел да кажам како било. Петар Пан не е отворена уште, мислам утре се отвара, ама ултра турбофолк е тоа, ова фолкери од естрадата да не сфати некој Џеј, Ана Бекута и Мирослав Илиќ дека настапуваат. :D
За класични дискотеки мислам дека тоа би било тоа, ама има барови што носат диџеи и пуштаат електронска музика, на шеталиштето еден знам секад после 12 беше и од двете страни и поминуваш уствари во музиката. Кај тоа пазар или што им е меѓу шеталиштето и пристаништето, преку ден има штандови за облека, сувенири таму. Таму стават коктели акции што секако се доста скапи за нас, и полни се со енглези и забавата многу наликува како во Лаганас или Кавос да си, дури и истите светла на осветлвуање на таблата за коктели користат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom