Колку што знам само со вакцина или со негативен ПЦР тест, освен ако се сменат работите во текот на летово, ама не верувам. Дозволени ни се без ништо (само со лична): Црна Гора, Албанија и толку од околните земји кои се на море.А дозволено ли е воопшто државјани на Македонија, како не-еу земја да патуваат во Хрватска годинава?
Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Дозволено е, и ја бев изненаден, другар си пројде лабаво само со тест без ич замарање и тоа уште пред неколку месеци. Вика дури полесно прошол низ нивната граница, него ли низ нашата со Србија што не бара ништо.А дозволено ли е воопшто државјани на Македонија, како не-еу земја да патуваат во Хрватска годинава?
Sent from my SM-A217F using Tapatalk
Косово преку новиот автопат до Призрен - Албанија преку граничен премин Хани Хоти (не Муриќан) - Црна Гора преку Никшиќ - Босна преку Требиње и после влегуваш во Хрватска пред Дубровник, па влегуваш пак во Босна кај Неум на неколку километри и после тоа одиш за Макарска. Имаш опција од Требиње да одиш кон Мостар, ама овој пат не сум го возел иако ќе избегнеш влегување во Неум.Која рута е најдобра за возење од Скопје? Логично прво што ми падна на памет е јадранската магистрала преку Косово и Албанија, ама гугл мапс дава преку Подгорица и Никшиќ како најидеално. Anyone?