Се вратив од Макарска. Во продолжение збор - два за местата кои ги посетив, плус некои совети што може да ви се најдат.
Градската плажа
Уствари во градот Макарска, имате 14 плажи, но генерално се поделени на два дела, значи делот од хотел Далмација накај пристаниште, и делот од хотел Далмација накај Крвавица значи на другата страна, вториов е подобар. Некои денови најпрво одев на најблиската плажа, односно таа одма под хотел Далмација (ако сте со агенција и на вас ќе ви е таа најблиску), и кога ќе видев водата каква е, одев уште 1км подесно по шеталиштето односно до место што се вика Буба и подоле уште малку плажа што се вика Цвитачка. Ако веќе одите на градската плажа, значи стрикно десно поодете по сенка по шеталиштето и уживајте во чиста вода, убава сенка, растеретена плажа од луѓе. Можете дури и да си имате и плажа само за вас делче, а да не е од нудистичките, огромна е разликата од таа плажата накај пристаништето т.е. накај центарот, затоа ви кажувам.
Нугал
Оваа плажа е кристал вода, никакво ѓубренце тука нема, све е проѕирно, но има неколку проблеми. Прво е тоа што е поладна од градската плажа, ама многу поладна, втор проблем (за мене и не беше ама за многу други е) е тоа што треба да се оди по ридче по планински патчиња накај Тучепи едно добри 45 минути, саат и кусур искача од смештајот, значи обавезно вода многу со вас, сенка има што е олеснителна околност. Е сега плажата е 1/3 само за нормални бањачи
, односно 2/3 е нудистичка. Ако сакате да одите по обали ќе сфатите дека најубавите плажи во Макарска се нудистички. Сите што се убави, природни, со сенка, приватни да не те гледа никој, како заливи само за тебе, сите се нудистички, секако има убави и ненудистички, само луѓе гужва очекувајте.
Тучепи
После Нугал продолжувам да ја бараме Тучепи по брдо со патчиња како на Водно, ова е више проблем, пошто излегуваш на дел каде што нема више дрва и сенки. А и малце кружиш дур не најдеш патот, па од предвидените 5км на релација Макарска - Тучепи, излегоа 10км+. Стигнавме до Тучепи, успат има едни плажички многу изолирани, ептен убави кристал вода ама и тие биле нудистички. Тучепи не е ништо посебно, слично како Макарска чистиот дел, значи генерално и Макарска и Тучепи до 3 саат е мирна и чиста водата, а од 3 натака е со бранови и почнуваат ѓубренца полека од брановите да носат, Брела и Башка Вода не е така, таму само бранови имаше, без многу ѓубрена, особено Брела немаше. За враќање одевме по магистралата пешки, со едно дете од Имотски мислам беше, дека една баба не излажа дека во недела нема автобуси. Побрзо стигнавме отколку за одење 5 пати, успат во Лидл, тогаш првпат го најдовме.
Башка Вода
Тука веќе мораш да одиш со автобусче, колку и да си курназ хајкер и љубител на природи, има со точаци што одат, ама и за тоа одете по обалата, никако не по магистралата, многу е тесно и е ултра небезбедно. Плажата е супер, кристал вода, топла вода, убаво е, блиску е Брела можете пешки, сенки исто има да е најде како Макарска, полево - подесно се наоѓа и во најгужвата. Проблем е што треба до магистралата да одите за назад по тешки угорници, ама Макарска е смешки за овие угорници, 15 куни е во правец, значи две евра.
Брела
Оваа е најубавата плажа во Макарска убедливо. Најпрво имаш тоа каменот што е симбол на местото, и на фотки водата под него изгледа многу јако, а и интересно е да си пливаш кругови околу дрвата кои пораснале на карпа. Водата е топла, чиста кристал, место имаш какво сакаш, да си бираш, веќе тотално е растеретено со гужва, Пунта Рата плажата е доволно широка за сите, сенка има за сите, подесно значи накај Пунта Рата има една мала плажичка топ е таму, ептен фино место. 15-18 куни е превоз за натаму, исто толку за назад ама мора да качувате до магистралата пеколен пат со угорница што мислиш нема крај, пола саат се качува, бетер од Башка Вода.
Крвавица + бомбандирана болница за детски болести
Да одите до местово треба да платите превоз 15 куни, бар комбињата толку наплаќаа, а ако си доволно авантурист можеш да стигнеш пешки за бесплатно, само ако имаш и најмал проблем со сонце НЕ ОДИ. Се искача на предел кај што се само карпи и нема жива сенка, јас тука трчав со апостолки за побрзо да го поминам, дека почна да ми чури црпката, не знам како прежешко стана наеднаш таму. 5 км е до Макарска, одиш накај Башка Вода патот ама по плажа по шеталиштето, стигаш до делот кај што завршува вовчето и уште цепаш по ридче, до тука е добро, искачаш на една кул плажа каде што е чисто морето и доста убаво и во 6 саат, и имаш 800 метра отворено на сонце печење по пат, тука е проблем малку. Одат и со точаци, значи може и со точак тука. Јас не отидов на Крвавица да се бањам, водата и не беше нешто посебно ко што видов, значи нешто ко Макарска и Тучепи, ама има бомбардирана болница за детски болести во Крвавица, на самата плажа, а јас мината година посетив цел комплекс во Купари бомбандиран од 91 војната, така да ептен ми се кул вакви места, Чернобил за сиромашни само без радиоактивност. Да бев пред 3 години ќе го посетев и хотел Јадран во Тучепи, ама го обновиле сега. Да не забегуваме, ако ви се оди по напуштени објекти одете, ако ви е за плажа прескокнете, ова е авто камп и со коли одат, ако не сте со кола, нема поента тука да дремете, има подобри места.
Сплит + Бачвице
Ја мислев дека за шармот со стариот град нема подобро место од Дубровник, ама Сплит бил тука да ме увери дека грешам. Феноменален град, за саат ипол се стига , 108 куни е повратна. Најпрво се бањав во Бачвице, тоа е песочна плажа одма на 5 минути до автобуската, и не знам како ама водата беше чиста, топла, и бистра, иако е на двеста метра воздушно од пристаниште, само карпа ги дели. За шетање имате на претек, паркот Марјан и скалите од каде што се гледа цел град, стариот град, пристаништето, од 2 саат до 10 ативно одвме шетавме и нови и нови места искачаа по некој улици, така да феноменален град, ако сте во Макарска и не го посетите многу губите, 15 евра вредат за местово, најголем бисер на Далмација. Во паркот Марјан имавме план да посетиме други плажи, ама нозете веќе попуштаа, а немавме време да се информираме за автобуси и да се координираме, па и вака добро излезе.
Бол, Брач и Јелса, Хвар турата
И ова мора да се види, како што пишал Рики. На турата бевме со Макарски Јадран, ама одат уште 3-4 други, 250 куни е, тоа е 33 евра нешто поише можеби, бродот крца секој ден, така да инсистирајте да сте на сенка, дека знае да пукне јако сонце особено од Бол назад до Макарска. Ве носи Јелса, Хвар и Бол, Брач. Јелса се можеш да прошеташ за 1 саат, ние се качивме горе на тоа црквата, прошетавме стариот град и плус се бањавме, патем топла беше водата. Значи ако одам во Хвар, подобро место за смештај е Хвар или Стари град, не во Јелса дека е мала. Бол на Брач, обратно се, времето од 3 саати е малку, водата е препрепрпреладна, значи се наежив пливајќи, 5 пати е поладна од сите места нагоре набројани, ама плажата е топ, ветар дува константно така да пазете да не настинете. Едниот дел е мирна водата, другиот со бранови, ама и во двата е грч ладна, бар јас кога бев таква беше. И еден совет, немојте да одите со тие таксињата за 20 куни, не дека 40 куни можете да заштедите, туку многу убав поглед и убави фотки пропуштате ако не одите пешки над плажата, нешто преубаво е, да поуживате, да одморите во погледат, нема никаде такво нешто.
Совети:
- купување во Лидл вода, во Лидл цената за вода е 2,8 куни што е дваесет денари и е најефтина вода во Макарска, покрај плажа и до 20 куни е водата, значи носете си на плажа од дома, зошто да ги давате тие пари. И да имате за расфрлање, јадете риба навечер, не давајте на вода. Просечна цена за вода е 6 куни во Конзум, Томи и останати продавници. Значи Лидл најефтино за вода и за се.
- купувајте лиснати за на плажа од Лидл, во Лидл тие со ванила и вишна ви се преубави и се 2.8, покрај плажа ви се 9 куни и се многу суви и понеубави. Овошје исто, праски круши за 7 куни се начекуваат, на останатите места е 20 куни и повеќе за кило.
- не одете со агенција ако сте постари и не сакате качувања, сите сместувања им се околу магистралата, не е битно дали е смештајот полево или подесно, има шеталиште брзо поминува времето раздвижено е има за шетање, битно е да не е горе, дека нозе ќе оставите.
- не купувајте покрај плажа , однапред мислете си на се, пиење и јадење, така многу пари ќе заштедите. Јас потрошив 100 евра за 10 дена, и тоа најголем дел за шетање туриве од погоре, друго за храна, вода и сувенири. 10 куни е магнет, во Сплит е 15 куни, Брач и Хвар 20-25-30 куни.
Слики наскоро, пишете прашања ако имате.