Макарска

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Макарска е бисерот на Далмација и град кој плени со сета своја убавина. Тој е лоциран на хрватското приморје, помеѓу двата полуострова Осејава и Св. Петар. Овој град има да понуди навистина многу: близината на островите Брач, Хвар, Корчула, планината Биоково, не така далечните слапови на реката Крка, Плитвичките езера, градовите Сплит, Солин, Трогир.
Макарска е град со 15.000 жители, место во кое се наоѓаат сликовитите населби Велико Брдо, Пухаричи, Котишина и Макар, населбата од која што ова место го добило името. Причините поради кои Макарска се прослави во туризмот се повеќе. Освен со убавина, може да се пофали и со интересни природни и климатски карактеристики, многубројни туристички понуди и гостољубиви домаќини.
Посетите на многуте историски градби, како петстогодишниот Фрањевски манастир, единствениот Малаколошки музеј, Институтот за планините и морето, црквата Св. Марко на Кациќевиот плоштад, Градскиот музеј, црквите на Св. Филип и Св. Петар, се вредност која дополнително ќе го направи вашиот престој во Макарска уште побогат.

Плажите во Макарска се дел песочни дел со ситни каменчиња, а зафаќаат должина од околу 60 км. Ова е многу популарно туристичко место, во кое секое лето има многу посетители од соседните острови како и туристи од сите делови на светот, пред сѐ поради прекрасните плажи, топлата но ветровита клима, спектакуларниот поглед кон планината Биоково и азурните морски води. Палмите, чемпресите и маслиновата шума му даваат дополнителен белег на крајбрежјето.




Шармот кој го има овој град, го буди чувството за авантура на секој турист. Оние похрабрите, кои сакаат да си го покачат адреналинот, можат да се забавуваат со некој од екстремните спортови како што се: веслање со кану, морско веслање со кајак, рафтинг, качување по карпи, велосипедизам, планинарење.
Макарска нуди забава за сите генерации. Бројните дискотеки, кафулиња и ресторани можат да задоволат сечиј вкус.
Дали некој од вас бил на одмор во Макарска? Да споделите импресии, мислење? Некоја информација околу сместување?
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
Изгледа интересно. Не сум бил до сега, сакаа мојте минатата година да одат, ама се предомислија, незнам зошто. Инаку имам слушнато дека цената е по солена од грција, албанија, и од кај нас за на одмор, а мала била разликата со Црна Гора. Инаку и мене ме интересира, дали се чисти плажите и што како. :D
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Во Хрватска секогаш се чисти плажите.
Јас одам во Црна Гора секоја година но мислам дека ова лето може да се посети и Хрватска.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Макарска
Со право се нарекува бисерот на Далмација.
Преубав град, има што да се види, прошета,посети.
Мештаните се многу гостопримливи луѓе, сите се знаат меѓусебе (како и во секој помал град) и на секој начин гледаат да ви ги задоволат потребите, за да им се вратите следната година.
Околу сместувањето, нешто слично на нашиот Охрид, слегуваш од автобус и на самата автобуска станица бабички очи ќе ти извадат ‘‘да не ви треба смештај‘‘, на прашањето ‘‘Дали е блиску до плажите‘‘ - умните бабички ќе ви одговорат ‘‘Ма наравно да је близу‘, па со харизматична насмевка ќе ве убедат дека 12 евра по особа е пристојна цена, за кога ќе стигнете во ‘‘фамозната блиска соба‘‘ да ве удри шок дека плажите се наоѓаат на 2 км од вас :facepalm:
Сместувањето покрај самите плажите чини околу 20-25 евра по човек, одлични апартмани со клима, ТВ, 2 тераси, и сл. Цените по ресторантите се поприлично солени, ама затоа си имаат Лидл, па може да се помине солидно и за помалку пари:icon_mrgr:
Во однос на плажите, немам зборови, преубави плажи, прозирно чиста вода, имате плажи каде се наплаќа лежалка и чадор, а има и плажи каде што можете да си поставите самите.
Јадранот си е Јадран, ама Далмација си е Далмација.(y)
Се на се, едно прекрасно место, кое вреди да се посети.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
436
Поени од реакции
273
Преголема гужва,сите херцеговци се таму на одмор,има многу поубави места на хрватското приморје но и поскапи на пр. Истра.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
мислам дека едно 15 пати (години) летував во Башко поље на Макарска ривиера. пред тебе чисто море, зад тебе планина Велебит, прекупат е островот Брач, во сеќавања ми беше добриот ноќен живот таму, кафеани, ресторани, живи музики....
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
мислам дека едно 15 пати (години) летував во Башко поље на Макарска ривиера. пред тебе чисто море, зад тебе планина Велебит, прекупат е островот Брач, во сеќавања ми беше добриот ноќен живот таму, кафеани, ресторани, живи музики....
Како се цени за сместување/храна? Некое сликиче од местото ?
 
A

Avenger99

Гостин
Бев пред 7 години некаде,преубаво место,лугето фини,доста странци посебно Германци,гужва исто така голема е на лето,ние отидовме така на невидено,таму најдовме еден човек од Босна и имаше вила малце погоре во градот и таму бевме мислам дека плаќавме 40 евра од човек,значи првиот спрат со 2 соби беше наш со кујна и wc,а вториот спрат имаше некој странци од Италија..Има добри крстарења по Јадранот(Макарска-Брач-Хвар) што не се многу скапи а мора да го посетиш посебно Бол(Брач),на излезот на градот имаш Конзум огромен маркет и во него има се и сешто,цените беа повисоки од нашите тогаш(верувам дека се и сега),меѓутоа Хрватите имаат поголем стандард од нашиот..Ако ве интересира уште нешто повелете прашајте :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Како се цени за сместување/храна? Некое сликиче од местото ?
уште беа динари кога одев :D али на јутуб и гуглето гледам дека не се промеило многу тие се плажите тие се хотелите тоа е морето а и планината и островот се уште на место, неколку пати кампирав (кампот е некои 20 минути пешки по патека покрај море од градот), целиот камп е во огромна борова шума има и продавници и чешми асфалтни патеки и продавници, и неколку пати во еден хотел а има и приватни сместувања, има на јутуб и гугле и клипови и слики барај под Basko polje
 
A

Avenger99

Гостин
Се извинувам не 40 евра по човек,него 40 евра од ден,значи 4 члено семејство ти доаѓа околу 10 евра по човек,дневно
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
Бев летото 2010 во Макарска.Симпатично гратче со гостопримливи луѓе,па уште ако им кажете дека сте од Македонија :) .Јас бев крај на август така да цените беа нормални,скоро како во Мк.Има една гратска плажа која за време на викенди кога ќе навалат викендаши од Босна и не е баш нешто чиста,така да би препорачал да ги посетувате плажите што се малку настрана.Градот ви е поврзан со автобус со Сплит(90 мин.возење),Дубровник(2 и пол саати) и помали гратчиња блиску до Макарска.Мој совет обавезно да го посетите Сплит,а Дубровник е малку подалеку па не знам за таму.
За ноќниот живот има доста кафиќи и една дискотека во карпа.
Исто препорачувам да одите на крстарење Макарска-Брач-Хвар.Околу 25 евра мислам дека беше,цел ден ,со вклучен ручек.
Од туристите најбројни се Босанците и Италијанците.
Кој има можност да ја посети Макарска.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
2005 бев прв пат Макарска, и што да кажам - преубаво, пречисто, магично.

Луѓето префини, Охриѓани ни вода не можат да им носат - тогаш, а уште помалку денес. Култура во сообраќајот на невидено ниво... и мештаните и туристите си се придржуваа до строгите правила и прописи во сообраќајот - затоа и се безпрекорно функционираше (нога на коловоз и сите кочат). :)

Цените убаво паметам беа како тогашните Скопски или со други зборови изненадно ефтини за таков бисер во Далмацијата. Храната, слуга, морето, ноќен живот, клима... топ топ топ.

Кој не бил, најтопло му препорачувам да отиде на барем 7 дена. Тука му е и Бол на Брач - кадешто исто така лудо и незаборавно си поминав. :)

Тоа е Хрватска и Хрватите, кои знаат потенцијалот правилно да го искористат. Слики можеби покасно, доколку не ме смрзи нели. :D
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.538
Поени од реакции
747
Бев само на поминување, односно на кафе додека чекав брод за Брач. Местенцето е во ред сите што биле се пофалиле, убаво е да се сместиш како база па после тоа да си одиш Бол и Хвар, Корчула, Сплит, Трогир, а ако одите преку Сплит тогаш обавезно и Плитвички Езера, тамо не сум бил, ама планирам. Посебен шмек има на Јадранот, дефинитивно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom