Магии - бу!

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
ОК, иднината се мења, али еве и да претпоставиме дека врачарите/вештерките имаат моќ да предвидуваат иднина, нели би требало да превидат и можна промена и да предупредат на истата?

Зошто да врачаат и да земаат пари инаку? „знаеш, може ке добиеш на лото али може и не. 15 ЕУР молам“ можам и јас вака.

А дозвола и данок треба обавезно, инаку може да се појават измамници кои само ке им земаат пари на луѓето и ке го црнат името на поштените врачари кои не ги лажат луѓето кои се на мака за да им ги земат и последните пари.

А чим правиш пари со давање услуга треба да следуе и данок.
Го делам милењето и фрустрацијата со тебе и јас. Ама може и на искусна врачарка да и се деси да “утне“ нешто за иднината. Поголеми настани, пример, доста е можно да останат исти и непроменливи, него само да се смени начинот на којшто ќе се дојде до нив. Не се сите како Баба Ванѓа. Начините или одлуките што се поврзани со мењање не се видливи.

Пример, некој ќе ти каже - немој да одиш на пат кон Охрид на тој датум, гледам сообраќајна несреќа. Ама ти немаш друг избор него да да заминеш баш тогаш. Несреќата пример нема да се деси. Ти не си сменил ништо, но таа особа што би ја предизвикала сообраќајката може тргнала порано, подоцна или се предомислила. Така да факторот што би го предизвикал тоа не се подудара со твоето време.

Се надевам ме разбираш.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Магијата преставува специјален програмски образец чија цел е да се прекине дотокот со свежа биоенергија до жртвата.
Што потоа може да доведе до болест или нешто друго, но овие програми народски познати како магии немаат ефект врз сите
луѓе. Имаат ефект само кај луѓе што немаат духовен имунитет.
А понекогаш ако некој се изглупира и ни фрли некое дрво изврзано со конци
и ние навистина поверуваме во тоа тогаш иако нема никаква магија, ние во себе потикнуваме самоуништувачки механизам со нашиот
ум затоа што веруваме дека нешто лошо ќе ни се случи и сами себе се разболуваме.
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.039
Поени од реакции
9.214
Го делам милењето и фрустрацијата со тебе и јас. Ама може и на искусна врачарка да и се деси да “утне“ нешто за иднината. Поголеми настани, пример, доста е можно да останат исти и непроменливи, него само да се смени начинот на којшто ќе се дојде до нив. Не се сите како Баба Ванѓа. Начините или одлуките што се поврзани со мењање не се видливи.

Пример, некој ќе ти каже - немој да одиш на пат кон Охрид на тој датум, гледам сообраќајна несреќа. Ама ти немаш друг избор него да да заминеш баш тогаш. Несреќата пример нема да се деси. Ти не си сменил ништо, но таа особа што би ја предизвикала сообраќајката може тргнала порано, подоцна или се предомислила. Така да факторот што би го предизвикал тоа не се подудара со твоето време.

Се надевам ме разбираш.
Те разбирам убаво, се што кажуваш е точно во принцип.

Но, јас ако утнам нешто на работа морам да го обештетам клијентот, нема сакам неќам, не е битно кој заебал работа, јас обештетувам па си бркам од оние кои ме зезнале. На пример дур работев во туристичка агенција, превозникот заеба работа и утнаа авион луѓето, ние им плативме нови 2 карти а после се расправавме со превозникот.

Значи твојата споредба со патот накај Охрид во суштина се сведува на моето „може ке добиеш на лото а може и не, 15 ЕУР молам“ и нема тука што да бидат посебни они и да бидат исклучени од оданочување и одговорност.

Посебно што не може научно да се докаже магија или врачање.

Дури и Баба Ванѓа утињала.

Јас лично не верувам во тие работи и поканувам за тест да ме проколне кој сака врач или да ми докаже дека има некаква моќ.

Плацебо ефект признавам, магија не.
 
1n$An3 k!|L3R

Internet Addict :)
Член од
1 март 2009
Мислења
19
Поени од реакции
1
мозжеби нема да ви се верува приказнава која ќе ви ја кажам...но верувајте не сакам да ве заплашам...но морам да ве предупредам да се пазите од магии :(

Има една жена за која се кажува дека над неа е фрлена магија.Многу е чудна и доживеала неколку несреќни љубови,во сите момчина во кои се заљубувала тие по неколку недели умирале.Не успеала никогаш да се омажи,иако била многу убава и сега е убава иако е малку стара но сепак се познава нејзината убавина,неа никој не сакал да ја земе за жена затоа што многу дечковци умреле со кои таа одела на времето .... Тоа се случило кога таа била млада момичка ... Се скарала со некое клето девојче за момче и мајката на клетото девојче и фрлило маѓија да не се омажи никогаш и секој дечко што ќе го фати да умира по неколку недели...

Ако сакате верувајте.. но ве молам пазете се од маѓиите,тие се опасна работа кои можат да му го расипат животот на еден човек!!!!!!!
 
Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.039
Поени од реакции
9.214
Се скарала со некое клето девојче за момче и мајката на клетото девојче и фрлило маѓија да не се омажи никогаш и секој дечко што ќе го фати да умира по неколку недели...

Ако сакате верувајте.. но ве молам пазете се од маѓиите,тие се опасна работа кои можат да му го расипат животот на еден човек!!!!!!!
Немој да се лутиш али по ова сме го изеле стапот како и да е. Доволно е некој да ти се налути и ти фрла магија и ти си готов.
Има одбрана? Контра магија? Вера помага ли? Или магија е најјако нешто.

Јас не верувам, не можеле да ми докажат. Познаници мои кога одат на бајачи/врачари не сакаат да ме носат за друштво дека поставувам неугодни прашања. А и мавам чат пат, до сега не ме прокполнале или можеби НЕМААТ МОЌ?
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Вчера вечер..кучето на комшијава лаеше..и сеа ја излегов на воздух..и коа ја гледам комшиката позната е по "тие" работи..праеше у воздух крстови со нож..кој к*р ќе да е ова?:ija::ija:
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Магијата всушност е негативен програмски образец односно програма која има за
цел да ги блокира свежите дотоци на биоенергија околу личноста после кое
личноста ќе биде без елан, со слаб имунитет подложна на болести и ќе има низок квалитет на живот.
Доколку личноста има духовен имунитет тогаш магијата нема ефект, и нема деструктивно да се
одрази врз личноста.
Духовен имунитет се создава преку молитва и медитација.
Овие работи постојат без разлика што живееме во време на висока технологија тие не се
ограничени ни од времето во кое живееме ниту од технолошкиот развој, или од нашето мислење за
истите.
 
Што подразбираш ТИ под магија? Не ги наведувај овие мисли као факт, затоа што они се само твое мислење. А мислења ги има многу.
Магијата е неутрална. Може да се искористи за понатамошно духовно еволуирање, за alignment со петте космички сили, за праќање здравје итн итн - а нормално и за штета. Зависи од оној што ја практикува.
 
Член од
3 јуни 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Пред некој ден на улица ми се обрати една жена - се претстави дека се вика Дарија, била позната - "вражала" на телевизија...
Гледано од антрополошки аспект тоа беше јадно човечко суштество, секако, дарено со природна грдотија. Невиновно за својот промашен генетски инженеринг во текот на животот си прибирала огромно количество невкусни доживувања, секако предизвикани од нас другите со вкусен генетски инженеринг. Сме ја мачеле, сме и се потсмевале, сме ја сожалувале, сме се гаделе... а она пустата што мислите што акумулирала? Ќе сака ли да се освети на оние кои и задале бол?
И така, она се судрила со мачнината од најраното детство, ние 'другите подоцна - што велат кога сме станале свесни дека не знаеме зашто сме родени, не сакам да умреме, има ли Бог?
Сега сите заедно патуваме низ маките нели?
Кога она страдаше, во маките нејзини ние само и до-утежнувавме, е сега она е на ред.
Па ако треба и ќе лаже и маркетиншки трикови ќе научи и ќе стрела таму каде што најмногу не боли. Ако не можете да го носите сопствениот товар, кој знам, претежок ни е на сите, дозволите и - натртете и се да ви го набие уште подлабоко.
Вистински никој не е виновен оти одговори и немаме, актуелностите се такви, па вардете се :)

*И порано се обиделе да ми пристапат ама редовно ги бркав пред да им дозволам да се изразат - оти нели - прво треба да ме прашаат дали сакам да им дозволам да ги ислушам.

Откога ја чув, еве вака логичко-математички ќе се изразам:
Жена1 тајно отишла кај некоја жена2 (оваа втората е вражарка, нели) и ми фрлила магија (се разбира уплатила пари за услугата). Е сега готов сум! Морам да и платам на неа - жена3 да ме спаси од претходните две. Без гаранција и секако во етапи спасување - секоја наредна е потешка и расне сумата.
Смечно, лукаво но опасно. Ментален напад од најдрзок и најбрутален вид.
Фармацевски пресликано кога би и возвратил со иста мера треба:
Како збори да и набијам шприц со отров и да ја боли и тоа многу - да расне болката и да се соочува со смртта своја. И да и речам дека го имам противотровот но дека ќе треба да плати. Да плаќа во прогресивни етапи за секоја доза која само делумно ќе и ја ублажи болката.

Сега бидете претпазливи кому му дозволувате да ви "помогне"
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Сега бидете претпазливи кому му дозволувате да ви "помогне"
Значи време е да си научите сами како да си помогнете, а можете! Не треба никој контра-магии за вас да прави.

What is magick?

А најлесно е преку видео! :)
Многу убаво кажа човеков! Сумњам дека некој ќе го гледа ова 3 минутно видео :coffee:
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Што подразбираш ТИ под магија? Не ги наведувај овие мисли као факт, затоа што они се само твое мислење. А мислења ги има многу.
Магијата е неутрална. Може да се искористи за понатамошно духовно еволуирање, за alignment со петте космички сили, за праќање здравје итн итн - а нормално и за штета. Зависи од оној што ја практикува.
Се што е во интерес на трансформирање на болната негативната енергија во здрава и убава енергија,
е добро.
Потоа раскрстувањето или чистењето на негативната темна енергија од човекот.
Односно за мене е дозволено се што е во интерес на љубовта, преку методи со
кои преку користење на одредена убава вибрација во чија суштина е љубовта се потигнува благосостојба кај
човек или ситуација тоа за мене не е магија и е од Бог.
Се друго е од негативниот поларите односно од Ѓаволот.
Зошто поставуваш вакви прашања кога веќе си иницирана во Реики,
со тоа се постигнува духовен развој, и тоа нема никаква допирна точка
со никакви магии.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.957
Поени од реакции
11.968
Зошто поставуваш вакви прашања кога веќе си иницирана во Реики,
со тоа се постигнува духовен развој, и тоа нема никаква допирна точка
со никакви магии.
Ova i mene me buni ponekogas :)
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Ova i mene me buni ponekogas :)
Прашај и ќе ти се појасни може ;)

Зошто поставуваш вакви прашања кога веќе си иницирана во Реики,
со тоа се постигнува духовен развој, и тоа нема никаква допирна точка
со никакви магии.
Затоа што генерализации од секаков вид ме нервираат. Реики и магијата немаат можеби допирни точки, но тоа не значи дека не се компатибилни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom