Магии - бу!

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Верувате? Демек нели, некој да ти направи магија да се разболеш (пу, пу, не дај боже), да се караш со партнерот/семејството, да се заљубиш во некого и слични работи. Старците викаат демек магии го фаќаат само оној кој верува во нив. Што муабети сте слушнале за ова?
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Имам бледа „сторија“ за магииве... на некој човек познаник инаку на 16 или 17 годишна возраст му направиле магија божем да не се ожени... и сега како возрасен негде на 35 години фатил жена ова она, не му идело се оставиле, бркал други не му идело и сега на 40 години уште е неженет... па одел на бајачки, тријачки итн итн (мижи да ти баам) и тоа му го откриле дека му била фрлена магија на 17 годишна возраст и сега божем му правеле да исчезне магијата.... :lol:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Или да му исчезнат парите и златото како во приказните од црна хроника.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
И јас сум слушнала дека магии делуваат само на оние кои веруваат во нив. Јас се двоумам за оваа работа, иако повеќе ме тера да верувам. Ако не постојат ваљда веруваме во нив за да си го оправдаме тоа што не ни оди во животот ... кој ги знае ... :?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
се е во психата, доколку веруваш во нив, тогаш и се убедуваш дека нешто што ти се случило е баш таа магија
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Магии постојат, бајачките (не баш сите) би можеле да бидат тоа, но не сум сигурен.
Бајачките се поделени се на бело и црно баење(или магија, како сакате...). Под црна магија спаѓаат уроците а под бела лекувањето на повече болести, стравоти...и вадењето на уроците од црното баење.
Не можам а да не верувам кога мојата баба ме има излечено не знам колку пати од главоболки и стравови. Дедо ми пак имаше моќ да ги хипнотизира змиите и да користи баење за да бегаат од тебе.
Инаку, мислам дека не значи ако веруваш дека си подложен на магија а ако не веруваш, дека си имун.

Такви луѓе многу пати се злоупотребувани да фрлаат црни магии на познати личности, спортисти...Не малку пати сме виделе врвен спортист да се однесува како аматер и да потфрлува во она што бил на врвот. Ова не значи дека за секое потфлување на спортистот да бараме одговор кај црната магија, постојат и денови кога едноставно не ти оди :D Вакви приказни се вртат многу па сега останува на секого да верува или не. :wink:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
Сигурен сум дека магии, вуду кукли и слични глупости не постојат.
Да можело така лесно да се контролираат спортистите, секој клуб (тим) бил има по една магионичарка, нели?

Хипнозата постои, ама магии - не. :roll:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Acid напиша:
Сигурен сум дека магии, вуду кукли и слични глупости не постојат.
Да можело така лесно да се контролираат спортистите, секој клуб (тим) бил има по една магионичарка, нели?

Хипнозата постои, ама магии - не. :roll:
Магијата не може да те направи подобар (спортист) или семоќен, но може да те урочи.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Веројатно мислеше на тоа да ги урочува противниците.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Како што ми имат раскажувано на мојата прабаба и се има направено магија.Таа живеела порано во Егејска Македонија и и имат ставено сапун во некој бунар како магија и како сапунот се топи така и нејзиниот живот завршува.Била многу млада и убава ја родила мојата баба и починала.Пред тоа биле на некој бајач и и рекол се како е но пошто тие биле прогонати од Е.Македонија не можеле повторно да се вратат на тоа место :( Дали е тоа точно незнам така имам слушано.Порано во куката и јас имам навагано секакви работи и крв,партали,конци...но неверувам дека некој ни има нешто направено мислам дека некој сакал само да не заплаши..а може и да е но досега ми се нема ништо страшно десено :roll: кој знае :?
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
и мене ми има некој направено магија, пуна ми е фиоката со конци и игли :lol: :lol: :lol: :lol: мајка ми ми прај магии не ги става на место конците после шиење :lol: :lol: :lol:

Луѓе дај бидете разумни, ко мали деца тука ке верувате во магии :roll: смешно ми е кога ке ме убедуваат дека некој на некого му прави магии
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Ху баба ху... да ви падне интернетот... Cable is unpluged :lol:

И му падна на некој интернетот ? :lol: :lol:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
vodkamixx напиша:
Ху баба ху... да ви падне интернетот... Cable is unpluged :lol:

И му падна на некој интернетот ? :lol: :lol:
тебе да ти падне :lol: :lol:

немој вакви клетви другпат, разбра :lol: :lol:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
humanoid напиша:
Магијата не може да те направи подобар (спортист) или семоќен, но може да те урочи.
Oд кај знаеш дека „работи на тој принцип“?
Како може само така да функционира?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.385
natasa напиша:
Како што ми имат раскажувано на мојата прабаба и се има направено магија.Таа живеела порано во Егејска Македонија и и имат ставено сапун во некој бунар како магија и како сапунот се топи така и нејзиниот живот завршува.Била многу млада и убава ја родила мојата баба и починала.Пред тоа биле на некој бајач и и рекол се како е но пошто тие биле прогонати од Е.Македонија не можеле повторно да се вратат на тоа место :( Дали е тоа точно незнам така имам слушано.Порано во куката и јас имам навагано секакви работи и крв,партали,конци...но неверувам дека некој ни има нешто направено мислам дека некој сакал само да не заплаши..а може и да е но досега ми се нема ништо страшно десено :roll: кој знае :?
Неколку блиц прашања:

- Кога дознале за магијата?
- Ако дознале пред да почине зошто не презеле нешто околу тоа (на пример да пробаат да го извадат)?
- Ако сето тоа со сапунот е точно, можеби воопшто не било сапун, може добила некакво труење. Може бил ставан отров во бунарот или слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom