Претпоставката кои ја форсираат дел од навивачите на Милан,оти со Неста и Пато во составот епилогот од вчерашниот натпревар би бил понаков од тој што е,се неосновани и помалку ступидни.Ај за Пато донекаде и би можело да се рече,ама за Неста дека било огромен хендикеп неговото неиграње,е тоа е....Истиот Неста кој во Милано беше само нем посматрач и директен виновник барем за еден од головите,сега е алиби за нечиј пораз,или поточно дебакл.
А тоа што тимот на Јунајтед беше десеткуван и на двата меча,тоа не се зема во предвид.На првиот меч Еванс,чија што моментална форма е повеќе од очајна,беше изборот место повредениот Видиќ,неиграњето на Гигс и на двата натпревари,којшто иако ветеран оваа година е одличен на поважните мечеви за тимот.Шлагот беше уфрлувањето на Невил на реваншот,во услови кога првите избори за таа позиција се повредени,или како во случајот на Рафаел рековалесценти.А истиот тој Невил требаше да биде лесниот залак за Роналдињо,според многу од фановите.Поентата не ми е да ги мерам пеховите на двата тима.Ама грешно е кога причината за нечиј потоп,во случајов на Милан се бара во отсуството на два играча.
Реално е да се признае дека квалитативната разлика помеѓу двата тима во моментов е огромна,исто и разликата во разбирањето на тренерскиот `занает` меѓу двајцата стратези.
Кој губи има право да се лути,ако веќе треба да ја споменам излитенава фраза.Посебно кога кај поразениот во овој случај се прекинува една пријатна традиција,и тоа со канонада од голови и фијаско од огромни размери.