Милан - Манчестер Ј.
Бидејќи сите го отпишаа Милан уште после жребката. Јас типувам дека токму Милан ќе иде понатаму. Цел свет очекува Милан да испадне? Милановото испаѓање е рамно на чудо кога светот го очекуав тоа. Бекам на Олд Трафорд? Медиумски бум. Нема да покаже ништо, ама јас потајно се надевам дека токму тој ќе збрца гол таму.
Штутгарт - Барселона
Немците барем дома можат да ги здрмааат каталонците. Типувам на кец на првата средба, а после следува пекол на Ноу Камп и Барса иде даље.
Олипијакос - Бордо
Грците се мои миленици во нок аут фазата. Бордо ми е симпатичен тим. А ќе биде тврда утакмица. Најмногу ќе зависи од тоа што ќе се случи во Пиреја. Таму Олимпијакос си ја бара среќата. Ама сепак, реално гледано - Бордо има шанса повеќе. И двата не се искусни тимови, но Бордо е посилен. Додуша, Олимпијакос на клупата го имаат Зико, па ништо чудно да се протнат и да стигнат многу подалеку.
Интер - Челси
За ова не трошам многу зборови. Мурињо го знае Челси, Анчелоти го знае Интер. Ќе биде шах партија. А кој е подобар стратег, ќе видиме после неколку потеи. Типувам на Челси, Интер не е тим за Интернационала
Баерн Минхен - Фиорентина
Баварците се протнаа некако и сега ај запри ги. Мислам дека доколку се здрави, само небото им е граница. Ако е така, црно и се пишува на Фиорентина. Виолетовите немаше да ја поминат групата ако наместо Ливерпул имаше појак противник. Мислам дека ова им е најголем дострел, иако оставам место за изенандување. Во случај Баварците да се повредени (клучните играчи), работите ќе бидат поинакви.
ЦСКА - Севиља
Никому не му е јасно како Севиља стигна до овде. Со никаква игра баш. ЦСКА има сето тоа што Севиља го нема. Игра ...
Можеби треба да му се заблагодарат на Манчестер за тоа што стигнаа до овде, ама и си заслужија. Типувам на нив на оваа утакмица и на многу повеќе.
Олимпик Лион - Реал Мадрид
Лион секогаш во групите е јак. И секогаш во осмина финале налетува на гигант. Секоја година е така. И оваа година налета на силниот Реал Мадрид. Мој тип: Лион воопшто нека не се појавува на терен.
Порто - Арсенал
Порто е според мене тим што воопшто не треба да игра ни во Интер тото куп. Како игра во осмина финале секоја година - не знам. Арсенал е доста ефикасен, а Порто се затвора. Типувам на Арсенал, на еден досаден (според мене) меч.