Олимпик Лион - Реал Мадрид
-Тежок дуел...Олимпик Лион и те како е сериозен противник за Реал Мадрид.Реаловциве потрошија милјарди,но нема така лесно да минат...Очекувам интересен дуел...За тоа кој ќе оди понатаму блага предност му давам на Реал,и минатите години беа фаворити и испаѓаа..Ќе биде неизвесно во секој случај.
Милан - Манчестер Јунајтед
-Бебињата без Роналдо и Тевез,росоњерите без Кака.Тежок дуел ќе биде.Пред 3-4 години се сретнаа и Манчестер го изеде во Милано..Не верувам дека тоа ќе се случи и овој пат.Предност му давам на Манчестер Јунајтед,иако и Милан не смеам да ги отпишам,пошто знаеме кои специјалисти се за ЛШ
Порто-Арсенал
Интересно дуелче..Порто е доста отпорен на англиски екипи,дава отпор се бори.Проблеми им направи на Манчестер и Челзи пред неколку години..Но ако Робин Ван Перси и Фабрегас бидат во топ форма тој период,и доколку неколку првотимци се вратат,мислам дека Арсенал ќе биде четврт-финалист...
Баерн Минхен - Фиорентина
Дуел на најнепредвидливите екипи годинава...Баерн беше на прагот да испадне од ЛШ,додека пак Фиорентина иако се сметаше дека нема шанси да мине покрај Ливерпул и Лион,највеќе изненади...Тежок дуел ќе биде и овој...50% и за двете екипи за влез во четврт-финалето...
Штутгарт - Барселона
Претежок меч за Штутгарт,прелесен за Барселона...Кратко и јасно...Барселона е четврт финалист...Нема што да бара Штутгарт на овој двомеч...
Олимпјакос - Бордо
Навидум лесен противник за Французите.Олимпјакос е тим кој што мислам дека нема шанси ништо да направи со шампионите на Франција..Осмина финале за Олимпјкос е и повеќе од успех...Бордо оди даље...
ЦСКА Москва - Севиља
Тешко ке биде за Русите...Севиља одлично си ја заврши работата во групите,па така и не гледам причина да ја пропушти можноста да не отиде во четврт-финале.Но ќе биде тешко за нив во студената Москва на -10 да играат.Сепак им давам предност како екипа која што ќе се избори за пласман понатаму...
Челзи - Интер
Тежок натпревар ќе биде и за двете екипи,но она што ќе го одлучи овој меч е искуството на двете екипи во ЛШ...Челзи секоја година е меѓу најдобрите 4 во Европа,додека Интер секоја година испаѓа осмина-финале.Едноставно мислам дека ќе биде сличен меч како оној Манчестер Јунајтед - Интер како минатата година...Интер дома ќе се брани и ќе чека грешка,а на Англиско тло сосема друга ќе биде приказната...Челзи иде понатака....