http://www.vest.com.mk/?ItemID=03BBA30F77702C48816A17D79C549F5E
КАКО НА ПРСТИ ДА СИ ГЛЕДАЛЕ :pos2:
ПРЕД ДЕНЕШНАТА ЖДРЕПКА ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Бекам сака дуел со Манчестер
Дејвид Бекам се надева дека Милан ќе го добие Манчестер јунајтед за противник на денешната ждрепка за осминафиналето на Лигата на шампионите, овозможувајќи му на играчот средниот ред да се соочи со својот поранешен тим за првпат откако си замина во Реал Мадрид во 2003 година. Ветеранот на Лос Анџелес галакси, кој ќе премине на "Сан Сиро" како отстапен играч до крајот на сезоната, кога ќе се отвори јануарскиот преоден рок, беше цитиран од "Газета дело спорт" како едвај чека да се врати на "Олд Трафорд" со својот италијански клуб.
- Навистина би сакал да се соочам со мојот поранешен клуб во следната рунда. Откако го напуштив (Јунајтед) во 2003 година, не сум се вратил да играм на "Олд Трафорд". Поминаа седум години и би сакал тоа да се случи. Јас против Манчестер, тоа би било прекрасно, нели - изјави Бекам.
Челзи, пак, се надева да ќе избегне судир со италијанскиот шампион Интер, кој сега е преводен од поранешниот тренер на "сините" Жозе Мурињо. Но, интересен може да биде и дуелот Челзи против Милан, бидејќи тренерот на лондонскиот тим Карло Анчелоти ќе се соочи со клубот што го напушти летоска.
Носители на ждрепката ќе бидат осумтемина победници по групи, кои ќе ја имаат предноста реваншот да го играат на домашен терен. Исто така, во осминафиналето не може да се паднат тимови од иста земја.
Победници по групи: Бордо, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Фиорентина, Барселона, Севилја, Арсенал.
Второпласирани: Баерн Минхен, ЦСКА Москва, Милан, Порто, Лион, Интер, Штутгарт, Олимпијакос.
Првите осминафинални натпревари ќе се одиграат на 16/17 февруари, а реваншите на 23/24. Ждрепката е со почеток од 12 часот.