Тоа ми е најсмешното од целава оваа ситуација. И за колку ги продадоа? За бедни 15-17 мил. евра. Па овие играчи вредат 30+ милиони евра. И не се само тие. Да не ги заборавиме и Камбијасо и Самуел кои сега се дел од одбраната и дефанзивната средина на Интер кои патем го ставија џуџето в џеб, а Реал ги даде пред 3-4 години како “недоволно“ добри за нив.
Оти не им се продаваја нивните дресови не за друго ![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
. Понатаму ситуацијата со Ето ми е многу мила исто така. Човекот го даде животот за Барса играше и ги освои двете финалиња (2006 и 2009) и буквално беше сосилан протеран во Интер. За што? За да го земат Колос од Родос и плус да му ја наполнат касата на Интер со 40 мил. евра (мислам дека толку беа?). Барса ја направи истата грешка како Манчестер со Бербатов. Таквите високи, а талентирани напаѓачи играат добро само кога се помлади (20-25) години кога можат и силно да трчаат и да се борат за секоја топка. Штом направат 26-28 години толку од нив. Спори се, ја немаат таа енергија која ќе го поддржи тоа големо тело на исто ниво како пред 5- години. И Бербатов растураше во Тотенхем и во Баер Л. и Ибра растураше во Ајакс и во Јувентус и малце во Интер ама толку им беше. Денешниот фудбал бара силни напаѓачи и пред се реализатори (Руни, Милито, Игуаин, Ван Перси, Тевез, Торес, Кујт, Хунтелар(недокажан), Бензема(го згреши клубот
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
)).
Инаку многу ми е мило за Интер и пред се за елиминацијата на Барселона. И да беше некој друг тим на местото на Интер пак ќе ми беше мило оти веќе преку глава ми дојде од тоа џуџето да го гледам како врви по 3-4 играчи и дава лесни голови? Ама против кого? Против екипи со чорба одбрана (Гетафе, Алмерија, Осасуна, Арсенал, Штутгарт).
Ама штом налета на нив некоја поздрава екипа (Манчестер, Интер, Челзи) одма поинаква е ситуацијата. Па и како очекувате некој да игра против Барселона освен претпазливо и да ја чека својата шанса. Фудбалот е сплет на тактика, добар тимски тух, индивидуалци, среќа, судиски одлуки и сл. што го носи крајниот резултат. Дека Барса игра најубав фудбал ОК тоа е во ред ама тоа не секогаш носи резултат. А тоа дека ги боли нивните навивачи ги боли оти 2 години немаа почувствувано елиминација во решавачки деул. Ама секое чудо за 3 дена. И колку сака некој да негира Господ гледа се и се се враќа мило за драго. Манчестер за она што му го направи на Баерн во 99-та беше казнет со елиминација во 1/4 финале. Не навлегувам во причините битно беше елиминиран од Баерн. На Рибери му се врати црвениот картон кој го изнуди против Рафаел (и тоа тројно
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
), а на Барса и се врати тоа што го направи лани со Челзи (судиите и Иниеста). Головите во 93 мин. имаат голема тежина и кога тогаш ќе ги почувствувате и на сопстевниот грб. И доста е веќе да мелам само на крај сакам да им честитам на навивачите на Интер и да им пожелам среќа во финалето и секако барем за тој ден, за тој натпревар, за првиот дрес кој сум го добил (Интер-за роденден пред 10 год.) и за Пандев секако тој 22 Мај ЈАС ЌЕ БИДАМ НАВИВАЧ НА ИНТЕР.:helou: