Инаку според шпанскиот весник Марка, голот на Пике беше од офсајд:
Како што рече Мурињо, играчите и навивачите на Барса имаат кратка меморија, на првиот натпревар се жалеа на гол од офсајд, на ист начин постигнаа гол дома, во меѓувреме го заборавија и црвениот картон на Мота.
Она што највеќе ме нервира е тоа што тие не можат да сфатат дека Интер не игра тотален фудбал, Интер потекнува од Италија каде што убавиот фудбал е реткост, каде што успесите и титулите се ределе благодарение на таа нивна стратегија, можеби Италија како фудбалска репрезентација не игра убав фудбал за око, можеби е една од најомразените репрезентации, ама сепак е втора најтрофејна репрезентација со 4 ѕвездички на нивниот амблем.
Како и да е, кога станува збор за Интер вчера, како очекуваат да играат офанзивно кога имаат предност од 3-1, плус имаат играч помалку на теренот, но секој со свои сфаќања, едни го почитуваат катанаџото, други сакаат да гледаат убав фудбал, таквите, нека си гледаат домашно првенство...