20 души ти рекоа дека тоа што не си налетала на маж без никаква способност (како што велиш) е само:
- последица на твоите ставови и предрасуди
- последица на твојата огорченост директно предизвикана од твоето минато
- последица на твоите нереални очекувања во пронаоѓање на „идеалниот“
- последица на лоша среќа во даден момент едноставно да не се погодило.
Кое год да ти е полесно да го прифатиш од овие погоре воопшто нема да си далеку од вистината, секое за себе си важи.
Тоа дека нема мажи или дека нема жени оди убеди некој друг. Има, само од X причини (еве ги погоре) не си налетала на тој што ќе те трпи и ќе го трпиш (да, треба и да го трпиш како мачките шо ги трпиш низ дома да ти претураат буквално сè, да ти мириса станот на мочка и насекаде да имаш влакна).
Така да, како што има за секое лонче капаче, јас воопшто не бев несериозен коа ти реков да пробаш со за секое РОНЧЕ капаче.
Таман сте директна спротивност на тоа што еден бара и очекува од другиот. Пошто како шо видовме не ви оди на двата во „токмење“ и чекање на совршениот-/а.
Е сега, дали ќе имате ригидни ставови или ќе си дадете фора тоа е друг муабет.
Како и да е, овај лепотанот од куманово е во право дека те тинтраме по темите бидејќи шо знам.... неаме попаметна работа? тука си за внимание? можда и те сожалуваме? Небитно, пак избери кое сакаш од понудените, понуди и десетто, сосема небитно.
Битно, изговорот - нема мажи е валиден колку и ланскиот снег.