Darling
High Value
- Член од
- 5 јуни 2009
- Мислења
- 14.116
- Поени од реакции
- 30.182
На прабаба ми и прадедо ми толку им била свеста, од 12, 4 деца им умреле пред да наполнат 16 години.
Значи така, ние во денешницава сме доблесни до доблесни, сите пред нас глупи прости.Па така, низ историјата каде народот живеел општо посиромашно значи сите биле себичњаци освен ние родени во модерната ера кога сме многу хумани и паметни. Така испаѓа.
Мене ми е баш језиво што смрт на чедо ја препишуваш на родителите бидејќи ги родиле а немале многу пари. Тоа време болестите кои денеска ги зимаме за здраво и готово имаме вакцини ги коселе децата ненормално, и не се особено родителите виновни што не ПОСТОЕЛА таа медицина.
Денес треба да сме многу благодарни и среќни што имаме медицина каква таква што ќе ни помогне да ги спасиме децата колку што е можно. Но истовремено не смееме да ги потценуваме нашите предци, бидејќи и они да ги имале сите овие добра денес, и они се би направеле да ги спасат нивните деца.
Секој нека раѓа кога сопствените услови ќе си ги исполни. Секој има свои услови. Јас за моите зборувам, не за твоите, не за на комшиката. Ваљда имаш некаков компас во животот по кој се водиш? Имам и јас.
За секој сегмент од живеачката, па и за имање на деца. За кои, како што реков, материјалните услови се само еден дел од оние кои јас лично за своите јајце клетки и својата матка ги сметам за неопходни. За туѓи јајце клетки не се мешам, не ме интересира.
Како да го толкувам цитатов, на кого се однесува? Лично, не е, реченицата е напишана за трето лице.Себично е да родиш дете ако не си емотивно и финансиски стабилен