Лефкада

Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
И јас се вратив пред неколку дена од Лефкада. Описот на @STEALTH во потполност го доловува она што јас го доживеав на Лефкада.
Бевме сместени во Аг. Никитас и местенцето многу ми се допадна. Шармантно, мирно, мало, со прекрасна плажа. Има се што ти треба, а плажите ти се релативно блиску. Велам релативно, затоа што до некои плажи додека стигнеш и оние 20км ќе ти изгледаат како 200км.
За разлика од повеќето мене 7 дена на Лефкада ми беа сосема доволни. Рентавме кола на 4 дена и извозевме околу 400км. Барем 2 плажи дневно обавезно менувавме бидејќи не можеме да седиме на едно место долго време. Егремни не ја видовме ни ние од проста причина што бродот тргаше од Нидри а не бевме многу расположени да мозгаме со градскиот превоз, од локалната агенција во Аг. Никитас немаа превоз до Нидри, пешки во ниеден момент не ни падна на памет да одиме. Ги видовме Агиофили, Порто Катстики, Катизма, Милош, Гиалос, Каваликефта, Мегалипетра, Аг. Јоанис, Пефкулија, Аг. Никитас.
Најмногу ми се допадна Мегалипетра, а веднаш по неа и Милош и Порто останатите онака, просечно. Мене агиофили не ми остави некој впечаток кој знае каков, а патот е катастрфален и мислам дека не вреди за патот, инаку сосема ОК.
Го посетивме Рахи, и вреди да се отиде таму затоа што погледот го одзема здивот. Зајдисонцето на Милош е исто така една од обавезните задачи кога сте на Лефкада.
По мене сосоема солиден одмор, остров со најмногу убави плажи, катастрофалини патишта, ужасни возачи.
Сепак по мене сеуште не постои поубава плажа од Миртос на Кефалонија.
Од посетените Крф, Лефкада, Кефалонија, Тасос, Лефкада би ја сместила втора, веднаш зад Кефалонија. Следното лето можеби Крит, велат дека по лепота на морето само тој може да се мери се Лефкада, не знам, ќе видиме ;)
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Фино е што имаме „рецензии“ од некој што бил на Лефкада, сместен во Левкас и Агиос Никитас, па еве да ја надополнам темава и со еден краток опис од некој што бил сместен во Нидри.
Бидејќи немам сопствен превоз, бев со агенција (сместување и превоз), во период 14.09 до 25.09. Српска агенција и тоа, бидејќи мене сеуште не ми е јасно како агенција што со превоз тргнува од Белград, во некоe исто туристичко место, во исто време од сезоната, може да биде за 30-40 евра поефтина од агенција што со превоз тргнува од Скопје. И не само тоа, аражман од 10 дена плус превоз од Белград е поефтино од аражман од 7 дена со превоз од Скопје. Апсолутно нема никаква логика, така? Е ама така е. Ги превртев сите агенции во Скопје, секоја беше поскапа од Argus Tours. Е сеа ќе кажете „Ама тие тргнуваат од Белград. А ти од Скопје до Белград? Па исто ќе му дојде на крај трошоците“ , ама нема. Бидејќи може да се качите во нивниот автобус и во Врање (100 km од Скопје), автобуска карта која од меѓуградска автобуска станица во Скопје до Врање чини 400 денари. А дури не морате ни до таму. Пошо може да се качите и на самата српска граница при излез од Србија. Ама добро... Значи вкупно 9 ноќевања му доаѓа тоа а останатото го поминуваш во автобуски превоз. Јас се качив од Белград бидејќи поради некои други причини така повеќе ми одговараше.

Аражманот ми гласеше 125 евра за превоз Белград - Нидри и назад, ноќевање во Phillipos Studios таму 9 вечери, плус осигурување. 125 евра. Ќе беше смешно да беше поефтино. Собите се ок, ние бевме сместени во трокреветна соба (третиот кревет беше користен како масичка за оставање ствари :P), имаш кујна со основни предмети (тенџере, тањири, гезве за кафе, лажици, виљушки, ножеви, шпорет, фрижидер итн итн...), WC, тераса со маса и столчиња... што знам, некако стандардно. Имаше и базен мал со лежалки околу него, добар сигнал на wifi-то, паркинг за коли и мотори. Вилата е на главниот пат во Нидри ама таман оддалечена колку навечер да не слушаш бука. Мене ми беше супер.

Е сега за Нидри. Стеалтх имаше пишано дека му изгледа напорно секој ден да возиш од Нидри до плажите кои се наоѓаат на западната страна на островот. Јас тоа не го осетив како проблем, стварно. Изнајмивме мотор/скутер од 80 cc бидејќи толку дозволуваат со само B категорија на возачката дозвола. Двајца на него, плус работи за на плажа, временски најмногу саат време што сум возел до најодалечната плажа (од Нидри), до Мегали Петра. Плус моторчено трошеше 3 евра бензин за пат од Нидри, преку Левкас, до Мегали Петра и назад по истиот пат до Нидри. Мене ми беше интересно многу, така да Нидри како појдовна точка за прошетка низ плажите на островот воопшто не го видов како препрека или било каков проблем. А Нидри е меѓу најефтините населени места на островот. Бев и во Левкас, и во Василики а бев и во Агиос Никитас. Агиос Никитас и Василики мене ми изгледаа прескапо кога ги посетив, бидејќи некако веќе бев навикнат на цените горе доле кои се движеа во Нидри. Едино поефтино за некои работи од Нидри, можеа да се најдат во Левкас. Точно дека и јас сакав да најдам сместување во Агиос Никитас, ама цените мене лично не ми одговараа, и можам да кажам дека во ни еден момент не се покајав што бев сместен во Нидри.

Моторче од 80 cc ве носи сегде на островот. Сегде. Да не зборам дека трошат ептен малку. Ние изнајмивме мотор на 5 дена, за 60 евра. И тоа му реков на денови кога мене ми одговара. Бидејќи се погоди еден ден да врне и да не можеме да идеме нигде на плажа, моторот сабајлето го вратив и тој ден не ми беше рачунат како да сум земал мотор на користење. После пак го вратив бидејќи отидовме на крстарење со брод. Вкупно 5 дена имав мотор, а 3 различни мотори возев бидејќи враќав и зимав мотор како мене ми одговараше. За мотори и коли изнајмување во Нидри има изобилие, само некои се малку курчала па као ти бараат депозит да оставиш дента кога зимаш мотор и ако случајно го вратиш оштетен, депозитот да биде задржан. Јас најдов без депозит и стварно немав никако проблем, ни со мотор ни со ништо. А вкупно поминавме околу 450 km на Лефкада. Само би ве советувал да ако сте во Нидри сместени и сакате со мотор до западните плажи (а ќе сакате :D) да одите преку Левкас (значи све по крајбрежјето на морето), бидејќи и типот што ми изнајмуваше мотор а и туристичкиот водич ни кажа дека патот не е баш најдобар кој води од Нидри кон Кариа. Ај тоа, него и рачунајте дека ако сте двајца на мотор, треба ова срање да го искачите :D

За превоз низ островот може да користите и автобуски превоз. Само што нема до сите места. Ама чисто ради инфо, сликав, па еве ако сака некој нека си испланира.

За цените одприлика што се сеќавам ете за мотор во тоа време во Септември може да се најдете за 10 - 12 евра на ден. Кола беше негде 22 - 25 евра на ден. Исто така има и квадови за изнајмување, ама не прашав цена. Леб има од 1.40 до 2.20 евра. Пиво 6 pack, Mythos од 0.33 по цена од 4.90 до 5.30 евра. На локалниот пат помеѓу селата Драгано и Атани може да најдете феноменални маслинки по цена од 4 - 5 евра за тегла. А на пример вакумирани 15 маслинки во ќесичка во маркет во Нидри е 2 евра. Кога сум кај маркети во Нидри, нив ги имате во изобилие, но најснабден и најголем е маркет ИН во Нидри. На градската плажа во Нидри имаше и две места за водени споротови. Цена за параглајдинг беше 40 евра за едно лице (15 мин те влече со брод на падобран) и 60 евра за две лица. Гиро имаше од 1.80 до 2.30 евра. Вечера/ручек во таверна со салата, пиење, месо одприлика не фаќаше 23 до 27 евра. Завиши што ќе нарачаш.

Е сега Лефкада. Островот дефинитивно поставува високи стандарди за тоа што да очекуваш од една плажа на твоите наредни одмори и места кои ќе сакаш да ги посетиш. Плажи со тиркизна боја на водата, плажи со ситен камен, плажи со песок, плажи со чиста проѕирна вода и на длабочина од 5 - 10 метра, остров со преубави плажи и планински села. Се на едно место. Единствена штета е што го држат Грци :P

За опис на плажите, најверојтно би се повторил со некои описи пред мене со сепак:

1) Агиофили
До неа се доаѓа преку пат кој доаѓа од Василики. Патот не е асфалтиран, освен еден мал паркинг на крајот од патот до самата плажа, кој се плаќа. Мој совет, имате место и на патот да паркирате ако сакате да избегнете да платите паркинг (2 евра за мотор, 5 за кола). Така правеа многу луѓе. Патот е во лоша состојба, дупки насекаде, камења од различни големини со остри ивици по должината на цел пат. Јас искрено два пати би размислил дали би одел по тој пат со сопствена кола, ама добро. Се паркираш, одиш малку пешки, and enter paradise:







Плажата е мала, има мешано песок со ситни камења, карпи од кои можеш да скокаш во вода насекаде, а бојата и чистината на водата е таква каква што не сум видел на ни едно друго место. Феноменално место.
Повеќе слики.

2) Порто Кацики
Мислам дека заради оваа плажа ја одбрав Лефкада за одмор оваа година. Ама тоа е добро и лошо. Лошо велам бидејќи мене лично не ми се допадна степенот до кој е изрекламирана и искомерцијализирана оваа плажа. Ама па да не беше, можеби немаше да дојдам на Лефада. Така да... Инаку, секој еден брод кој нуди крстарење, застанува овде, плажата е долга па има место за многу луѓе, нешто што ќе нагласам, мене не ми се допаѓа. Не сакам гужви. А дека плажата и бојата се убави, апсолутно, за тоа нема зборови. Е само овде нема песок. Воопшто. Плажата е бели камења во заоблен облик од најразлична големина. Тука и таму по некоја карпа во морето на самиот крај на плажата. Неколку пати не советуваа да не седиме во ладовината под карпите, бидејќи постојано се одронувало, така да не е ни чудо што имаше еден куп знаци за предупредување да не се приближуваш кон карпата.







3) Гиалос
Феноменално место. Долга, песочна плажа, со тука и таму по некоја карпа, чиста плава вода како и на сите други плажи на западниот брег на Лефкада. Единствено нешто што нас не ни се погоди е што предходната недела изгледа кога врнело, одронот што настанал од околниот рид, буквално го избришал патот од постоење. Значи пат немаше. Тоа се гледа дека некад тука постоело пат, ама сега го нема. Само по некоја плоча асфалт што дождот го однел. Ама сеедно решивме со моторчено да се спуштиме. Бев таму еден ден и после немаше нешто на светов што би ме натерало повторно да се спуштам по тој пат и повторно да го искачам. А инаку кога се спуштвме, милина. Огромно место а вкупно 50 луѓе дали имаше. Ситен песок и чиста плава вода. Што повеќе можеш да посакаш?



4) Авали 5) Кавакикефта 6) Мегали Петра

Патот до овие 3 плажи во поголемиот дел е истиот. Пред да стигнете до самите плажи, патот се дели на пат кон Авали и на пат кон Каваликефта и Мегали Петра. Авали е слична на останатите кои ги споменав претходно, освен што Авали има еден дел само за нудисти. Ако не сте биле, одете. Тоа беше интересно и ново искуство за мене. (не дека нема да сретнете нудисти и на некои други плажи, ама ете.)
Вака изгледа Каваликефта. Мала плажичка со огромни карпи. Некои со поголем сет на тестиси скококаа од нив, но не дај боже да те опне бран кон карпите. Толку. Тука ќе почиваш.
Мегали Петра е бисерот овде ја мислам. Плажа таман по големина, ни голема ни мала. Песок, со малку каменчиња. Карпи доволно големи за да скокаш од нив во морето. Бидејќи патот до неа е малку заебан па и немаше нешто многу луѓе на неа. По мене, најубавата плажа на Лефкада е токму Мегали Петра.





До Мегали Петра можете преку камењата од Каваликефта да стигнете, а можете и преку една козја патека уште од асфалтот да скршнете на лево (да не се симнете до Каваликефта воопшто).
Инаку јас се убив од скокање од оваа карпа на Мегали Петра, мислам дека најдобрите два дена ми беа токму на оваа плажа.


П.С. @STEALTH , дали зборуваме за истата карпа? :)

7) Катизма
Лесно достапна, па затоа и многу луѓе, кафичи и гужва на неа. Песоклива плажа, со малку камења. Дента кога ја посетивме Катизма дури имаше и свадба, венчавање на плажата. Ептен беше романтично. Но за жалост една девојка таму на плажата успеа да ми направи Катизма да ја памтам по лошо, иако самата плажа си е многу убава. Овде исто така имаше понуда за параглајдинг, за 40 или 70 евра зависи од која височина на планината сакаш да се спуштиш. А зошто некако ми остави лошо сеќавање? Затоа што девојчево во ќошот од сликата лево ладно си седеше на сред плажа и со чупалица си чупкаше пубични (или срамни) влакна од препоните. Не се заебавам. И сеа коа ќе помислам на Катизма, ми текнува на тоа :( Амеба.



8) Милос
Одлична плажа исто така. Дел песок, дел камења. Нема кафичи и лежалки, само повремено по некоја жена ќе помине со крофни. Патот од Агиос Никитас до плажата преку брдото за некои беше причина да не ја посетат оваа преубава плажа. Они изгубија. Патот е козја патека, да. Ама се исплати.



Реков дека штета што Грци ја држат Лефкада, затоа што на крајот од патеката кон Милос, само што треба да стапнеш на песокот на Милос те дочекува ваков знак (забележете како е напишано тоа на кирилица):



9) Пефкулија
Ептен фина плажа, подеднакво песок и каменчиња, лесно достапна ептен, со еден или два кафичи во близина. Едноставно не знам, можеби не е до толку посетена заради тоа што се наоѓа на ист остров со овие претходните.

Од плажи како работи кои треба да ги посетите на Лефкада би ги одвоил само овие за кои и дадов опис. Посетив и некои други, ама заради овие се иде на Лефкада, не заради Десими, Паса и некои слични на нив.

Доколку сте во можност исто така посетете го и водопадот во Нидри. Нема некој голем проток на вода, лесно е достапен и не е тежок патот до него. Но она што мене ми беше интересно околу него е што местото каде што се слева водата со тек на време се направило ко природно базенче и во екстремно ладна вода, можеш малку и да пливаш.



И за крај секако прочуениот ресторан во селото Ексантиа, Rachi Resturant. Мислев дека таму ќе платиме со бубрези за храната, бидејќи толку многу е познат. Испадна дека ова место е најефтиното од сите места каде што седнавме да јадеме во Лефкада. Обавезно да го посетите, но рачунајте дека околу 19 - 20h кога заоѓа сонцето, тогаш всушност е и најголемата гужва. Може да ви се случи и да нема место, а резервации не прават. Така да, можеби не е лошо и да одите пола до саат време порано ако сакате да уживате во прекрасен поглед.



До некое следно видување, Лефкада :motorce:
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
@Воин без Коњ

Хахахах не таа карпа, туку таа десно на сликата што се гледа, слична големина. Прво ми беше малку страв пошто не знаев колку е длабоко точно, али после се убив од скокање. Без никој околу тебе, се глупирав како киндер. Затоа и ја ставив Мегали како мој личен фаворит.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
@Воин без Коњ

Хахахах не таа карпа, туку таа десно на сликата што се гледа, слична големина. Прво ми беше малку страв пошто не знаев колку е длабоко точно, али после се убив од скокање. Без никој околу тебе, се глупирав како киндер. Затоа и ја ставив Мегали како мој личен фаворит.
Така? :D
Рипав и ја од таа „твојата“ ама оваа ми беше некако ептен лесна за да се качам на неа. Ко скаличка е. Па затоа повеќе се глупирав на оваа, а не дека не ја пробав и твојата :D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Само ја сум будала, ја послушав девојката и "кратевме" првиот пат до Петра преку карпите... Да ме скратат црнци, понапорно немав цел одмор (со фрижидерче, чадор, рогозини и остали работи). Порадо два пати ќе се качам до Милос него тоа.

Ама и другата патека се лизга, посебно ако си во влечки. За качување е мн. полесно.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
За паркинг до плажите како е? Колку се плаќа? Дали е блиску паркингот до плажите , и дали постои опција да се избегне плаќање на паркинг ? :D
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
За паркинг до плажите како е? Колку се плаќа? Дали е блиску паркингот до плажите , и дали постои опција да се избегне плаќање на паркинг ? :D
Се плаќа .5евра мислам дека беше.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.467
Се плаќа .5евра мислам дека беше.
5 евра саат или колку сакаш? Пошо 5 евра саат за кола, пример 2-3 саата на плажа 15 евра... 15 евра по 10 дена, 150 евра у ветер и магла :D Гледам никој не го спомна тој дел, или сите иделе на ризик или иделе пешки по цел остров[DOUBLEPOST=1498183141][
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.627
Поени од реакции
14.403
Јас не платив никаде, освен на Кацики. Не мора да се паркирате на паркинг кај што се плаќа, сите се паркираат покрај патот (Агиофили, Каваликефта и Мегали Петра, Пефкулија), на Катизма не се плаќаше (има покриени паркинзи со платно што се плаќаат), на Гиалос и Авали не се плаќа. За Милос ќе се паркираш на магистралниот што оди низ Аг. Никитас.
 
C

cige

Гостин
По мене сосоема солиден одмор, остров со најмногу убави плажи, катастрофалини патишта, ужасни возачи.
Нема грешка. Ако немаш мрднато подалеку од Партизанска во право си. Патиштата си се супер со нов сфалт, нигде дупки. Одлични рурални патишта.
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.262
Поени од реакции
190
Јас не платив никаде, освен на Кацики. Не мора да се паркирате на паркинг кај што се плаќа, сите се паркираат покрај патот (Агиофили, Каваликефта и Мегали Петра, Пефкулија), на Катизма не се плаќаше (има покриени паркинзи со платно што се плаќаат), на Гиалос и Авали не се плаќа. За Милос ќе се паркираш на магистралниот што оди низ Аг. Никитас.
И на кацики се паркира на патот, али тре порано да се иде, а и поголема е опасноста да те закачи некој(тесен е таму патот).
 
C

cige

Гостин
И на кацики се паркира на патот, али тре порано да се иде, а и поголема е опасноста да те закачи некој(тесен е таму патот).
На Порто Кацики има 2 паркинзи. Првиот е 5 евра, вториот е 3 евра. На првиот паркинг има еден вработен со униформа слична на полицајска и те насочува кон нивниот паркинг, ама игнорирајте го, вториот е поефтин.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
На Порто Кацики има 2 паркинзи. Првиот е 5 евра, вториот е 3 евра. На првиот паркинг има еден вработен со униформа слична на полицајска и те насочува кон нивниот паркинг, ама игнорирајте го, вториот е поефтин.
Пред 2 години тој паркинг лево беше земјен... за 2еур разлика цела кола ќе ти биди прашини
Ваму барем асфалт е, а и двата ти се на сонце, сенки нема...

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
C

cige

Гостин
Пред 2 години тој паркинг лево беше земјен... за 2еур разлика цела кола ќе ти биди прашини
Ваму барем асфалт е, а и двата ти се на сонце, сенки нема...

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Лани и двата беа асфалтирани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom