Лефкада

Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Се вратив пред ден ипол, па да пишам што и како.
Стигнавме сабајле во 8, жив човек низ Лефкас (главниот град), каде што и сакав да се сместам. Никогаш во живот не сум одел некаде на недоговорено сместување и не знам ни како да барам, зошто немаше никој на улица. После саат и нешто скитање и едно 20тина ohi ohi ohi, најдовме сместување, за мене прифатливо со цена. За двајца плаќавме 40 евра од ден, што за ек на сезона е океј.

Ако сте без превоз, не правите ништо на Лефкада, тоа ви кажувам од старт. Ако сте сместени во Агиос Никитас, ќе одите на плажа таму, ќе одите на Милос и на Катизма. Ако сте сместени Каламици, ќе одите Мегалипетра и Кеваликефта, ако сте Василики, ќе одите Агиофили и тоа е тоа. Во принцип, островот е прилично голем и верувам дека е напињање да одиш секој ден со афтобуси (превоз на островот) од плажа до плажа, со оглед на тоа што плажите се доста оддалечени една од друга.

Да почнеме со превозот, ќе повторам ако немаш превоз, не очекувај ништо освен смртно малтретирање со (граЦки) превоз од едно до друго место. Такси мислам дека е прескапо, со оглед на тоа што такси се вози само Мерцедес Ц класа 2014/15 година. За рентање, другар кој беше без кола ренташе Фиат Панда, 40 евра од ден, плус гориво, така да, не е и тоа баш пријатна опција. За мотор, не би препорачал АМА БАШ ИЧ, зошто тоа грците не знаат да возат. Одма би им земал возачка на сите, матер да им ебам. Абе за кур не ги бива, само очекувам некој да ми улета у крило додека возам. На кружен тек, седи внатре и ми дава предност мене да поминам. Ептен се хаотични. За гориво, би рекол прилично скапо. Јас отидов со помисла дека е остров и дека нема плин, зошто сум на плин па наполнив кај нас и полн резервар бензин ама среќа имаше. Среќа, зошто и покрај тоа што беше скап 70 центи по литра (кај нас е некои 40тина), бензин 95ка беше 1.55, што е околу 100 денари. Јас го свртев буквално цел остров уздужи-попреку, направив околу 650-700км за нецели 9 дена а знам дека да бев без превоз, ќе бев отиден на третина од плажите.

Цена за храна, не знам што да кажам. Лидл имате само во Лефкас, Лидл кој и не е баш евтин а и не ни купувавме ние нешто многу таму пошто беше на другиот дел од градот, на излезот кога одиш накај Нидри. Вака по рандом маркети и трафики е прилично скапо, ем дека е сезона, ем дека е остров, барем по моја логика.

Сместување, ако планирате во сезона да најдете сместување во Агиос Никитас, мислам дека никад нема да најдете за повеќе од 2-3 дена, што им е луфта од резервација до резервација. Ако си без кола, сместување таму, за да повеќе плажи ти бидат поблиску. Ако сакаш да биде најблиску од најдобрата плажа (според мене), тогаш сместување Василики, за да бидеш блиску до Агиофили. Ако сакаш ноќен живот, само Лефкас, зошто сфе друго е село, освен да кажеме Василики ама споредбено Лефкас со Василики ти е ко да ги споредуваш Охрид и Пештани, помалку или повеќе. За Нидри не ни сакам да зборам, бев на плажа 2 саати, станав и си отидов. Да отидеш на Лефкада и да си таму сместен мислам дека го промашуваш филингот на островот, во целост. Не сакам да потценам некој што бил таму, тоа е само мое сфаќање и заклучок, плус некој можеби и нема финансии да плати сместување на друго место затоа што мислам дека има добра разлика од цени за сместување на западниот и источниот дел од островот.

Плажи според мене кои мора да ги посетите се Пефкулија, Милос, Мегалипетра, Кеваликефта, Егремни, Порто Кацики и Агиофили. Тука ќе ги додадам Катизма, Агиос Никитас, Скала Гиалоу (која е нудистичка, немаше еден облечен човек, сфе голи цициња и мадиња), Агиос Иоанис и Нидри, задњава најмизерна. Тоа се плажите кои ги посетив, па можам да кажам збор два за истите ако некој го интересира.

Дали Нидри е многу поефтино за смештај од Василики и Агиос Никитас?
Поефтино е ама не е којзнае колку, според тоа што го видов и ако одиш Нидри, како што пишав и горе, нема да заштедиш нешто мнооогу повеќе (пример, ако на западниот дел потрошиш 500 евра, ваму ќе потрошиш 430, зошто во глобала тие се цените) а нема да видиш ама баш ништо.

Кои бензински ги препорачувате во Грција?
Исто ти е, сите ги имаат истите цени (три до пет центи разлика).

Ќе одам на Лефкада во Септември. Прашањето ми е: Да се сместам во Агиос Никитас или Василики? Посекако ќе изнајмувам таму скутерче, па би сакал да прочитам совет од некој што бил таму, подобро појдовна точка да ми биде Агиос Никитас или Василики?
Ако сакаш да си блиску до повеќе плажи, оди Агиос Никитас, ако сакаш да си сместен до најдобрата оди во Василики. Јас би ти препорачал Агиос Никитас, зошто си блиску до Пефкулија, Милос, Катизма, Мегали Петра, Кеваликефта и релативно блиску до Порто Кацики, што се' и едни од подобрите плажи на островот. За да одиш до Агиофили ќе треба еднаш да испатуваш малку подалеку. Доколку си Василики, ќе бидеш блиску до една а за другите ќе треба да патуваш малку повеќе. Ако ти е за ноќен живот, ни таму ни таму, само Лефкас, главниот град.

Јас ќе ви одговорам.
Никитас ако ви е и за излегување навечер пошто главниот град е блиску, Василики е на сосема спротивна страна на островот од главниот град. Ако не ви е проблем возење одете и таму.

Јас ќе одам здравје на крајот на август и ќе барам сместување во Агиос Јоанис, тоа е место т.е предградие на главниот град измеѓу него и Аг. Никитас. Таму имате повеќе избор на сместување и е сосема одлично средено скоро кај сите. Исто и за паркинг нема проблем како во Никитас.



Еве ви и три корисни линкови. Последниот е ептен активен српски форум со секакви информации за секаде.

http://lefkadausrcu.com/

http://www.lefkadaslowguide.gr/en/business/accommodation/rooms-for-rent-studios-apartments/

http://www.putovanja.info/forum/forum/36-lefkada/
Супер е Агиос Иоанис, имаш милијарда вили, не се кренати у ваздух со цени ко што можев да приметам, блиску до Лефкас, би рекол во самиот град, ко две населби да се, споени една до друга.
Зошто си решен да одиш, ако ти треба било каква информација, пиши.

Agios Nikitas. Malo plazice,mirno mesto,samo na taa plaza nema veter od cel ostrov. Posle 10 saat navecer mrtvilo. Barem si poblisku do ostanatite plazi i gratcinja. Vasiliki odat luge sto sakaat da edrat = duva celo vreme, moreto ko vo Dojran, odis 300m i pak plitko. Za da odis od Vasiliki do Nidri,treba cel ostrov da go kruzis,a patcinjata se tesni planinski,istocniot del ne e prooden.
Мала плажа, ко да си на Лагадин, мене не ми остави ама баш никаков впечаток. Плус, во врска со ветарот, ја забораваш главната без ветар и без бранови, Агиофили. Плажата на Агиос Никитас не смее да се стави во иста реченица со Агиофили.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.795
Ако некој бара ноќен живот и да лумпува до 5 саат сабајле , нема шо да бара во Лефкада.

Островчето ти е нешто меѓу младечки одмор и пензионерски , најди златна средина овде.:D За фамилија е супер дестинација , нормално ако немаш проблем од голема вожња. 1120 километри во двата правци , плус 500 извртени таму , над 1600 километри извозени за 15 дена. И да , Лефкада ти е едно од малкуте места каде што нема да ти досади дури и после голем одмор од 2 недели. :) Секој ден имаш различна дестинација да посетиш , дури препорачливо е да одите најмногу 2 пара , идеално е само 1 пар, оти од многу желби на големо друштво секој ден ќе имате препирки каде попрво да одите. :)

Незнам за оваа сезона али лани цените беа прилично добри. Нормално , се зависи од буџетот кој можеш да си го дозволиш али имаш простор да калкулираш. Ние за двајцата за фул одмор од 14 вечери , значи смештај , јадење , гориво за колата , едно крстарење , потрошивме нешто ситно над 1200 евра. Во оваа цена мислам значи стварно лежерен одмор , без да пуниш торби јаденици и салати и заледено месо во фрижидер за да правиш скара таму. Буквално си пакувавме само алишта , 2 кг кафе , 2 лежалки , 1 голем чадор и толку. Јадење од овде земавме само за првиот ден , по пат што се вели. Подели ја сумата на 14 вечери колку што бевме , ти доаѓа околу 85 евра од вечер за пар ал инклузив , или по 42,5 евра дневно на човек. Нормално , неможеш секој ден по ресторанти да јадеш , мораш и со Лидл да калкулираш , али ако знаеш да си направиш есапот можеш од се по нешто да си дозволиш. :)

Дефинитивно местото е препорачливо за луѓе кои сакаат авантури , вожња , и поезија од плажи со зајдисонце како шо го опишуваат најголемите поети. :P
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Нели е многу 14 вечери во Лефкада бе? Ја максимум 7 вечери на такво место.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.382
Поени од реакции
38.795
И на мене ми изгледаа многу пред да одиме , али брзо поминува времето ако планираш на секоја плажа да одиш и да го прошеташ цел остров. :) Се е до тоа како ќе го распоредиш врeмето , ако тупкаш се на исти места и за недела дена ќе ти стане досадно.
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Плажи според мене кои мора да ги посетите се Пефкулија, Милос, Мегалипетра, Кеваликефта, Егремни, Порто Кацики и Агиофили. Тука ќе ги додадам Катизма, Агиос Никитас, Скала Гиалоу (која е нудистичка, немаше еден облечен човек, сфе голи цициња и мадиња), Агиос Иоанис и Нидри, задњава најмизерна. Тоа се плажите кои ги посетив, па можам да кажам збор два за истите ако некој го интересира.
Прво, фала многу на информативен пост! Дефинитивно ми одговори некои прашања! Второ, нудистичката плажа е таа малку северно од Агион Никитас, така? И трето, стави некоја слика ти шо си сликал од плаживе, за прв пат во живот сакам некој да ми направи лиги, едвај чекам да отидам :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Па отвори слики на Гугл мапс, не лиги, езеро ќе направиш...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Прво, фала многу на информативен пост! Дефинитивно ми одговори некои прашања! Второ, нудистичката плажа е таа малку северно од Агион Никитас, така? И трето, стави некоја слика ти шо си сликал од плаживе, за прв пат во живот сакам некој да ми направи лиги, едвај чекам да отидам :)
Ај ќе ти пуштам по порака, да не ги закачувам тука :)
 

Воин без Коњ

краток и јасен
Член од
18 септември 2010
Мислења
850
Поени од реакции
1.213
Па отвори слики на Гугл мапс, не лиги, езеро ќе направиш...
Сум ги видел брат, верувај ми, повеќе пати :D Онака сакав да видам од оваа година, ама добро ај, да не замарам.
 
C

cige

Гостин
Ќе одам на Лефкада во Септември. Прашањето ми е: Да се сместам во Агиос Никитас или Василики? Посекако ќе изнајмувам таму скутерче, па би сакал да прочитам совет од некој што бил таму, подобро појдовна точка да ми биде Агиос Никитас или Василики?
Букирај си апартман во некое помало населено место, многу е поефтино од Нидри, Никитас, Василики. Посекако кај и да си сместен не можеш пешки да одиш по плажите.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Ние планираме во септември Лефкада, бидејќи планот е од 7 да одиме, се надевам дека ќе биде топло ;).
Смештајот најверојатно ќе биде Агиос Никитас а во план е да изнајмиме моторче. Верувам дека откако успеавме пред некоја година Кефалонија да ја извозиме со моторче, Лефкада нема да ни претставува проблем, па сега ќе видиме како ќе испадне.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Aко не е тајна, колку потрошивте лани за двајца (со се) и каде бевте сместени? Малку оф топик, али сакам догодина да одам за Кефа...
 
V

viktora

Гостин
Да прашам,на слепо да идам да барам смештај после 13 Авг дали лесно се наоѓа?Од прилика што парички е за двајца?Првпат би одел па добро би ми дошло некој инфо.А да и патот каков е?
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
855
Поени од реакции
322
планирам крај на септември
каква е водата? температурата?

имате нешто коментар?
како е превозот јавен организиран вон сезона, како се цените вон сезона? знае некој нешто да сподели?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom