По прочитаниве страни на темава и моето видување на европското јас ќе донесам пар заклучоци.
1.Да тргнам од вас селектори и селекторки,вие сте класичен ужас со уште поголемa доза на мизерија.Коментирате за нешто за кое што немате благе везе,т.е знаете исто колку што знае и нашиот драг циркузант од коментатор Игорче.Нити вие ниту тој не е крив што секој во нашата банана држава си зема право да суди во било кој сегмент и област од животот и тоа што не опкружува.95% од луѓево што пишале на темата, не знаат а нема ни да знаат како би ја поправиле играта или кои се вистинските недостатоци.АКо знаете да споредувате бројки,тоа не ве прави попаметни од тој што седи на клупа или пак подобри.Тоа ќе ви го докажам во точка 2.СЕкој има право на коментар,живееме во демократско општество ама како што реков тоа не ве прави стручњаци.
2.Првенствово помина како што и очекував,дури и подобро.Мое видување беше дека нема ни да победиме ниту една екипа,а камоли србија.Тоа се должи на фактот што играат 7 играчи цело време,половина од тие 7 имаат над 30 години и истите не можат да направат изненадување бидејќи тоа веќе било приредено.Прва грешка на овој селектор,како и на претходниот е што и двајцата не го користеа целиот ростер и зимаа играчи колку да се прошетаат и да го видат првенството од една боље позиција за разлика од обичните граѓани кои што си плаќаат карта или гледаат пред телевизор.Втора грешка поради која што го загубивме толку мечеви е што има фаци во репрезентацијата што мислат дека се господ или нешто повеќе и глумат мафијаши.Ти пријателе си играч,чим си прифатил да играш,ќе го правиш тоа како што ти свири диригентот,во случајов селекторот.Доколку не ти се свиѓа нема да прифатиш и нема ниту да играш.На никој не му треба човек што повеќе одмага отколку што помага.Тоа значи дека на тајм-аут ти треба да ќутиш и да слушаш,а потоа да го одиграш тоа што било побарано од тебе,а тоа не е сигурно 12 шута за 3 со реализација од 20%,или играње на 6.75 ко муви без глава.Не може тука никој да ме убеди,дека немало увежбани минимум 5 акции каде што секогаш останува сам човек на било која позиција.
3. Марин : Пипан
Статистиката вели 4:21,но реалноста е сосема нешто друго.Првиот отиде на првенство каде што имаше повеќе шанси некој од нив да добие 7мица на лото,отколку да бидеми 4ти во Европа.Се поклопија коцките,не служеше среќата,немаше меѓусебни караници и препукувања,немаше нба ѕвезди и wanna be нба ѕвезди.Сите отидоа со мисла да играат и да не се замараат што ќе направат,од меч во меч си дојдоа до тоа што дојдоа.Ако се сеќавате во таа 2011 година Македонија имаше 2 акции за напад.Едната беше изолација за Мекелеб,а другата пик-ен рол со самарџиски или антиќ при што топката или се исфрлуваше на 6.75 или Мекелеб завршуваше до крај.Формата на играчите од тогаш до сеа е видно падната,додека егото им е рипнато дупло.Исто така и на тоа првенство имавме дефицит на скокови и се тресевме под обрач кога шутираа противниците и имавме ужасен процент за 3.
Вториот селектор кога ја презеде репрезентацијава имаше играчи постари за разлика од тогаш.Клучните играчи глумеа фаци и се одмараа од напорната сезона и на припремите се приклучија подоцна,без оглед на фактот што имаат друг тренер и треба да се вклопат во тој концепт.На припремните утакмици Чековски изигра на едно или повеќе нивоа од другите не заради тоа што е толку добар,туку затоа што веќе ја познава играта која што ја бара Пипан.Поминаа припремните утакмици,се спремија веќе спремните,а другите се приклучија подоцна.Како и што мислев , играчите од кои највеќе се очекуваше се заморија уште на првиот натпревар па после се вадеа со алиби муабети: судии,судии,судии,не ни беше денот.НЕ пријателе категорично НЕ.ТИ СИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ,НЕ ТРЕБА ДА ДОЗВОЛИШ ЕДНА СУДИСКА ОДЛУКА ДА ВЛИЈАЕ НА ТЕБЕ И ТВОЈАТА ИГРА,ТИ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА ГО ПРУЖИШ ТВОЈОТ МАКСИМУМ,ТОА Е ТВОЈА РАБОТА.Исто ко што на нас обичните граѓани ни е должност секој ден да се појавиме во 8 на работа и да си го сработиш делот за тој ден,шефот не го интересира дали тебе вчера жена ти не ти дала,или ти направила пинџур место месо за ручек,или дали бебето ти плачело цела ноќ и си требал да го чуваш.Ако се вадите со тоа дека и тие се луѓе,ова погоре крајно ќе ве демантира.Селекторот им укажуваше на нивнити грешки во играта на секој ебан тајм-аут,а тие му возвраќаа со истите грешки.Епа кога мене не ме ебе никој,и не ме слуша иако ја сум ставен таму за тоа тогаш што очекувате повеќе ?
Пројде Европското,пројде се.Се надевам дека луѓево ќе се освестат и ќе сфатат кои ни се границите,ќе сфатат дека треба да се вложува во младината,а не да се моли некој со 36 години ( кој игра многу подобро од помладите,жалосно) да се врати во репрезентацијата.Затоа луѓе како Врбица ќе си одат,ќе си одат уште многу други способни ама вие нема никогаш да сфатите што е работата.За вас е важно само резултати резултати и резултати.Да и мене ми е важно тоа,не викам не,ама со ваков пристап на играчите кој што е крајно безобразен и непрофесионален,ова е епилогот.Толку од мене,а вие барајте го бугарот назад во секоја можна прилика.
Ранетиот лав е најгневен,но што правиме со лавот ако е пичка ?
И за крај едно прашање,на колку кошаркарски натпревари сте биле во земјава да погледнете во текот на годинава и минатата година ?