Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Еден странец не е страшно да имаш во тимот. Не гледам како тоа негативно би се одразило на репрезентацијата. Кога можеше една Шпанија Ибака да го натурализира, а ги има под кошевите браќата Гасол, сигурно не е грев ние еден солиден центар да донесеме. Можеби и ќе ја закуца топката од време на време...
Ние постојано имаме по еден странец веќе 10-тина години наназад. Го памти ли некој Рајан Стак? Еден Американец од нивни седум стапки што личеше на Курт Кобејн. Или Кенион Џонс, кој траги(коми)чно го изгуби животот по само два-три натпревара. А Вашингтон? А Мејси?
Да, помогнаа многу, посебно последниот странец Мекејлеб, но која е поентата ако секоја генерација има по еден натурализиран играч? Едно место помалку за наш млад играч, кому токму играта на тоа место може да го донесе на нивото на оние што ги „купуваме“.
Репрезентација на Иксипсилон. Значи, Иксипсилон се презентира itself. Се збираат најдобрите Иксипсилонци и ја претставуваат својата земја.
На времето, ние и наша маала ја презентиравме. Не ни паѓаше напамет да викниме некој од Воска да игра со нас, ако видевме дека е појак
Ова како да стана мода. Можеби ФИБА треба да ја ограничи натурализацијата