Ми се допаѓа изгледот доста посебно гумите, се надевам дека ќе биде барем приближно толку добра колку и старата нива...
За почеток да се разбереме , ова е нова генерација на Лада Нива на Шевролет , од некаде 2000 и некоја Шевролет го купи брендот на Нивата и пушти на пазар своја Лада Нива со исти мотор , мењач а со друга школка ru.wikipedia.org/wiki/Chevrolet_Niva , додека Ладата Нива што ние ја знаеме продолжи да се произведува под име Ваз 2123 . Видов неколку вакви Шевролет Ниви , малку е подсредена внатре инаку се друго е исто . Од кои причини не се продава надвор од Русија , не ми е познато. Најверојатно тоа е регулирано при продажбата на брендот. Од ова може да се заклучи дека ова што го гледате на сликата тешко дека ке дојде кај нас.
Што се однесува до квалитетот на Нивата , од 20+ годишно искуство можам да кажам дека таа 100% си ја оправдува целта за која ја купуваат , е сега не е комфорна ама врши работа .