- Член од
- 26 март 2011
- Мислења
- 659
- Поени од реакции
- 667
Ние бевме на Крф 2009, сместени на Ипсос. Од погоре опишаното можам да кажам само дека ништо не е сменето. Единствено што членот погоре ја пропуштил по мене најубавата плажа, Нисаки, ептен мало плажиче со бели камчиња и тиркизно плава вода. Се наоѓа одма после Барбати во правец на Сидари.Како е за превоз ако не идеш со кола а си сместен во Ипсос? Гледам дека има Зелен и Плав автобус. Добро ли се организирани ? Некој совет за да не се плаќаат вишок дупли карти ?
Исто уште една плажа која спаѓа во маст сее е Сансет бич, се наоѓа малку после Сидари во правец на палеокастрица. Зајдисонцето од таму е магично.
Ние рентавме скутер кога бевме, и цел остров го прошетавме, во некои прилики и подобра опција од кола бидејќи лесно се наоѓа паркинг за скутер, а и не мора да чекаш долги редици кога ќе заглавиш во сообраќај. Сосем сме задоволни. Често пазаревме во Лидл, кој го има во главниот град и е блиску доколку си сместен во Ипсос.
Нешто што исто така вреди да се посети, тврдината на Ахилеон. Мислам дека 7 евра беше влез. Над палеокастрица има манастирче со убав поглед, над Глифада (или палеокастрица не сум сигурна) има прекрасен видиковец каде има изградено како бар со многу убав базент. Влезот и користењето на базентот беше бесплатно, а погледот одозгора одземаше здив. Исто така во Керкира има еден видиковец кој се наоѓа кај аеродромот. Авионите буквално ти слетуваат над глава, интересна глетка.
Тоа е во моментов што ми текнува, од мене топла препорака.